Mindhunter

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Дали оваа сезона е добра и релативно надпросечна? -Да.
Дали е на исто рамниште како и првата? - Не би рекол.

Премногу избрзано некако се издешаваа работите, пребрзо ги интервјуираа убијциве и на менсон доста малце време се посвети. Баш тие разговори беа подолги и по in-depth што би се рекло во првата сезона, тука беа многу на трчање. Тоа е мој дојам.
Малку на моменти се осети и влијанието од true detective (1 сезона) што серијава несомнено го има.
Ја одделија и и доделија сосема нова улога на професорката, што мене лично не ми се допадна, и едноставно ликот беше sidelined со нејзината љубовна авантура, прича што беше искористена доста често за непотребни и неповрзани филери.
Се на се и вторава отскокнува од просечноста, ама некако потфрли во однос на првата сезона.
Тоа е мој впечаток.
 
Последно уредено:
Прочитав вчера дека ја планирале за пет сезони и дека стварно толку ќе имала.
 
Тиња крај.


Загинав на сценава особено на "I think we've been made".
 
Мене до средина на сезоната ми се свиѓаше балансот меѓу интервјуата и случајот со децата, ама после кога се фокусираа само на децата не ми беше тоа тоа, иако пак си беше ок. Ми фалеа интервјуа повеќе.

Ако не се лажам, до денес само за тие двете убиства е осуден тој.
 
Ако не се лажам, до денес само за тие двете убиства е осуден тој.
Да да, само за тие две убиства е осуден, за убиствата на 23 од децата е осомничен. Оваа година ги имаат отворено пак случаите, со надеж дека технологијата ќе помогне да се решат.

 
Само мене ли ми е скроз напорна жената на Бил? Не памтам од првата сезона дали толку на нерви ми одела, не ја ни покажаа многу што се вика, али сега ми ствара некоја нервоза кога и да ми се појави. Значи напаст.

Имам уште три епизоди и сега случајот со децата е примарен. Интервјуата се тие, нема сите да се ко Кемпер зборливи и да им се добар извор на инфо, али не ми се допаѓа што не ги води Холден.
 
Жена му на Тенч е калапот на секој втор Македонец. Во denial за проблемите и што ќе кажат комшиите синдром.
 
Да решаваш сериски убиства од голем калибар, а да си немоќен да си го средиш...се насе, првата сезона беше повеќе сконцентрирана на развој на овој дел од крим науката, како полудокументарец. Оваа сезона се развиваше дејствие од нула со искуството од претходните истражувања. Лике ит
 
Жена му на Тенч е калапот на секој втор Македонец. Во denial за проблемите и што ќе кажат комшиите синдром.
На пола од втора сезона сум и уште не сум видел што е пишано на темава (spoilers) ама муабетов е скрос он поинт. Би додал хистерична како секоја втора, без навреда :D
 
На пола од втора сезона сум и уште не сум видел што е пишано на темава (spoilers) ама муабетов е скрос он поинт. Би додал хистерична како секоја втора, без навреда :D
Така си е, нема лутење :D
 
Го ослободиле цел кастинг од договорите поради Финчер, прашање е дали некад ќе има трета сезона, а ако евентуално има, богзнае кога истата ќе биде реализирана.
Причина е распоредот на Финчер и проектите што ги планира во иднина, еден од нив на Нетфликс.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom