Минато, сегашност или иднина...

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Со минатото не се замарам, живеам во сегашноста и размислувам за иднината.
 
Темата ми е многу широка и отвора прашања за кои не ги знам баш одговорите. Пример, дали треба да се ,,замараме,, со минатото. Од психолошка гледна точка тоа е многу лошо затоа што таквиот фокус не ни дозволува да продолжиме понатаму, односно ова во случај кога би биле опседнати со некој немил настан од минатото кој континуирано ни создава беспотребна болка и патење и за кој целиот здрав разум ни ,,вришти,, дека треба да го заборавиме. Дури ако непожелно долг временски период се опседнуваме со настани од минатото постои и опасност и благовремено да ја ,,подизгубиме,, здравата перспектива. Значи бавење со минатото не! Иднината исто треба да се планира ама спонтано и не опсесивно повторно нагласувам. Секогаш мора да се има план бе оти иднината е неизвесна категорија и можеме да се разочараме од зацртаните цели. Затоа сегашноста е убаво место за живеење. И не за џабе е речено ,,Се во свое време,,.Далеку од корисно или практично е кога мозокот ни лета било во минатото било во иднината.
 
Се замарате со работите во минатото? Одвојувате ли многу време за анализирање на минатото, на работите, луѓето и случувањата?
Дали често Ви се случува да се вратите во минатото?
Случките, луѓето и работите кои сега се минатото сум ги анализирала кога биле „сегашност“. Сега нема потреба да го правам тоа, сум си ја завршила задачата пред да настапи сегашноста.
Научив како да извлекувам поука (без разлика дали од лоши или добри случки) која ми се наоѓа за сегашноста.
И она што сега се случува го анализирам додека се случува, за да не се оптеретувам кога ќе стане минато.
Убавите спомени од минатото не мора да се анализираат, убавината е во тоа што имаш на што да се сетиш со насмевка на лице.
city напиша:
Исто и за иднината? Размислувате ли за понатаму? За случувањата моментите и луѓето во вашиот живот? За она што треба да дојде, да се случи....итн.
Размислувам како да постапувам за да имам подобра иднина. Во зависност од случувањата така и донесувам одлуки што понатаму.
 
Живеам во сегашноста..битно ми е тоа што ми се случува СЕГА,за иднината како и да е,мора да се грижам али не се преоптоварувам многу.А за минатото...не се грижам,утре ќе биде полошо:icon_bigg
 
Минато, сегашност или иднина...
Од се' по малку. Минатото, сегашноста и иднината се дел од еден континиум и не би можеле да се разделуваат. Минато е и претходната секунда, сегашност е моменталното време, а иднина е веќе следната секунда, којашто во тој момент пак ќе биде сегашност, а веќе следниот миг - минато. :jaj:
 
Во две ситуации се навраќам на минатото:
1. Кога ми е тешко и се присеќам на убави моменти и посакувам да ги преживеам повторно.
2. Кога повторно нешто лошо се случило и пробувам да анализирам дали нешто сум згрешила во минатото.
Што се однесува до иднината, редовно си фантазирам за неа, но тоа не преминува во исчекување на истата, туку едноставно малку "плакнење мозок".
Секој момент ми е важен посебно во периоди кога почнувам нешто ново како сега.:vozbud:
 
Понекогаш минатото кочи, не ни дава да продолжме и живееме во расчистување на истото. Од друга страна ни дава сила да се спротивставиме со проблемите кои надоаѓаат, зашто сме стекнале некое си искуство и гледаме лошото да не се повтори. Сегашноста е тука, сега и веќе никогаш, овој момент е еден и единствен и нема никогаш да се повтори колку и да сакаш тоа да се случи. Сегашноста е сега, сегашноста сме ние овде, денес, во овој момент и веќе никогаш. Иднината е она кое не очекува, иднината започнува од наредниот момент, за иднината сите размислуваат, некои се плашат, некои брзаат да ја дофатат. На некои едноставно и не им е гајле што може да се случи наредниот момент. Значи со памет од минатото, живеј го секој миг од сегашноста во вистинска смисла и надевај се на уште поубаво во иднината. Сегашноста е склоп на минатото заедно со искуството и иднината која оди со размислувањата за неа. Така и јас живеам, со полузавртена глава кон минатото, целосно посветена на сегашноста и размислување за иднината.
 
Ne sum covek sto se potpira na minatoto...ne uzivam vo toa bidejki pominalo i ne sakam da se navrakam na nesto sto nemozam....ziveam vo segasnosta i za idninata,ponekogas sum golem fantazer i ja izmisluvam idninata no sekogas sum i ke bidam vo segasnosta...sto i da se desi veruvam deka moralo da se desi...taka trebalo da bide....
 
Ја живеам сегашноста, тоа дефинитивно.... Ама и се навраќам на минатото, некогаш ме поттикнуваат убави моменти, некогаш лоши.... Ама сакам да се навраќам, зашто да не, добро не е добор, ама многу поубаво ми било во минатото и сакам да си се потсетамм на некои убави моменти и да си ја стоплам душичката.... А за иднина мислам само ако морам.... На пример што да полагам на матура за на што да идам и сл....
П.С. Ако на иднина мислиш и за после еден саат (пошо и тоа е иднина на некој начин) тогаш и на тоа мислам доста :)
 
gledam da ne gi povtoruvam greskite od miantoto,ziveam sega i tuka planirajki ja idninata
aj dosta e od mene:)
 
Не треба да мислиме и да се замараме многу, многу со минатото зошто веќе поминало и не можеме да го вратиме. Но нека минатото ни помогне подобро да ја живееме сегашноста (не правејки ги истите грешки) а иднината сама по себе ќе си дојде,(но сепак треба да си определиш некакви цели за во иднина за да можеш во сегашноста полека полека да ги исполнуваш).Но сепак благодарение на минатото, бладодарение на постапките кои сме ги правеле тогаш, со нивна денешна анализа ние сме подобра и позрела личност.
 
Se slozuvam so tebe. Tie tri raboti nikako ne smeat megjusebno da se isklucuvaat, bidejki se zavisni edno so drugo.
 
Сакам да живеам во секашноста и секој момент да ко живеам ко да ми е последен.
За жал неможам да живеам без да почнам да се нервирам за некоја грешка од минатото...бидејќи се е поврзано нели и знае да ми се меша во сегашноста да ми ја направи поубава или полоша.
И не постои ден а да не почнам да сонувам сао отворени очи...да почнам да си замислувам и фантазирам нешто што сакам да се случи или пак едноставно...да почнам да размислувам на она што веќе изминало, да ги анализирам личностите и нивните постапки, несвесно.
И колку често се нервирам без потреба, кога знам дека многу работи изминале и неможам да ги вратам, и дека секој миг сум се подалеку од нив, и тоа пак несвесно. И често ќе си помислам.... зарем вреди ли толку да се навраќам на тие случки, зарем не е подобро да живеам во сегашноста и да мислам на она што се случува.....животот е сепак премногу краток за да се преживуваат некои моменти по повеќе пати -ако се добри Ок..и ако вредат- но не вреди ако е нешто лошо.
Затоа се трудам да живеам во она што е а не во она што било или што ќе биде. Но, тешко е.

Ајдее...се занесов..
 
Се трудам да
Го игнорирам минатото
Го живеам секој момент од сегашноста на најдобар можен начин (шо во последно време не ми е мн мн возможно)

Ама СЕ ТРУДАМ :toe: не можам секош...

А и понекош (да не се мамамиме...почесто) си фантазирам за иднината и обично за ситни работи а не за некој огромни планој пошо то ме заморвит...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom