Материја или идеа?

Не ми е гајле од каде е идејата, битно е дека таа постои за разлика од материјата за која НЕМА доказ дека РЕАЛНО постои.
Кај бе со вакви муабети магде не зезај, викаш дека идеата постои а материјата уште не е докажано. Па чекај малце... Што допираш секој ден ти? идеа!?!? Одрекувајќи ја материјата се одрекуваш самиот себеси дека постоиш.
 
Не капираш, доволно е шо има идеа дека постои, односно мисли дека постои :)
 
Прво енергија (душа), па идеја за човек, и преку таа идеја енергијата креира материја (човек).

Кога нема енергија нема ни идеја, па нема ни човек.

за каков тип на енергија станува збор,на која мислиш,потемцијална,нуклеарна,кинетичка...мене не ми е позната енергија чиј резултат се идеи....зарем душата е енергија,енергијата се детектира ова е контрадикторно,освен ако не си скржав да ми дообјасниш ако не сум разбрал добро:)
 
Наравно, морав и ја да пишам нешто безвезе, да се уклопам у тема.
Значи, Маги, никој не спори постоење на идеа. Тоа е океј. Али ја не се слагам со тебе дека за да постои материјалното мора да постои идеа за него. Ти си се сметаш за субјективен идеалист, ја сметам дека тој дел од филозофијата е најголем пис оф факинг шит на планетава, нај егоистрипана тиња произведена од, damn, умни луѓе.
А што се однесува за доказ, збор шо го користиш болдиран и подвлечен. Ја ти дадов доказ дека твојата идеа нема никаква врска со постоење на материјата. И, наравно, неможеш да ми кажеш дека идеа на некој друг ја создала таа материја, пошо тој некој друг во твојот субјективен идеализам не постои.
На крај краева, идеите ги произведува мозок. Материален мозок. :)
Тогаш кажи ми што во целиот универзум со сигурност можеш да кажеш дека постои ако ти или било кој човек на планетава нема идеја за тоа нешто?

Според учењето на субјективниот идеализам, нишо не постои се додека човекот не го перцепира
„Објектите постојат како перцепција, но не како одделни предметот на перцепција.“- чичко ти Беркли..
Со шо и можам делумно да се согласам.
Не знам дали си ја читал „Светот на Софи“, ама таму прилично убаво се доловува субјективниот идеализам..
Имено, Софи постои само во книгата..

Кај бе со вакви муабети магде не зезај, викаш дека идеата постои а материјата уште не е докажано. Па чекај малце... Што допираш секој ден ти? идеа!?!? Одрекувајќи ја материјата се одрекуваш самиот себеси дека постоиш.
Toa беше конкретно за тој пример, муабетот ми е дека идејата може да постои без материја, а обратно не.
Барем мене не ми текнува на некоја материја што постои без да има идеја за тоа.
Епа мене тоа доволно ми докажува дека идејата доаѓа прва.
Не оспорувам дека материјата не постои, тоа би било лудо, но без да имаме идеја за некоја работа, таа за нас не постои.
Нас=луѓето.
 
Прво енергија (душа), па идеја за човек, и преку таа идеја енергијата креира материја (човек).

Кога нема енергија нема ни идеја, па нема ни човек.
Аууу ама касно го гледам ова...
Прво како можеш да кажеш дека енергијата е примарна, идеата секундарна а материјата терцијарна...
За да постои таа енергија потребно е нешто кое ќе биде нејзин носител (најчесто атоми). Ако тие атоми постојат тогаш значи дека веќе се материјализиран што нè посочува на фактот дека материјата е примарната.

@ Магде за сите примери посочени наназад...
Прво, ти го прифаќам мислењето како личен став и нема да пробувам да те предомислам, туку само да ти објаснам како јас тоа го согледувам.
Викаш дека таа материја која постоела првично мора да потекнува од идеа. И многу се лажеш затоа што идеата е последица на дејството на материјата врз нашите сетила. А човекот како една од подоцнежните фази на материјата е способен да ја емитира таа идеа.
Аналогно на тоа, човекот како материја создава идеа. А пак ова нè влече на фактот дека материјата всушност е предокот на идеата.
Атомите не настануваат од идеам туку од материја. А од што настанала материјата не е познато, но сигурно е дека не е настаната од нешто кое следело после неа.

И кога веќе кажа дека си субјективен идеалист, како тогаш не верува во небото кога ти него го перцепираш. Точно дека тоа не се облаците, ѕвездите, сонцето и што сè не. Меѓутоа онаа сина материја која ја глдаш преку ден, и она црно пространство (значи каде нема ѕвезди и слично) е самото небо. Всушност глупаво е да се каже дека од земјата го гледаме универзумот кога гледаме само еден дел од него. Епа тој дел кој го гледаме (и воедно е материјализиран) е определен со зборот небо.
Со еден збор, небото материјално постои. А пак надоврзано на ова е дека за да човекот добие идеа да го посочи тоа како небо, потребно било самото негово постоење да делува на човековите сетила за да човекот проба да ја разиве таа идеа дека тоа нешто над него е небо.
 
Тогаш кажи ми што во целиот универзум со сигурност можеш да кажеш дека постои ако ти или било кој човек на планетава нема идеја за тоа нешто?

Тоа ти е свест!

Верување дека Бог постои не е ништо друго освен свест за него.

Шекспир постоел, ама и денес постои, во променета квантитативна форма.
Хегел вика дека квантитетот секогаш преминува во квалитет, па нели времето го танчи и го сити, квалитетот на самото суштествување на Шекспир, како монада со безгрешниот ЕДЕН.

Диносурусот постоел некад, ама постои и денес!
Човекот постоел некад, постои и денес!
Сијалицата, не постоела некад, ама постои денес.
Не е само до идејата, туку и до нејзино материјализирање(реализирање). За тоа да се случи потребни се околности, кулминација...
 
Како свесни разумни битија имаме можност да поставиме прашање зошто. На ова прашање идејата може да даде одговор, но материјата не може.
 
Како свесни разумни битија имаме можност да поставиме прашање зошто. На ова прашање идејата може да даде одговор, но материјата не може.
Да не ја имаш ти таа свест, нема да можеш да дадеш одговор на прашањето. А таа свест е способноста на човекот да емитира идеи. Е сега, ако нема нешто што е материјализирано тебе нема да ти влијае на сетилата со што нема да можеш да дадеш одговор на прашањето зошто. Со што пак доаѓаме до тоа дека материјата е примарна за секое понатамошно прашање:)
 
А кога материјата добива свест во кој момент, од самиот почеток? Самата се создава? Случајно добива свест на одредено ниво или претходно?
 
Како свесни разумни битија имаме можност да поставиме прашање зошто. На ова прашање идејата може да даде одговор, но материјата не може.

А бе а, така шо викаш...

Идејата ќе даде одговор.

Ја верувам во духови, ај нема даде одговор некој дух, да го чујам, јас или ти?:)

Ипак сум солипцист, ама пак сум реалист.
 
А бе а, така шо викаш...

Идејата ќе даде одговор.

Ја верувам во духови, ај нема даде одговор некој дух, да го чујам, јас или ти?:)

Ипак сум солипцист, ама пак сум реалист.

Не си ме разбрал ама ни јас тебе, ако веруваш во духови го имаш одговорот, не знам што прашуваш?
 
А кога материјата добива свест во кој момент, од самиот почеток? Самата се создава? Случајно добива свест на одредено ниво или претходно?

Свеста ја креира искуството, перцепцијата, имагинацијата, сликите...

"ex nihilo nihil fit" јали по нашки, Не може нешто од ништо. Ак нема никулец нема ни стебло, ни гранки, а камоли корен.

Бебенце мало слатко душиче, може да е свесно?
 
А кога материјата добива свест во кој момент, од самиот почеток? Самата се создава? Случајно добива свест на одредено ниво или претходно?
Материјата ја добива свеста со појавата на човекот. Свеста е последицата на развојот на човековиот мозок. И секако дека тоа е последица на целата еволуција на човекот. А еволуцијата на човекот сигурно не започнала како идеа. Но сигурно почетокот на таа еволуција е материјата.
 
Се отвори интересна дискусија за размислување ама нема да можам да учествувам за сега морам да одам. Ќе се уклучам покасно ако можам.
 
Тогаш кажи ми што во целиот универзум со сигурност можеш да кажеш дека постои ако ти или било кој човек на планетава нема идеја за тоа нешто?

Според учењето на субјективниот идеализам, нишо не постои се додека човекот не го перцепира
„Објектите постојат како перцепција, но не како одделни предметот на перцепција.“- чичко ти Беркли..
Со шо и можам делумно да се согласам.
Не знам дали си ја читал „Светот на Софи“, ама таму прилично убаво се доловува субјективниот идеализам..
Имено, Софи постои само во книгата..

Toa беше конкретно за тој пример, муабетот ми е дека идејата може да постои без материја, а обратно не.
Барем мене не ми текнува на некоја материја што постои без да има идеја за тоа.
Епа мене тоа доволно ми докажува дека идејата доаѓа прва.
Не оспорувам дека материјата не постои, тоа би било лудо, но без да имаме идеја за некоја работа, таа за нас не постои.
Нас=луѓето.

Сеа ме убедуваш дека пред да се родиш ти, не постоело ништо.
Односно коа се роди ти, земјата почна да кружи околу сонцето, светот почна да работи?

Кој имал идеа да се деси БигБенг-от?
Кој имал идеа да настане земјава?
Или, ако си верник, кој имал идеа да настане Бог?
Или чекај, Бог е идеа? За да настане идеа потребна е идеа..?
Јајцето или кокошката?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom