Метеопатија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте метеопати

  • Вкупно гласачи
    35
Е арно си ја најдов темава :)

Значи ова времето ми влијае како мрак на цвеќе, ме убија овие врнежите, синусите се во полна работна способност и дури и прекувремено тераат. Денес малку сонце и ништо од синусите или болката во главата... како воопшто да ги немало :S
 
Дали понекогаш расположението ви зависи од времето?

Па прашањето е јасно на пример на мене кога врне дожд расположението ми е нула како скиснат сум!! ПОЗЗ И ФАЛА ОДНАПРЕД!!!:smir::smir:
 
Епа ако треба со госпоџата да одам во парк и да правам страмотни работи таму, сигурно дека ќе влијае лошо.
 
кога врне сум онака.. ај да речам 50 50...
инаку незнам дали некој знае но научно е докажано дека во сончевите денови од самото зрачење на сонцето мозокот лачи некоја материја која го крева расположението на човекот...
 
Се е во мозокот на човекот, едноставно луѓето најчесто си ставаат бариери дека кога врне, тапа е времето и дека они се нерасположени. Ако човек си делува сугестивно, времето нема да ми делува. Се случува и во најсончеви денови да бидам со тмурно расположение, а кога врне да сум најрасположена. Е сега настрана ги тргам оние кои имаат проблем со притисок.

Мене не ми влијае, јас сакам и дожд и снег и сонце и облачно време... Самата јас си го правам расположението или околностите евентуално.
 
Кога врне и кога е облачно се чувствувам најдобро.....ама температурата да не е премногу ниска.
И кога има сонце е исто...само ме тера на многу размислување...особено за иднината...така да мислам дека времето многу не ми влијае врз расположението.
 
Се е во мозокот на човекот, едноставно луѓето најчесто си ставаат бариери дека кога врне, тапа е времето и дека они се нерасположени. Ако човек си делува сугестивно, времето нема да ми делува. Се случува и во најсончеви денови да бидам со тмурно расположение, а кога врне да сум најрасположена. Е сега настрана ги тргам оние кои имаат проблем со притисок.

Мене не ми влијае, јас сакам и дожд и снег и сонце и облачно време... Самата јас си го правам расположението или околностите евентуално.

штознам... верувам дека длабоко во човечката позадина сепак има нешто шо ги тера така да мислат.. можеби бидејки врне па неможеш да излезеш надовр да се шетат да возич точак на пример... можеби самата помисла дека надвор е мокро и се е кашаво ги тера така да мислат.. знаеш како е ејј мокро е ако искочам па некој мош со кола ке ме испрска па ке се шлапам по вирови.. и тн...
 
Да, ама тоа не е причина човек да паѓа во депресии и да биде нерасположен. Ако толку не го сака некој дождот, кога врне нека излезе, нека седне на кафе, нека се види со пријатели, зошто самите себе да се депримираме?
 
Постои веќе тема во здравје метеопатија.

Али не е секогаш до психата Крејзи, иако и тоа има влијание.
Многу често им паѓа притисокот на луѓето кога е врнежливо и променливо времето. Мене многу често ми се случува и ај биди после расположен? Неможеш, не се чуствуваш добро. И како да сакам дожд кога ми е лошо од него, кога ме прави нерасположена, кога ми се пие 10 кафиња на ден, кога се прозевам цел ден сеедно дали и 12 саати сум спиела и ме боли секое коскиче на телово, посебно рамото што си го имам шинато :). Затоа мразам дожд и промени на времето.

Што не ми е лошо кога има сонце? За сонце живеам јас, ме орасположува максимално :trepka:
 
Па затоа реков и во првиот мој пост

Е сега настрана ги тргам оние кои имаат проблем со притисок.

Друго е кога имаш проблеми со притисокот и паѓа. :)

Ама не значи дека ако има сонце секогаш ќе ти биде нормален притисокот. :)
 
Да, ама тоа не е причина човек да паѓа во депресии и да биде нерасположен. Ако толку не го сака некој дождот, кога врне нека излезе, нека седне на кафе, нека се види со пријатели, зошто самите себе да се депримираме?

Koga vrne, ubavina!
Танц дoжливи капкички топотат, игриви и весели танцови, како на ангелски песни од светулки испеани, ттопотат, на среќа и радост не потсеќаат, капките дождовни.

Постои веќе тема во здравје метеопатија.

Али не е секогаш до психата Крејзи, иако и тоа има влијание.
Многу често им паѓа притисокот на луѓето кога е врнежливо и променливо времето. Мене многу често ми се случува и ај биди после расположен? Неможеш, не се чуствуваш добро. И како да сакам дожд кога ми е лошо од него, кога ме прави нерасположена, кога ми се пие 10 кафиња на ден, кога се прозевам цел ден сеедно дали и 12 саати сум спиела и ме боли секое коскиче на телово, посебно рамото што си го имам шинато :). Затоа мразам дожд и промени на времето.

Што не ми е лошо кога има сонце? За сонце живеам јас, ме орасположува максимално :trepka:

Сонцето се наоѓа во нашите срца, грее постојано, само треба оковите кои сами си ги наметнуваме да ги разбиеме.
 
Метеопати

Ве вртеле ли коски?Ве болело ли глава без особена причина?
bolka_vilica.jpg

Меланхолијата и депресивното расположение што го создава долгиот дождлив период, навистина им здодеа на многумина, а особено на лицата- метеопати.
Тоа се оние луѓе кои чувствуваат одредени здравствени проблеми, или тегоби предизвикани од наглите временски промени, особено во периодот пред дождовите.
Јас на пример сабајлево кога станав бев зачудена што се чуствувам толку лошо и поспано.Првото отварање на прзорецот го забележав дождот што врнел цела ноќ:zid:
Што се случува со вас?Патите ли и вие од промени на времето?

Јас сум страшен метеопат, отсекогаш сум била. Имам мигрена и секогаш кога се менува времето не можам да гледам од главоболка. Вчера цел ден го преспав и бев како бабите кога ги "врти" нешто, осеќав дека ќе врне :) Смрт ми е нестабилно време, есен и пролет секој втор ден сум со главоболки.
 
Промените на времето не влијаат многу на мене...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom