Mass Effect trilogy

  • Креатор на темата Креатор на темата Mac))
  • Време на започнување Време на започнување
Најисплатливо ќе ти се фати JTag, после и за други работи ќе ти се најде, со додатно купување на DLC-a, нема да ти се исплати воопшто.

И да секако вредат, ја ради нив земав од поново кецот и двојката да ги вртам пред искачањето на тројката, онака свежи да ми бидат.

Како што кажав како Expansion Pack делуваат, 5.7 гига ми зафаќаат на хард сите, така да има доста content.

Kasumi Lost Memory, Lair of the Shadow Broker, Arrival, Overlord, Zaeed Price of Revenge, се одлични додатоци. Моја препорака е кога ќе ги играш, остај го Arrival за накрај откако ќе ја свртиш играта, за да има повеќе смисла DLC-то.

Ако не ти се чека со JTag, на PC можеш со Save File Editor да создадеш сејв со сите битни консеквенци што си ги одбрал од кецот за да ти се префрлат во двојката.

Ако те мрзи да бараш едитори, можам да ти пуштам имам два сејва од кецот, едниот е Soldier Shepard LVL50, 100% Renegade, 70% Paragon, Rachni кралицата е убиена, колонијата во новерија е спасена, council-от не го спасив, Андерсон го избрав council leader, Ashley Romance, Kaidan го жртвував, Wrex не го убив. Другиот е Vanguard LVL49 скоро се е исто ко првиот само што Wrex го убив овде.

Ако не пробај и овде има еден куп сејвови.
 
Додаваат додатен интересен гејмплеј, во кецот имаш една мисија на астероид што треба да падне, и друга уште поинтересна мисија во вид на симулиран турнир.

Во вториот дел, DLC-ата според мене се доста битни и додаваат доволно гејмплеј и приказна како за Expansion Pack, симни ги сите.

Тројката има само еден DLC и автоматски со Reloaded верзијата доаѓа, додатокот е уште еден crew member, Javik, неговите коментари сигурно ќе ти скинат од смеење, топ лик.

Save File импортот нема гајле, нема да имаш никакви проблеми. Оптимизацијата е добра, со најновите пачови (кои автоматски се ставаат со DLC-ата), ќе немаш проблем ниту со рандом багови.

Фала на брзиот одговор...и можно е на 2ката да ги симнам DLC-та, а за кецот како што гледам немаат голем удел од приказната.
 
Ма сите 3 игри се перфектни :D
Пред некој ден завршив со играње на цела трилогија по вторпат, игрите се out of this world, еден од најдобрите серијали кои што сум ги играл.
 
Моментално и јас ја доигрувам 3ката и според мене е најтапа. 2ката дефинитивно на врвот. А иначе за целата трилогија како целина само пофални зборови имам. Одлично завршена работа од Bioware.
 
Гледам во тројкава тој возачот на малиот брод можеш да го смуваш. вошоооооо соу геј
 
Моментално и јас ја доигрувам 3ката и според мене е најтапа. 2ката дефинитивно на врвот. А иначе за целата трилогија како целина само пофални зборови имам. Одлично завршена работа од Bioware.

Мене во тројката не ми се допадна тоа што Galactic Readiness, ако не играш MP секогаш ќе ти остане на 50%, и така EMS секогаш ќе биде преполовен. (ако military strenght ти е 5000, ефективната ќе ти биде пола т.е. 2500, а ефективната се рачуна на крајот)
Е сега има начин како тоа да се заобиколи и да ти биде на 100%, ама тоа треба да го направиш пред да почнеш да ја играш 3-та, т.е. пред да почнеш да собираш war asset-и, а ја тоа го дознав таман пред да ја завршам играта, и ме мрзеше од почеток пак да ја почнувам.
Иначе да 2-та и мене најмногу ми се допадна.
 
Можеш и преку различен Local Profile фајл на кој што има 100% war assets, немаше потреба кај мене да стартувам нова игра преку тој начин.

Денес почнувам пак да ја инсталирам 3-ката само за ending dlc-то. На ваков epic серијал и фали добар крај и те како.

Најдобар епилог имаше двојката, Suicide Mission ftw, кецот е посебен ради запознавање со приказната како и големиот reveal накрајот од играта, а тројката имаше некоја посебна мрачна војна атмосфера која многу ми се свиѓаше.
 
Well, 7 саат сабајле е, само што го изиграв DLC-то. Се разбира спојлери одоздола.

Како прво имаше некои работи кои повеќе ми се допаднаа во првичната верзија, имаше поголема доза на мистерија во моментот кога Harbinger те акнува со зракот и све понатака одеше по еден навидум нелуциден пат кој беше прикладен за особа која што доживеала таков шок. DLC-то со неколку измеѓу сцени некако неприкладно ја прекинаа таа мистерија. Тоа е тоа, што малку не ми се допадна.

Тоа што ми се допадна беа дополнителните објаснувања од Catalyst-от и четирите нови епилог сцени. Имаше некаков крај и конклузија на трилогијата.

Се на се, некако исти ми се првичниот и сменетиот крај, иако овој од DLC-то е за мала нијанса подобар заради подобриот епилог.

Вака или онака, Bioware тотално го утнаа крајот од срж, вака барем со DLC-то и дадоа нова надеж на вселената на Mass Effect за нови продолженија и игри.

Иначе вие кој крај го одбравте и што мислите кој е најдобар според вас?

Јас пак одбрав Destroy, бидејќи тоа беше мисијата на Shepard уште од првата игра, да ги спречи и уништи Reaper-ите. Сите останати се непрагматична варијација на незаситна контрола и моќ или навидум “идилична“ утопиа при која се губи сета сета смисла на индивидуалност и избор.

Со Control опцијата никој не гарантира дека Shepard со тек на време нема да стане корумпиран од преголемата моќ и пак да предизвика конфликт измеѓу Organics и Reapers.

Synthesis е едноставно премногу creepy опција и не само што се губи глобалната индивидуалност на сите живи организми, туку никој и не гарантира дека пак нема да се свртат сите меѓу себе и пак да настане војна, а и неможе еден човек (Shepard) да одлучува за сите живи организми дали сакаат нова синтетичка DNA која буквално ги прави еден вид на Борги. Исто така и Catalyst-от спомнува дека ја пробале оваа опција еднаш, но накрај не успеала.

Вака барем со Destroy крајот, конфликтот е пак неизбежен како и секогаш, но сепак пред него претстои голем период на надеж и ре-изградба на сето уништено, и пак најбитното со најголемата закана во галаксијата уништена, патот кон напредок и мир е голем и непознат исполнет со надеж дека нема историјата пак да се повтори.
 
Го симнав DLC-то, се спремив и потоа дознав дека требало да релоадирам од нападот врз Церберус. Тој сејв го нема, ќе требаше да преигрувам и изгледав што изгледав на youtube.

Проблемот е што горе-доле овие краеви само покажаа дека не е точна теоријата за индоктринација, другото се беше веќе теоритизирано и многу очигледно.
Мојот крај е оној со Destroy, само зашто така има можност за продолжение во иднина. :)
 
Кај мене auto-saveот е од пред нападот на церберус. Сигурен си дека не е истото и кај тебе?
 
Кај мене auto-saveот е од пред нападот на церберус. Сигурен си дека не е истото и кај тебе?

Не, зашто јас правев мануелни сејвови - во двојката имав проблем со корумпирање на сејв фајлот.
 
Не, зашто јас правев мануелни сејвови - во двојката имав проблем со корумпирање на сејв фајлот.
Штета :) Јас си го симнав ама во испитна сум уште не сум го изиграл и затоа не читам. Ќе си видам после испитиве како е сеа
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom