Места каде сте се разочарале

  • Креатор на темата Креатор на темата gurman2
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.759
Поени од реакции
7.331
Локација
Скопје
Многу ме нервира кога храната во омилениот ресторан, слаткарница, сендвичара е со променлив вкус и квалитет. И, најчесто, ќе си го довршиме оброкот, ќе си премолчиме, нема да се пожалиме.
Идејата ми е, овде да се пишуваат и допишуваат местата кои ве разочарале. Да ги казниме на тој начин сопствениците, да внимаваат повеќе и да не ни одземаат од омилениот вкус за да заработат повеќе.
За почеток, како пример ќе наведам дека бозата во Апче не е истата како порано, кој памети, знае... Сендвичите со плескавица кај Алкалоид, на излезот од Скопје, воопшто не се исти, се осеќа мирис на џигер, изнутрици... Скоро никаде нема добри кебапчиња, да не збориме за колбаси...
Затоа, ако сте се разочарале од омиленото кафе, слатки, пица, бурек... , пожалете се овде. И, веднаш некој нека даде предлог каде е подобро.
 
Аквариус Охрид, одлична атмосфера, на само езеро, пријатен амбиент, кафето потпросечно (никогаш не било екстра до душа) ама услугата - катастрофа. Ако сакате вода со кафето, после 3-4 обраќања (замолувања) на келнерката можете да бидете прекорени, дури и навредени од истата (како да е нешто чудно и невообичаено да пието вода со кафе). Најстрашно е што шефовите и газдите на локалот се запознаени за таквиот однос на персоналот и наместо да преземат нешто и да ги заштитат муштериите, од кои патем живеат, ги креваат рамениците и објаснуваат дека „денес течко е да најдеш добар келнер“. После 20 години редовно излегување во Аквариус, за мене таквиот однос е недозволен. Огромно разочарување од Аквариус!!! За среќа, барем во Охрид, има и други локали каде може да се пие кафе (и тоа многу повкусно)!
 
Кај Тоше на ќоше,еднаш бев и никогаш повеќе,
си ги платив смрдените кременадли и плескавица и заминав.
 
Многу ме нервира кога храната во омилениот ресторан, слаткарница, сендвичара е со променлив вкус и квалитет. И, најчесто, ќе си го довршиме оброкот, ќе си премолчиме, нема да се пожалиме.
Идејата ми е, овде да се пишуваат и допишуваат местата кои ве разочарале. Да ги казниме на тој начин сопствениците, да внимаваат повеќе и да не ни одземаат од омилениот вкус за да заработат повеќе.
За почеток, како пример ќе наведам дека бозата во Апче не е истата како порано, кој памети, знае... Сендвичите со плескавица кај Алкалоид, на излезот од Скопје, воопшто не се исти, се осеќа мирис на џигер, изнутрици... Скоро никаде нема добри кебапчиња, да не збориме за колбаси...
Затоа, ако сте се разочарале од омиленото кафе, слатки, пица, бурек... , пожалете се овде. И, веднаш некој нека даде предлог каде е подобро.
Гледај сега мене ако ми донесат лошо месо да не мислиш дека ќе го вадам мобилниот и одмна на форум се закачувам и пишувам вака вака? нема тоа да го направам туку ќе се жалам онаму каде што сум јадел кај тој што ми го донел или нека направат ново поубаво или пак едноставно не плаќам 2-3 пати сум се зафркнал ама веќе одмна нема :) или ново или едноставно не си ја плаќам сметката (y)
 
И јас не одам веќе на тоа место каде што ме зафркнале. Идејата со форумов е што повеќе да дознаат дека таму нешто не е во ред. Понекогаш и сопствениците не се свесни за сите пропусти. Во секој случај, ти благодарам за подршката, сепак мислам дека сме на иста линија
 
abe ja mislam deka podobro da se vika temata mesto od koe ne ste se razocarale ama mene ni toa mi se nema deseno
 
Снупи Велес - Не Официрски, помфритот едно компирче метро на метро :D :D
 
Кафето во Кафе 19 во Струмица, имаа најдобро кафе од цел град (Buondi), сега го смениле со некое грдо кафе (Ionia), кое не го пијам баш со мерак.
 
Се надевам дека сопственикот на Кафе 19 ќе го прочита ова. Сопствениците на такви локали треба да имаат култ за кафето
 
Густо, порано одев само поради цезар салатата, веќе на ништо не личи. Ни услугата не им е на ниво. :)
 
Навистина? И јас порано одев често. Можно е.
А после се чудат зошто е намален прометот...
 
навистина бозата кај апче не е иста како што беше веќе си пробав дури и Татко ми кое му беше омилен и на него вкусот не е исто како што беше и не знам што е работава можеби брашното било увезено и никакво или нешто друго и сендвичарница 7-ца не е ист вкус како што беше леле каде оди светов, а богами за 10 години сите прехранбени продукти ќе ни бидат алергични .
 
Бозата беше одлична дури ја водеше слаткарницата стариот. Рецептот е негов, се прави мачно, долго врие.
Сега бизнисот го водат двата сина, се поделиле по неколку дена во неделата, секој за себе... Бозата сега ја прават со скратена постапка, со разни аромати, да не залажат...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom