Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.551
- Поени од реакции
- 52.343
Mindhunter е нова крими драма серија од Нетфликс. Првата сезона излезе пред некој ден. Се работи за FBI агенти кои пробуваат да навлезат во мозокот на сериски убијци, да сфатат како размислуваат и што го предизвикало нивното однесување, што би им помогнало во понатамошните случаи. Базирана е на книгата Mind Hunter: Inside the FBI's Elite Serial Crime Unit, а дејствието се случува во доцните седумдесети.
Јас вчера ја почнав без никакви очекувања и ептен позитивно ме изненади, па денес би требало веќе да ја изгледам. Ептен е квалитетно направена и снимена. На почетокот малце ме потсеќаше на првата сезона од True Detective. Ако ве интересираат такви мрачни крими серии, сметам дека дефинитивно вреди да се погледне и оваа. Веќе имаше коментари на општата тема, па еве со сопствена тема ќе може да ја забележат повеќе луѓе.
Кој друг почна да ја гледа? Како ви се свиѓа?