Мед

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Среќа ние сиромашни па не прскаат надвор од населени места иначе ќе јадеме само кинески "мед". Прскале во САД против ЗИКА и милиони пчели капут :place:
https://www.washingtonpost.com/news...arolina-sprays-for-zika-mosquitoes/?tid=sm_fb

Викаат наредниве години ќе бидат подождливи и на северната хемисфера ќе има заладување место затоплување. Мислење како тоа на пчелите би се одразило (болести,смртност итн итн) .....

gjoko-mkd тоа од игличките го викаат сируп и со толку шеќер не би требало да има здрави бенефити
 
Ваков боров мед правеше калуѓерката во Кнежинскиот манастир ``Св.Ѓорѓија`` но за жал калуѓерката почина , и сега засега не се прави тој мед во манастирот. Сестра Доротеа објаснуваше дека медот го прави со варење на младите борови иглички(тие светло зелени) а производот многу малку се различкуваше од прав боров мед. Вероватно суштинскиот состав им е ист.

Следниот пат кога ќе појдам во манастирот ќе ја прашам новата калуѓерка дали ќе се зафати со оваа работа
 
Со се пчели ги вареше или ?
Бог да чува и да брани шо не ке прочиташ по интернетиве.
П.с ако си заинтересиран ке ти кажам рецеп за инвертиран шекер па сркај домашно варен мед со вкус по желба. Сакаш од бор, сакаш од липа, сакаш нане , мајчина душица итн итн .............
 
Ne, ova se pravi samo od novi mladi borovi iglici....inače vo Kičevo relativno lesno se naogja čist priroden med. Imam nekolku prijateli i rodnini koi vadat so garancija priroden med. Bez dodatoci na glikozen sirup
 
Ѓоко ако сакаат нека го прават и од специјален бор што расте преку седум планини и долини, тоа не е мед. Наречиго како сакаш , ама тоа не е мед туку шербет со арома на тоа што ке му додадеш кога го вариш.
Инвертиран шербет не е гликозен сируп туку постапка каде сахарозата се разградува на фруктоза и гликоза и која како прихрана е многу попогодна и поприфатлива за пчелите.
 
Да, да, јасно е тоа дека ова не е мед, и го продаваа различно од мед иако има такво име. Наводно по лековистост бил доста добар.

Иначе околу Кичево има доста борова шума, и одгледувачите кои имаат пчеларници во близина на борова шума вадат мед со релативно добар процент на боров мед во него, само што никој неможи точно да кажи и да процени точно колку и од каде пчелите го собираат сладот.

Мене лично и на моите дома најмногу ни се допаѓа чистиот дабов мед. Има најтемна боја, најсилен вкус и мирис има

Медот во првата тегла е од с.Јаорец(каде што е изворот на регионалниот водовод Студенчица), и е собран на почетокот на летото и е комбинација на дабов и цветен мед:
29133391950_18f791b842_b.jpg

а вториот кристализираниот е од близина на Велес(с.Согле):
29313138832_3b355109b7_b.jpg

За некое време ќе извадам слика од чисто дабов мед
 
Ne, ova se pravi samo od novi mladi borovi iglici....inače vo Kičevo relativno lesno se naogja čist priroden med. Imam nekolku prijateli i rodnini koi vadat so garancija priroden med. Bez dodatoci na glikozen sirup
Сакам да те прашам дали е вистина или само афера, дека во медот ставале и варена тиква?
 
Најмногу ставаат некој си гликозен сируп, го внесуваат и од Бугарија а имам слушнато дека го продава и битолската шеќерана. Ароми ставаат од сите врсти и многу тешко е да се примети, бидејќи многу од нив го комбинираат со вистинскиот мед во различен сооднос-30:70, 40:60....
 
За мене ова кристализирањево на медот остана сеуште чудно. Колку што разбрав тоа е нормално кај еден добар и квалитетен мед (иако можеби и не е така), но вкусот одма се менува. Викаат да се стави теглата во топла вода и повторно медот ќе се врати во првобитната состојба. Имам направено и така, но ни конзистенцијата/течноста на медот не е иста, ни вкусот е ист. Има ли некој друг начин за медот да се сочува од кристализирање или да се врати како што бил од состојбата на кристализирање?:)
 
Декристализацијата на медот треба да се врши со потопување на садот со мед во поголем сад со вода на температура околу43 степени . Зависи колку е кристализиран медот толку и ке трае процесот и после таква декристализација нема никаква промена на вкус , лековити својства или густина .
Ако сте нестрпливи и го ставите во врела вода , нормално дека ќе изгуби и на вкус и на густина а богами и на лековитост !
Моѓе да се спречи кристализацијата ама не гледам смисла . Инаку еден чичица на Крит имаше оригинален начин за тоа , позади редот тегли со мед имаше цело време запалена сијалица , од чија топлина медот не кристализираше !
 
Ако не кристализира медот, тогаш нешто не е во ред со него. ( барем за мене како пчелар) Точно е дека со ставање во вода се враќа во течна состојба, но јас исто така ставам сијалица во обичен фрижидер кој не работи и повремено ја пуштам за да одржава топлина внатре и само тогаш не ми кристализира. Инаку во право е Nemanjisi дека ако го ставате во вруќа вода, не само што ќе изгуби на вкус туку и на лековитост.
 
Не ја ставам теглата во врела вода, туку во топла вода (да ја ставиш раката во водата нема да те боли:D) и повторно медот станува течен, но сепак не е целосно ист како пред кристализирањето. Можеби не е правила топлината на водата или пак можеби и медот не е најквалитетен. До сега најубавиот мед што го имам јадено е купен од луѓето што продаваат медови покрај пат кон Охрид.
 
http://www.savjetodavna.org/Savjeti/Kristalizacija i dekristalizacija meda.pdf
Овде е малку снижена границата на 40 степени , што е уште подобро . Со гаранција нема разлика во вкус , очигледно ти си го прегрејувал !
 
Прв пат гледам ваков црн мед.
Црниот мед е од пчели што ги чуваат кај што има дабова шума.[DOUBLEPOST=1473012554][/DOUBLEPOST]
Пчелин боров мед едно време во Беровско се наоѓаше без проблем . Јадецот е што сега има многу фалсификати и веќе во ништо и во никого не можеш да бидеш сигурен.[DOUBLEPOST=1472752484][/DOUBLEPOST]
Бојата на медот основно зависи од што е собиран .
Медот може да биде темен ако е од даб или бор , црвен е од костен , темножолт накај кафен е ливадскиот , светложолт багремов и липов (липовиот е некогаш посветол )од брест и чајлија е сив ( страшно изгледа кога ќе кристализира) . Причина уште може да биде и староста на саќето , доколку е ново саќето медот е посветол доколку е старо (2-3 години) медот добива потемна боја .
Уште многу зависи кога ќе биде врцан (цеден) медот . Во Јули со 70-80% затворени рамки секако ќе биде посветол ако се вади при крај на летото , тогаш е 100% со затворени капачиња , позрел ,со помала количина вода и нормално за нијанса потемен .
Во Беровско сеуште се наоѓа пчелин боров мед без проблем.
 
Денес го добив медот од пријателот кој чува пчели во еден од најеколошките делови на Македонија. Одалечен е најмалку 10 км од било каква магистрала, а околината на неговото село е исклучиво од дабова шума и ливади(неправам реклама).

медот е црн како катран и има невероватен мирис уште при отворање на теглата.

29724634695_efbcdcef1d_b.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom