Цепелин на 30 сек до крајот

Ова го "нацрта" Доне Бошковски????
Помалку и среќна победа. Подобра игра од вчера, ама ништо ново. Поголемата ангажираност донесе победа. Реално многу неуиграни изгледаа и стручниот штаб мора да сноси одредена одговорност за ова. Нападот со премногу технички грешки, во одбраната незаинтересирани.
Генерално од она малку што можевме да го видиме на овие ва натпревари (и статистиките од претходните 2):
Стоилов - 2 класи подобар од играчите кои се на овој турнир (од било која екипа), но мора да поработи на килажата. Ми се чини дека по секој напад се наведнува задишан. Тоа е недозволиво за профсионален спортист.
Лазаров - наместо да покаже лидерство и смиреност ми се чини направи најмногу грешки од сите. Против Турција беше подобар, но се на се наместо да се истакне како најдобар во тимот, беше би рекол скоро на исто ниво со другите бекови што е недозволиво со оглед на возраста.
крилата (Ојлески, Јовчевски, Костески, Маџовски): скоро и да не ги видовме. Криминална незаинтересираност на бековите да им подадат. Од она што им беше понудено и ок изиграа но едноставно не им беше укажана вистинска можност.
Пешевски - ОК. Може да излези нешто од него но има уште многу работа.
браќата Маџовски - искрено ми изгледаат исфорсирани. Не го гледам талентот. Не знам можеби грешам ова е премалку за да се донесе оценка но тој е првичниот впечаток.
Манасков и Георгиевски - пријатни изненадувања . Според мене сосема солидно одиграа и двајцата, со оглед на возраста. Манасков се гледа дека учи од Мојсовски, има слична игра но мора да поработи на снагата. Георгиевски, веројатно најдобар играч после Стоилов во екипата. добар шут, добра подвижност, може да игра и како лев и како централен бек. Се надевам ќе добие шанса во подобра екипа наскоро. Единствено ми пречи односот кон играта малку. Премногу расправии со судиите и протестирање после грешки (кои ги имаше но се поправливи со искуство).
Талески - играше повеќе денес и талентот е очигледен. Одлични физички предиспозиции, одличен шут, баш онаков играч каков што ни фали на лев бек, а делуваше и солидно подвижен за висината. Се трудеше и во одбрана. Има нормално уште многу работа, но е дефинитивно талент на кој треба да се обрни сериозно внимание.
Даскаловски и Чаневски: просечни и двајцата. Како 2-3 голман во солидна екипа ќе поминат, како прв не. Чаневски има поголем талент, но прима и многу евтини голови кои добар голман со искуство не смее да си ги дозволи.