Mindhunter

Донев

На одмор
Член од
9 мај 2008
Мислења
32.719
Поени од реакции
46.738
Mindhunter е нова крими драма серија од Нетфликс. Првата сезона излезе пред некој ден. Се работи за FBI агенти кои пробуваат да навлезат во мозокот на сериски убијци, да сфатат како размислуваат и што го предизвикало нивното однесување, што би им помогнало во понатамошните случаи. Базирана е на книгата Mind Hunter: Inside the FBI's Elite Serial Crime Unit, а дејствието се случува во доцните седумдесети.

Јас вчера ја почнав без никакви очекувања и ептен позитивно ме изненади, па денес би требало веќе да ја изгледам. Ептен е квалитетно направена и снимена. На почетокот малце ме потсеќаше на првата сезона од True Detective. Ако ве интересираат такви мрачни крими серии, сметам дека дефинитивно вреди да се погледне и оваа. Веќе имаше коментари на општата тема, па еве со сопствена тема ќе може да ја забележат повеќе луѓе.

Кој друг почна да ја гледа? Како ви се свиѓа?

 
Член од
5 април 2012
Мислења
7.572
Поени од реакции
8.233
Јас сум веќе на 6та епизода. Всушност главната приказна во серијата не е решавање на убиства туку развојот на секторот за behavioural science односно изработка на профил на убиец во ситуација кога нема физички докази.

9/10
 

Донев

На одмор
Член од
9 мај 2008
Мислења
32.719
Поени од реакции
46.738
Јас сум веќе на 6та епизода. Всушност главната приказна во серијата не е решавање на убиства туку развојот на секторот за behavioural science односно изработка на профил на убиец во ситуација кога нема физички докази.

9/10
Тоа ми е интересно, што и покрај главната приказна за запознавање со однесувањето на таков профил луѓе, вметнато е и решавање актуелни убиства преку помагање на локалните полиции кај што одат, и сето тоа е одлично вклопено со знаењето кое го добиваат од овие со кои разговараат.

Ко што читав, се очекува и втора сезона.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
83.205
Поени од реакции
190.270
симната е ама викендов работен испадна... ќе ве стигнам наредниот :)
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.539
Поени од реакции
817
Ја изгледав првата епизода, ама ова изборите ја развлекоа работата, па неможев да ги изгледам останатите. Лично не ми се свиѓа овој нефликсов Бинџе формат, сите епизоди наеднш. Си гледам онака по една епизода секоја недела од повеќе серии што ги пратам оваа епизода. Од првата епизода немам некои големи импресии, но останува да видеме. Исто така препорака за Алиас Грејс, нова Канадска серија снимана по книгата на Маргарет Атвуд (Хендмеид Тале) по вистински настан од колонијалниот период на Канада и Абсентиа со Стана Катиќ.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
26.035
Поени од реакции
43.052
Да не го напишавте насловот на серијата, ке мислев дека зборите за Criminal Minds...
 
Член од
5 април 2012
Мислења
7.572
Поени од реакции
8.233
Ја завршив и во целина првата сезона е супер. Ретко се среќава серија каде што сите главни ликови се фасцинантни
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
18.017
Поени од реакции
28.923
Hm... pa ne mi ostavi bas nekoj vpecatok. Ja izgledav cela.

- Nema nekoj shock value, da, kvalitetna e i ne mora da ne vozat so tvistovi i cliffhangeri, ama sepak nesto sto ke ostavi impact falese, nesto po sto bi ja zapomnile prva sezona. Sepak Fincher neli...

- Character development 0, toa moze da go prepisam i na formatot binge watching no sepak... likot na holden prebrzo i isforsirano go dovedoa do tamu kaj sto e, pa panic attackot na kraj duri mi bese smesen, a toa najverojatno bese rezultat na bezveza hemijata pomegu nego i devojka mu, dijalozite mi bea cringy i smesni celo vreme, ko da se potrosile pisuvacite na ubijcite pa potoa tim 2 dopisuvale. Samo toj lik imase razvivanje i failnaa. A zenska mu postoese samo kako tabla za nabacuvanje muabeti. Partnerot mu mi bese flat line celo vreme. A Ana Torv ja vidov 5 pati se na se. Loso razvieni, ne socuvstvuvav so nikoj, tesko da navivas... A sepak Fincher neli.......

Ama sepak ne e losa, solidna i kvalitetna produkcija, tonot na serijata go sozdrzi Fincher nasekade, duri homageot za fight club go obozavav, koga patuvaa i davaa blic sceni, single serving sugar, single serving toothpaste, single serving friends, lose an hour, gain an hour... Glumata odlicna isto...

Se na se 7/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
14.193
Поени од реакции
22.282
Го има проблемот што го имаат и други нови серии, особено од Netflix: квалитет, но не доволно интересна.
Но тоа е, се става фокус на други работи.
Ја изгледав за 2 дена.
 
На врв Bottom