Си одгледувал па го кажуваш ова или си слушнал прикаски пред кооперација?
Одамна требаше да биде ваква цената на медот, а не само последните 2 години.
Низ светот веќе го дигнаа
алармот, во последно време се повеќе и повеќе се појавија болести кои ги немаше и кај пчелите, гинат преку ноќ, се поретко има „убави“ години во кои може да се извади мед.
Ако нема природата, ти и шеќераната да им ја отвориш џабе ти е пак ништо нема да извадиш, шеќерот им се дава рано на пролет кога сеуште нема природата започнато со медење за стимулација на матицата да почне да неси, за кога ќе дојде периодот на цветање на овошките/детелината/багремот да имаш силно друштво.
Во моментов кај нас направија една голема грешка во условите за субвенциите, не требаше да има граница за субвенциите од 34 семејства минимум. Што правиме со новите пчелари кои веќе изразиле желба да влезат во овој бизнис, се судриле со големите трошоци на старт (сет сандаци за едно семејство ти е од 2500-3000 денари плус саќе за рамките по 40-50 денари по парче, а имаш минимум 10 рамки за слабите семејства, а ако сакаш да ти бидат подготвени сите 3 катови 30 комада, жица за шнирање, али таа ајде ќе ја кажеме дека е најефтиниот дел, хранилките одамна не сум ги барал али се сигурно околу 200-300 денари, третирања против вароа барем 2-3 пати годишно, одење до кај нив еднаш неделно, а тие најчесто не живеат во градот туку во планина, па летаат барем 500ки за гориво, дневницата додека си работел кај нив, рачунај минимум 4 пати месечно, ако имаш поголемо друштво и повеќе....прихраната на пролет, погачите на зима, опремата за кај нив, една центрифуга за медот си видел колку пари е ако ја купуваш нова? Матични решетки, амбалажа за складирање на медот (секогаш нова тегла или користена исклучиво за чување на мед, но со променети гумици на затворањето, ако си чувал зимница во истата и ставиш мед, за неколку недели ќе имаш мед со вкус на зимницата),.....ако почне човек да пишува колку трошоци летаат ќе го боли глава, посебно ако сакаш да си во тек со новостите и техниките во пчеларството (одгледување на матици, нова опрема и тн и тн).
Новите пчелари почнуваат секогаш со малку, јас разбирам дека голем дел од нив ќе се откажуваат, сеуште не се конкурентни со малиот број на семејства за да бидат интересни за субвенционирање, но напротив треба и тие да добијат стимул и некакво помагање на стартот за да го развијат бизнисот.