Математика + ЛОГИКА

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Оди ти да жонглираш со кугли од по едно кило на сред мало мовче:baeh:
 
Мене 20 деца ми испаднаа.:)

Мене ми испаднаа дека се 22 според податотците што се дадени:
16 и 5 стојат едно спроти друго
така што од едната страна(нека биде левата) има деца колку што има помеѓу броевите 5-16 т.е. 10
од другата страна(десната) има деца колку што има од левата страна т.е. пак 10
10+10=20 + 2те деца што стојат едно спроти друго = 22 :)
 
Ако жонглира со 3 кугли, ќе има по 2 во рака....
кога се жонглира со 3 кугли секогаш се има само една во рака. Бидејќи еве да речеме жонглираш кога ја фрлаш куглата со десната рака ја земаш другата кугла со левата а третата е во вис и оди накај десната рака па ја фрлаш куглата што ти е во левата рака и така натаму и така наваму.

п.с. незнам колку ме разбра ама сигурен сум за ова.
 
Знам да жонглирам со 3 кугли, затоа и кажав дека има по 2 во рака кога се жонглира. Ти отприлика објасни (ако убаво те сфатив) ама моментот кога имаш една кугла во воздух а две во раце некако ти избегал. На видеото убаво е објаснето и јасно се гледа моментот кога двете топчиња му се во раце на дечкото додека жонглира.

[MEDIA]http://youtube.com/watch?v=4R8eGzt9VI0[/MEDIA]
 
Знам да жонглирам со 3 кугли, затоа и кажав дека има по 2 во рака кога се жонглира. Ти отприлика објасни (ако убаво те сфатив) ама моментот кога имаш една кугла во воздух а две во раце некако ти избегал. На видеото убаво е објаснето и јасно се гледа моментот кога двете топчиња му се во раце на дечкото додека жонглира.

http://youtube.com/watch?v=4R8eGzt9VI0
Се гледа дека детето е аматер во жонглирање бидејќи тоа го прави многу бавно и ги фрла многу високо топките така да во некои моменти има по 2 во рака но доколку е професионалец сигурно кога ја фрла едната топка тогаш со другата рака ја зема другата топкаи затоа работи со двете раце наизменично прво едната нагоре па другата па првата.... итн.
Можеби и ти си во право но незнам не сум сигурен како и да е нема потреба да се караме за ова.
 
Луѓе јас ќе изгнијам дури да решам вакво нешто. Јас и Текстуални = магаре и тапан :vozbud:

п.с. Овие ‘‘лесниве‘‘ мн се ‘‘лесни‘‘
 
Ај една јас ке ви поставам. Незнам како ви оди редот, ги гледам загатките и многу ме заинтересираа. Се надевам дека нема да ми се лутите.

Загатката е следна (математички-логички проблем едни од моите омилени): Човек оди на пазар да продава јаболка. Носи одреден број на јаболка. Иди прв купувач, купува пола од јаболката, продавачот му дава едно јаболко гратис. Иди втор купувач. И тој купува пола од јаболката и него продавачот му дава едно јаболко гратис. И на крај иди трет купувач купува пола од јаболката, продавачот и него му дава едно јаболко гратис и снемува јаболка. Колку јаболка носел продавачот на пазар?
 
Имал 14

На првиот: Имал 14 му продал 7 + 1 гратис му останале 6
На вториот: Имал 6 му продал 3 + 1 гратис му останале 2
На третиот: Имал 2 му продал 1 + 1 гратис му останале ич
 
14 јаболка
прв купувач:14:2=7 јаболка + 1 гратис = 8 јаболка. Првиот купувач зедол 8 јаболка,остануваат 14-8=6 јаболка
втор купувач:6:2=3 јаболка + 1 гратис = 4 јаболка. Вториот купувач зедол 4 јаболка,остануваат 6-4=2 јаболка
трет купувач:2:2=1 јаболка + 1 гратис = 2 јаболка. Вториот купувач зедол 2 јаболка,остануваат 2-2=0 јаболко

Димитар ме претрка
ee.gif
 
Ај една јас ке ви поставам. Незнам како ви оди редот, ги гледам загатките и многу ме заинтересираа. Се надевам дека нема да ми се лутите.

Загатката е следна (математички-логички проблем едни од моите омилени): Човек оди на пазар да продава јаболка. Носи одреден број на јаболка. Иди прв купувач, купува пола од јаболката, продавачот му дава едно јаболко гратис. Иди втор купувач. И тој купува пола од јаболката и него продавачот му дава едно јаболко гратис. И на крај иди трет купувач купува пола од јаболката, продавачот и него му дава едно јаболко гратис и снемува јаболка. Колку јаболка носел продавачот на пазар?

14 јаболки имал продавачот.
Првиот купил 14 / 2 = 7 и една јаболка гратис значи 6 јаболка му останале
вториот купил пола значи 6 / 2 = 3 и на него една јаболка гратис и му останале 2
Третиот исто така купил пола значи 2 / 1 = 1 и на него му ја дал последната јаболка гратис.

Сеа видов дека сте ја одговориле ама нема врска.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom