Јас сум дете од мешан брак (Полска/Македонија). Различни националности и различни вери од иста религија (православен/католик).
+ Од национална гледна точка мислам дека многу ми даде предност тоа што имам две државјанства чисто да можам да избегам од Македонија и да си најдам подобар живот во светот. Од мала учев два јазика и тоа ми помогна многу да совладувам други јазици. Ми помогна многу при барање на работа и во странство имам поддршка од две заедници.
- Во Македонија на многу луѓе им сметаше што мајка ми е од Полска, многумина му зуеа на татко ми што не зема македонка, имав слушано и ја а и мајка ми погрдни имиња за неа и нас децата. Многу често се осеќав поинаква, како да не припаѓам со другите деца затоа што бев дете “на пољакињата“
Мајка ми има акцент кога збори Македонски и никоја од мајките на нашите друштва како деца не ја прифаќаа и едноставно не ја дружеа. Многу често и роднините на татко ми и правеа глупости и никогаш не ја прифатија целосно.
Од друга страна, татко ми секогаш беше многу добредојден и почитуан од страна на роднините на мајка ми.
Од религиска гледна точка. Иако верите се слични и потекнуваат од иста религија, има некои различни работи во тоа што кога се прославува и како се прославува.
Кај мене дома се славеа сите празници, и католички и православни божици и велигдени и нови години и се измеѓу. За нас тоа беше многу нормално. Никогаш никој не правеше проблем, на мајка ми и се јавуваа луѓе да и честитаат итн. На мене и на брат ми до ден денешен ни ги честитаат двата празника.
Единствено што моите не се венчаа во црква пошто не можеа да одлучат во која.
Кога моите се земаа и ние децата бевме мали, татко ми беше атеист а мајка ми беше верник. Така да почесто одевме во Католичка црква, мајка ми не учеше како да се молиме и ни раскажуваше за Господ, ни читаше децки библии итн.
Со тек на време мајка ми стана атеист а татко ми стана верник.
Искрено, не мислам дека проблем е мешаноста во брак на различни религии или националности колку што мислам дека тоа е проблем во Македонија. Менталитетот на луѓето е да не прифаќаат ништо поинакво и различо. Само свое ама и тоа не чини.
И ако е Макеоднка што ја зема, на неговите ќе им биде проблем што е девојка од Битола а не од Скопје. Другарите ќе го ругаат зошто она вика чинија а не тањир. И тоа е најлошото во целата ситуација.
Јас лично не можам да замислам да не прифатам некој поради различна религија, националност или раса. Со исклучок на луѓе кои пропаѓаат на секта и се обидуваат да наметнат религија.