Милениумскиот крст од денес со лифт за панорамско разгледување

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr_ViRuS
  • Време на започнување Време на започнување

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
29
Веб-сајт
www.mkd.net
На Милениумскиот крст на Водно денеска свечено ќе биде пуштен во употреба лифтот кој ќе им овозможи на посетителите на објектот панорамски поглед на Скопје и околината. Лифот ќе може да пренесува до осум лица на висина од 45 метри метри, ќе поминува низ средината на крстот и ќе биде застаклен од три страни.
mileniumski-krst-vodno.jpg

Од платформата на краците на крстот посетитетлите ќе можат да уживаат во панорамска глетка на градот. Возењето во лифтот ќе се наплаќа, а цената ќе ја одреди Управниот одбор на „Милениумски крст“ кој во соработка со МПЦ го реализира проектот. Собраните средства од наплатата за возењето во лифтот ќе бидат наменети за одржување на објектот. Лифтот чини 45 илјади евра и беше набавен од грчката фирма „Доплер“, а го монтираше македонската компанија „Емо“.

На Милениумскиот крст интензивно се работи и на поплочување на платформите, како и на изградба на 11 дуќани во кои ќе се продаваат сувенири, свеќи, икони. Дел од нив ќе се користат за потребите на црквата. За дуќаните ќе се наплаќа кирија. Во задниот дел од комплексот се градат четири јавни тоалети. Планирана е изградба и на застаклен ресторан, конаци и други угостителско-туристички објекти, како и поставување канализациска и водоводна мрежа.

Најголемата планиран инвестиција на комплексот Милениумски крст е жичницата, која ќе треба да поаѓа од кај трговскиот центар „Рамстор“ и да ги пренесува посетителите до врвот на Водно.




Извор.
 
Абе за жичара се збореше уште пред три години, ама ништо до тоа изгледа, барем за сега. А кога би ја направиле жичарата, мислам дека треба да се стави рампа кај панорама и више коли и други моторни возила таму да не идат (секако, освен службените на Паркови и Зеленило)
 
и сега ќе акнат некоја астрономска цена за возењето и никој нема да се вози и Крстот ќе продолжи да пропаѓа, како што беше и до сега:toe:
 
Подобро да има отколку да нема лифт, а ретко кој оди секој викенд до врв...така да...
 
Ова е одлично.

Не гледам зошто мрчите.
 
Идејата е убава, само колкава ќе биде цената е прашање кое повеќето сакаат да го знаат.
 
Redneck Rebel напиша:
Само кога некој форумски шизик провоцира константно.
Инаку сум многу фин :smir:

Во ред е тоа...само не видов дека со нешто испровоцира овој Dardan-ia, барем на ова тема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom