Мое мислење е дека пролет и лето мора да бараат решение за убрзување да се пушта секаде оптика и да почнат сите што се на бакар да не префрлаат на оптика.
Бакарот "да си иде на заслужена пензија" народски кажано.
Овака како што сега прават не е некое големо решение и баш добра опција.
40% изнесува сегашната покриеност како што изјавија од телеком мк. 30% беше пред 4 години, значи споро иде покривањето со оптика, ради огромните инвестациски суми кои треба операторот да ги обезбеди, да подаде во општина документи дека ќе става оптичка мрежа и после да почни да поставува како што планира.
Оптиката по природа ви е симетричен интернет (Д/У)со огромен пренос на податоци и не му влијаат никакви надворешни фактори како што му влијаат на бакарот и при големи врнежи, оптичкиот интернет нема ништо да падни, додека кај бакар се чуствува тоа има варијации на брзината. Операторот за да ја проширува својата оптичка мрежа, плаќа приватни фирми за да му ја шират мрежата и да ја одржуваат и за ова си има своја математика и бизнис.
ВДСЛ -от оди преку бакарните парици и во базната станица е донесена опрема за да тера поголеми брзини, нема операторот да ви дава никаква поголема брзина од 60.10, па затоа каде што има ВДСЛ му нудат агентите на луѓето неограничен интернет М со 30/5, за да не се преоптерети бакарот и за после да нема плачки.
АДСЛ - овде немате чаре , освен да барате да ви стават оптика, да побарате повеќе луѓе до телеком да ви пушти оптика или евентуално да подадете барање за ВДСЛ.
ВДСЛ - решение на подолг период кај населените места каде што се повеќе луѓе се иселуваат, дали 20% население од сегашново ќе остане по селава.
Кој има проблеми со бакарот и други од неговата населба и околу, побарајте со потписи до телеком да ви постават мрежа, 50 души најмалку за да немате проблем.