Mass Effect trilogy

  • Креатор на темата Креатор на темата Mac))
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Имам само два збора за да ја започнам темава:
ФИЛМ ЕИ!

masseffect2_1258506784.jpg

За некој што израснал гледајќи ги Han Solo и Anakin Skywalker како "бараатат" низ галаксијата, играва/триологијава е остварување на соништата. По 30 часовно искуство, ви потврдувам дека Mass Effect 2 е најмалку 10 пати подобра од Modern Warfare 2 или било која слична игра која била на пазарот.

Станува збор за вселенски RPG од Bioware, мене ми се познати по K.O.T.O.R. (иако не го играв серијалот бидејќи не сакам turn-based борба), а раскажува навистина епска приказна до најмалите детали, има ликови за кои се грижите навистина што ќе се случи со нив...и најбитното - сами ја креирате приказната. Со секоја одлука вие влијаете на настаните, што е посебно интересно. :)
Ќе оставам некој што го играл и кецот да елаборира повеќе, а јас да идам да тагувам по ликот кој ми згина на мисијата.

П.с. Која ја смувавте? :))
 
Еве вака сеа. Уште од почеток да кажам, го немам играно ниту првиот ниту вториот дел. И не планирам. Е па неможи сѐ да се изигра.

За првиот дел, што читав една рецензија, прочитав дека приказната е најслабиот дел од играва. Вонземјани ги напаѓаат луѓето, се зависи од еден човек итн. Клише прикзана. Така прочитав, и ако приказната е навистина таква тогаш е клише.
Споредено со K.O.T.O.R… односно не се споредува. КОТОР има одлична приказна. Имало лоши игри со Star Wars тематика, имало добри и КОТОР е врвот. Иако не сум по RPG, ова го играв. КОТОРОТ е авантуристичко RPG, а има помалку акција, борбите се во живо со можност за паузирање и планирање и задавање команди. Значи делумно turn based. Најмногу ја играв заради авантуристичката приказна, со интересни дијалози и истражувањата.

Е сега, ако Mass Effect е таква каква што мислам дека е, тогаш споредбата со KOTOR и воопшто со Star Wars името не држи вода. Различни (под)жанрови, и тоа.
 
Филм? НИКАКО ! Како секој Американец кој што само пари сака да направи ке го усере серијалот и името и достоинството на Мас Ефект .

П.С. Гледаш дека у право бев за играта =) Дај парите сеа =)
 
Не мислев да направат филм, туку дека "играта е филм, еи!". :)
 
Еве вака сеа. Уште од почеток да кажам, го немам играно ниту првиот ниту вториот дел. И не планирам. Е па неможи сѐ да се изигра.

За првиот дел, што читав една рецензија, прочитав дека приказната е најслабиот дел од играва. Вонземјани ги напаѓаат луѓето, се зависи од еден човек итн. Клише прикзана. Така прочитав, и ако приказната е навистина таква тогаш е клише.
Споредено со K.O.T.O.R… односно не се споредува. КОТОР има одлична приказна. Имало лоши игри со Star Wars тематика, имало добри и КОТОР е врвот. Иако не сум по RPG, ова го играв. КОТОРОТ е авантуристичко RPG, а има помалку акција, борбите се во живо со можност за паузирање и планирање и задавање команди. Значи делумно turn based. Најмногу ја играв заради авантуристичката приказна, со интересни дијалози и истражувањата.

Е сега, ако Mass Effect е таква каква што мислам дека е, тогаш споредбата со KOTOR и воопшто со Star Wars името не држи вода. Различни (под)жанрови, и тоа.

ко ќе размислам подобро ова го читав пред подолго време не се сеќавам добро. Ама еве, да не земам рецензии и такви работи туку само од трејлери слики и останат сличен материјал, пак не ме влечи да ја играм играва. Ми личи какоо некоја копија од повеќе СФ игри, од КОТОР пример, со сменето некои работи да личи поразлична.

Крајно, за мене, Call of Duty игрите секогаш ќе бидат 10 пати подобри од повеќето РПГ игри.
 
Под "повеќето RPG" не спаѓаат игрите од BioWare. :helou:

Иначе Mass Effect игрите ти личат на KotOR бидејќи тие за BioWare претставуваат нешто како тест, подготовка за претстојната MMORPG Star Wars: The Old Republic, базирана на KotOR, која треба да излезе 2011 година.
 
Играта стварно е закон нема што по поминати 4 дена играње ја свртив и играта има стварно добра сторија.Почнав сентинел не ми беше јасно од почеток но се беше ок кога малку повеќе заиграв.
А играта се работи за Капетан Шепард кој го праќаат на мисија тој умира таму,церберус му прават ремонт тој собира дружина од 11 луѓе,се собираат ако имаш добар парагон никој не умира ако не и ти ќе умреш и нив и плус нивната лојалност треба да ја одржиш,а играта е закон особено графиката која е феноменална.
 
Неверојатно беше да се види како се одвиваше приказната и колку течно ги споија приказните од првиот и вториот дел, едноставно прекрасно. Ми дава надеж дека SW TOR ќе биде нешто навистина прекрасно. Браво за Bioware!
 
П.с. Која ја смувавте? :))

Сите од "дружината" + секретарката-психолог :)

Во мојата игра загина Mordin.. може требаше Thane да го пуштам да ја отвори вратата, и така нема уште долго да живее :)
 
Кај мене беше Thane, баш ако мораше некој, ете - јбг. :)

Иначе, секретарицата и Миранда.
 
Може некој на кратко да ја раскаже приказната и што се случува (клучните работи) во првиот дел дека почнав да ја играм двојката, а не верувам дека ќе имам време да ја играм и кецот за да знам што како.
 
Не може.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Xak

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom