Имам само два збора за да ја започнам темава:
ФИЛМ ЕИ!
За некој што израснал гледајќи ги Han Solo и Anakin Skywalker како "бараатат" низ галаксијата, играва/триологијава е остварување на соништата. По 30 часовно искуство, ви потврдувам дека Mass Effect 2 е најмалку 10 пати подобра од Modern Warfare 2 или било која слична игра која била на пазарот.
Станува збор за вселенски RPG од Bioware, мене ми се познати по K.O.T.O.R. (иако не го играв серијалот бидејќи не сакам turn-based борба), а раскажува навистина епска приказна до најмалите детали, има ликови за кои се грижите навистина што ќе се случи со нив...и најбитното - сами ја креирате приказната. Со секоја одлука вие влијаете на настаните, што е посебно интересно.

Ќе оставам некој што го играл и кецот да елаборира повеќе, а јас да идам да тагувам по ликот кој ми згина на мисијата.
П.с. Која ја смувавте?

)