Минато, сегашност или иднина...

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Живеам во сегашноста и се трудам минатотото да нема големо влијание врз мене, а со тоа ја градам својата иднина.
 
Насочена сум претежно кон иднината..постојано планирам и гледам напред визионерски сум настроена..За разлика од претходниот период кога многу време посветував на минатото...размислувајќи зошто било така а не вака...можеше да се направи подобро и слично..ама за среќа научив дека воопшто не е убаво ако живееш во минатото:wink:
 
Не се навракам во минатото бидејки што било-поминало.Не се оптоварувам со иднината бидејки животот е краток и сеа ја да мислам за 10 години унапред...којзнае што ке се деси.Така да си ја живеам Сегашноста колку што можам поубаво.
 
Да како го живеете животот?

Го живеете ли секој момент во сегашноста?
Се замарате со работите во минатото? Одвојувате ли многу време за анализирање на минатото, на работите, луѓето и случувањата?
Дали често Ви се случува да се вратите во минатото?
Мислам дека не многу одамна на форумов некаде сретнав слична тема, меѓутоа кај оваа ме заинтересира нешто друго.
Да, премногу се замарам со работите од минатото, и дозволувам да се занесам во размислувањата. Се враќам во минатото, но не за да ги поправам грешките кои можеби сум ги направил, туку чисто само за анализа и согледување на проблемите.

Исто и за иднината? Размислувате ли за понатаму? За случувањата моментите и луѓето во вашиот живот? За она што треба да дојде, да се случи....итн.
Да, и за иднината доста често размислувам. Кој човек не сака да знае што го чека натаму во животот?
Или пак го живеете секој момент во сегашноста, свесни дека минатото поминало а иднината сама ќе дојде?
И покрај навраќањето и размислувањето за минатото и иднината, никогаш не заборавам дека живеам во сегашноста и дека таа е онаа која го диктира моето минато, а исто така и мојата иднина.
Јас имав една професорка во средно која викаше: “заборавете на минатото (тоа било и поминало), заборавате на иднината (таа сама ќе дојде-не вреди со тоа да се замараш), живеј го овој момент и тоа што се случува сега во моментот.“
Токму ова ми беше мотив за темава.
Некако воопшто не се согласувам со болдираното. Ако би требало да заборавиме на минатото, тоа значи дека би престанале да учиме во своите грешки. Ако во некој период од животот се најдеме пред искушение кое веќе сме го поминале еднаш, многу е полесно да видиме што и како било во минатото за да знаеме како да постапиме. Минатото го користиме како помош за да учиме од грешките, а иднината како платно на кое ги сликаме понатамошните постапки и принципи кои не’ градат нас и се она што е околу нас.
 
Учам од минатото, делувам во сегашноста и планирам за иднината.
 
Секако учам од грешките во минатото, сегашноста е тоа што е, затоа гледам со широко отворени очи кон иднината.
 
Го живеам секој ден како да е последен...не се навраќам на минатото,ниту пак мислам на иднината..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom