Mass Effect 3

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
На многу опасна територија играш овде, т.е. се противиш на "локализацијата" која, умешнa или не, е нормална работа кога се пренесува идеја. Ова како јас тебе на твој рандом пост да ти дадам реплика да не се курчиш многу и да пастираш линк од изворниот податок.
But, no. Localizing ideas is the prime drive of ideas being spread. Бибил си праша, се обидов да му одговорам. Можеби лошо, но сепак подобро од мрзлив, приглуп COD играч кој пропагира и спамира линкови. ;)
Локализацијата, како таква, е само полу-успешен обид, in lack of a возвишен термин, да се направиш паметен.
Секвенцата на настани е многу јасна:

1. Ја играш играта.
2. Ја завршуваш.
3. Не ти е јасно што се случило.
4. Го читаш крајот на истите форуми кои јас ги "спамирам"
5. Ти станува "јасно"
6. TO THE KAJGANA FORUM!

Знаеш кој е проблемот овде? Што со твојата локализација и користење на исти зборови како авторот кој си го прочитал и ти ги разјаснил работите, сам се заеба и покажа дека И ТИ, како и сите други COD играчи, уствари крајот си го сфатил преку форуми.

Затоа малце ми е чудно твоето "попување" на темава врз другите, како они се глупи, кога и ти си читал по форуми. Дали ме сфаќаш?
Ако другите се глупи зашто читале по форуми и си дозволиле "индоктринација", истото си го направил и ти. Е сега, откако ќе читаш и ќе сфатиш нешто повеќе, играј ферски и дај ги вистинските линкови, а не локализирана верзија на туѓо дело.

Тоа го прават нашите новинари, а не форумџиите.

П.с. Постот за кој те цитирав нема никаква врска со Бибил, погледни поубаво малце.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214

Се расправаме за техникалии, ама доколку како модератор немаш ништо против тоа, i'll be glad to infinitely indulge you. :)

За една работа ќе се согласам со тебе половично, а таа е дека можеби треба да се насочи оној кој го чита постот(во случај да е превземен од друг автор) кон изворната локација од каде податокот бил земен. Metagaming како sub-par термин на метафизичко доживување, кое пак е шиииирок поим, и поврзувањето на двете за да наеднаш заклучиш дека некој од некаде врши плагијат базирано само на сличност во терминологија е...трагично.
Друга работа која е трагична е таа дека ја одземаш можноста некој сам да дошол до тој заклучок играјќи ја играта(особено со делот Anderson=Renegade, Illusive Man=Paragon) и да му немала смисла поставеноста на работите, да добил indoctrination hint во глава, па ПОТОА да се "растрчал" по интернет за да бара истомисленици. Со други зборови, одземаш на интелегенција, ги изедначуваш сите со себеси, а за себе си признаваш дека поим си немал што тоа се случува. Греота е така. Незнам за тебе, ама ја, на пример се вреѓам. За себе си искрен, ама мене глуп ме правиш. :)
And you don't even know the facts. Which implies ignorance on top of that.

На крај, ставање зборови во "уста" е исто така многу неуба работа. Каде тоа јас ги нареков сите на форумов игнорамуси и COD парамециуми? Никаде. Само кажав дека такви има и дека генерално таа публика сака да се измени крајот затоа што не соодветствува со нивниот замислен хепиенд.

Патем, добро е што ја објасни сопствената секвенца при играње комплексни игри. Јас би ти препорачал да избегнуваш puzzle авантури, затоа што на секоја нејаснотија ќе скокаш по форуми за да бараш солуција. And that beats the purpose of thinking. ;)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
На крај, ставање зборови во "уста" е исто така многу неуба работа. Каде тоа јас ги нареков сите на форумов игнорамуси и COD парамециуми?
Имаш огромен пост каде што само ги докажуваш моите поенти, јас ќе бидам краток во цитирање и еве, ќе го издвојам делот кој не ти е јасен, ќе ти го болдирам и ќе го објаснам.
Во твојот прв пост на темава, улетуваш од никаде и имплицираш дека "другите се глупи, не се достојни за твојот и паметот на Bioware" и иако никаде не го кажуваш тоа директно против форумџиите, само слеп човек (што не би можел буквално да го прочита твојот пост) не би го заклучил тоа од истиот пост.

Како капак на се, во првата реплика кон мене пак пишуваш COD играч, а еве во втората веќе твојата намера за навредување на темава, а не разјаснување, станува јасна (со тоа што мојата пример секвенца за тебе ја користиш против мене, генијално).

Логиката на нештата е многу проста, затоа не ја гледам потребата да ми ја разјснуваш во големи постови. Еве, ќе ти ја пишам во една реченица:

Ако крајот на играва беше перфектен, немаше потреба никој (глупите CoD играчи и возвишената Разиел раса) да оди по форуми за да си ги потврдува теориите. Пак ќе те прашам, дали ми ја сфаќаш поентата и потоа ќе претпоставам дека не ми ја сфаќаш, па ќе го симплифицирам ова малце:

Крајот на играта треба да донесе closure во самата игра, а не преку фан теории на интернет.

Дали јас, ти, Станко или Бибил сме сфатиле нешто или не, тоа е ирелевантно во случајов, бидејќи не е темава за да си ги мериме. Грото играчи почнаа да се бунат БАШ зашто крајот не е во стилот на триологијата, со што твојата теорија дека не им се допаднал крајот заради нивната глупавост, паѓа во вода.

Да резимираме: влегуваш на тема и ги напаѓаш луѓето со "туѓи" зборови, поентата која ја правиш воопшто не ти е точна и капак на се, ја користиш иста онаа "форумџиска" финта која е употребена над милион пати - оној што те нападна, мора да се осетил навреден од твоите зборови.
Али хеј, ако ти и понатаму сакаш да продолжиш да се осеќаш возвишено над другите, by all means, реплицирај ми и уште еднаш докажи ја мојата поента за твоето присуство на темава.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Ја еве ќе ти реплицирам на цел пост, шо има врска. Не за друго, обожавам да ги докажувам твоите поенти и тоа колку се маестрално дуални, па имаат две шила со подеднаква тежина и за нив не постои противтежа. Mac, you argumentative juggernaut. :love:

Имаш огромен пост каде што само ги докажуваш моите поенти, јас ќе бидам краток во цитирање и еве, ќе го издвојам делот кој не ти е јасен, ќе ти го болдирам и ќе го објаснам.
Во твојот прв пост на темава, улетуваш од никаде и имплицираш дека "другите се глупи, не се достојни за твојот и паметот на Bioware" и иако никаде не го кажуваш тоа директно против форумџиите, само слеп човек (што не би можел буквално да го прочита твојот пост) не би го заклучил тоа од истиот пост.

Како капак на се, во првата реплика кон мене пак пишуваш COD играч, а еве во втората веќе твојата намера за навредување на темава, а не разјаснување, станува јасна (со тоа што мојата пример секвенца за тебе ја користиш против мене, генијално).
Има разлика од глупав до мрзлив. Јас го форсирав моментот "мрзлив", ти во прво лице еднина го наметна другиот момент. Јас го прифатив. Далеку од тоа да спорам за твојата лична интерпретација во моменти кога нема соодветен линк да ти објасни како да изреагираш.
Шега настрана, тој bias кој го имаш не е на место. Она што јас го интерпретирав како обид за подигнување на нивото на размислување кај играчите и лошиот предзнак кој го носи неприфаќањето на таквата одлука ти ми го протолкува како атак кон ЛИЧНОСТИТЕ на играчите. И тоа не е точно. Тоа е атак кон навиките на играчите. Еднодимензионалните очекувања кои ги имаат во однос на продуктот. "CoD играч" не е дијагноза, туку е забелешка. Навиките се менуваат. Идиот со IQ 40 никогаш нема да аседентира во гениј. Мрзлив човек, за сметка на тоа, може да стане продуктивен. Во таа насока беше напишан и постот.
Затоа и ти пишав дека навлегуваш во опасна територија. Прво обвинуваш дека локализацијата е плагијат, а живееш во општество кое се темели на локализација, а второ, се наоѓаш себеси за повикан, на шупливи темели да даваш дијагноза за нечија наводна, себепрокламирана возвишеност.

Логиката на нештата е многу проста, затоа не ја гледам потребата да ми ја разјснуваш во големи постови. Еве, ќе ти ја пишам во една реченица:

Ако крајот на играва беше перфектен, немаше потреба никој (глупите CoD играчи и возвишената Разиел раса) да оди по форуми за да си ги потврдува теориите. Пак ќе те прашам, дали ми ја сфаќаш поентата и потоа ќе претпоставам дека не ми ја сфаќаш, па ќе го симплифицирам ова малце:

Крајот на играта треба да донесе closure во самата игра, а не преку фан теории на интернет.
Taка е бе. Треба closure. Мене не ми е јасно како луѓе уште тупат по форуми за Space Odyssey, за Blade Runner, за Fight Club, за Процес, за Странецот, Браќа Карамазови, Демијан...и едно чудо други било филмски, било литературни дела. И мене не ми е јасно со која цел се отвараат цели дебати за мотивацијата на главниот лик, за чудните сцени кои се толку антропоморфни, што немаат никаква кохезија со остатокот од делото, а сепак, ете, припаѓаат таму. Оној па, идиотот Линч(кој го спомнав во за тебе спорниот прв пост), па врска нема бе тоа што го режира. Ниеден од тоа филмовите негови нема смисла. Ни closure ни moisure. Од кај тој Линч доби пиетет за авангарден, напреден режисер?
Смотана работа. Како млади мајмуни одат по форуми за да си потврдат теорија дека "Одисеја" е религиозно патешествие кое зборува за транседенција или што ти ја знам. Никаде во филмот нема такво нешто. Ни транседенција ни аседенција ни бутур. Саде сликички. Ни дијалог нема. :(
Ај да не тупам, you get the point.

Дали јас, ти, Станко или Бибил сме сфатиле нешто или не, тоа е ирелевантно во случајов, бидејќи не е темава за да си ги мериме. Грото играчи почнаа да се бунат БАШ зашто крајот не е во стилот на триологијата, со што твојата теорија дека не им се допаднал крајот заради нивната глупавост, паѓа во вода.

Да резимираме: влегуваш на тема и ги напаѓаш луѓето со "туѓи" зборови, поентата која ја правиш воопшто не ти е точна и капак на се, ја користиш иста онаа "форумџиска" финта која е употребена над милион пати - оној што те нападна, мора да се осетил навреден од твоите зборови.
Али хеј, ако ти и понатаму сакаш да продолжиш да се осеќаш возвишено над другите, by all means, реплицирај ми и уште еднаш докажи ја мојата поента за твоето присуство на темава.
И уште еднаш, за да не се повторуваме до бескрај: не заради глупавост, туку заради мрзеливост. И не се согласувам баш дека толку доминира едната страна. Играчите се подвоени. Една работа за која и јас се согласувам е таа дека споредните ликови мораат да добијат своја приказна. Последниот дел со бродот, бегството и екипажот(штуро набројувам, да нема спојлери) МОРА да се објасни, be it a dream sequence or fact. Stargazer моментот--нема зошто да се објаснува.
Ако ништо друго(согласно болдот), тогаш на играва може слободно да и се бележи судбината на многу уметнички дела кои во свое време не наишле на добар одзив. И тоа е океј. Така функционира општеството. Но, како појдовна точка за размислување и отварање перспективи во дизајнот на игрите и нивната порака, итекако е напредок.

За крај, едно видео/мини спојлер/заебанција за тоа што нема final boss во играта. Колку да се разведриш малку, О dear puritan.

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Разиел,оние кои бараат промена на епилогот не го бараат тоа за да добијат среќен крај(иако има такви на кои не им смета да добијат Star wars-ROTJ крај),туку крајот да не биде нешто полно со недоследности.

Епилогот на МЕ3 е преполн со недоследности кои за 5 минути го уништуваат се она што е воспоставено во првите 2 приказни на МЕ.

Би пишал купишта текстови,но Енгри Џо убаво сумира зошто крајот го уништи МЕ.

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
приглуп COD играч кој пропагира и спамира линкови. ;)
Остави ги тие играчи, не ти сметаат.

Зошто преку сила?
Оти ниедно трето (директно) продолжение не било направено со љубов. Жими сенката од магарето била замислена како трилогија. Направија што направија и отпосле некаде си рекле ќе го цицаме ова низ три дела. Незнаеме точно како ќе бидат останатите два ама ќе сматкаме нешто. Епа ете сматкаа.

На крај, ако ништо друго, не би требало да си противник на ваква насока во дизајнот на високобуџетните игри баш од таа причина дека оди спротивно од етаблираните run of the mill правила на кои сме навикнале. Самиот момент во кој the game speaks to its player е достоен за почит.
Што е спротивно од тие правила? Тоа што врие со неигриви сцени или тоа што е пињау пињау со вонземјани? Ја видов МЕ3, ги видов „катсцените“ и веднаш си заминав.

Јас ќе одам до тој степен и ќе речам игрите без приказна се подобри од тие со приказна. Интерактивност на прво место.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Јас ќе одам до тој степен и ќе речам игрите без приказна се подобри од тие со приказна. Интерактивност на прво место.
A Deus ex?A Thief?System shock?
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ептен офтопик ќе забегаме, има тема и за триологијата цела, ама ајде овде да продолжиме, па ќе ги преместам ако треба постовите.

Значи вака, да не цитирам пак, ќе кажам мене тоа што не ми одговараше - го сфаќам муабетот за Lynch style во режирање на крајот на играва, но токму тоа е проблемот...

Мислам дека не може цела игра, цела триологија од 100+ саати да биде ала Мајкл Беј, акција и Star Wars филинг, за оддеднаш на крај во последните 5 минути да се сврти во Mullholland Dr. филм. За да има таков крај, треба целата игра да биде таква, а не само последните 5 минути од 100 часовно искуство.

Друго што ми сметаше е дека, дури и да е вистина ова со индоктринацијата, како тогаш на крај на "лошиот" избор (контрола), пак Шепард ги контролира риперите и ги оттрга од битката? Нели тоа би требало да биде илузија?
Значи двата краја се само со мали варијации, а водат до истото нешто. Ако теоријата е точна, тогаш едноставно НЕВОЗМОЖНО би било да водат до истото нешто, односно до холивудскиот крај на војната кој го видовме.

Ако крајот пак е халуцинација на Шепард, тогаш откако умре и во двата краја, не треба да гледаме веќе ништо...а не како Џокер и пола екипаж бегаат на непозната планета.

Проблемот, врти-сучи, е во тоа што со било која теорија, крајов е неискажан. Не само заради дупките, него како што и Разиел спомна, приказната на side ликовите. Јас сум бил преку 100 часа со нив, барем на крај да има 10 минути текст што со нив...

Не можам ова да го споредам со ремек-дело како Fight Club, каде што е кристално јасно што се случува на крајот.

Но, ова се само муабети во ветер...DLC ќе има дефинитивно, кое "нема да го измени крајот, туку само ќе го надополни". Според мене, Bioware намерно си оставија слободен простор за интерпретација, бидејќи секој дефинитивен крај (без разлика добар или лош) ќе беше начекан на нож кај дел од играчите. Вака, бар дел од приказната е надополнета од играчите, сега 90% од работата им е завршена.

Единствениот начин каде што сите ќе бевме среќни се 16те различни краја, каде што според досегашните акции во играта, како и финалниот избор, сами ќе ја завршевме приказната за Шепард, како што и беше ветено. Но, иако ова беше идеална варијанта за сите, не им се допаѓаше на EA, а како што знаеме они се rEApers, па затоа мислам дека ова што сега се случува е нивно масло и е далеку од замислените концепти за крај на приказната кои Bioware ги имале во 2006-7 година...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Значи вака, да не цитирам пак, ќе кажам мене тоа што не ми одговараше - го сфаќам муабетот за Lynch style во режирање на крајот на играва, но токму тоа е проблемот...

Мислам дека не може цела игра, цела триологија од 100+ саати да биде ала Мајкл Беј, акција и Star Wars филинг, за оддеднаш на крај во последните 5 минути да се сврти во Mullholland Dr. филм. За да има таков крај, треба целата игра да биде таква, а не само последните 5 минути од 100 часовно искуство.
Друго што ми сметаше е дека, дури и да е вистина ова со индоктринацијата, како тогаш на крај на "лошиот" избор (контрола), пак Шепард ги контролира риперите и ги оттрга од битката? Нели тоа би требало да биде илузија?
Значи двата краја се само со мали варијации, а водат до истото нешто. Ако теоријата е точна, тогаш едноставно НЕВОЗМОЖНО би било да водат до истото нешто, односно до холивудскиот крај на војната кој го видовме.

Ако крајот пак е халуцинација на Шепард, тогаш откако умре и во двата краја, не треба да гледаме веќе ништо...а не како Џокер и пола екипаж бегаат на непозната планета.
Во овој случај можам да се правам паметен, oнака провидно и да ти набројувам примери од дела со такви anticlimax завршници. Во случајов, ќе се согласам дека подобра варијанта е крајот да биде верен на митологијата и приказната. Ама ај да ставиме противтежа на тоа. Јас, како тежок поклоник на теоријата за индоктринација, мислам дека ако го немаше тој build-up, целата сублиминалност на "the game indoctrinates you" ќе ја изгубеше цела тежина. Ме фасцинираше моментот кога веднаш тргнав таму кај што светкаше плавко. :)
Па се вратив кога ми текна дека тој ксенофобот го пропагираше истото.
Па тргнав кај зеленкото.
Па се вратив кога ми текна дека Reapers го пропагираа баш тоа.
На крај црвенкото го мислев 5-10 минути и пукав оти црњата би пукала така(racial bigotry FTW).
Кога видов на YewTube дека секој крај е ист со различни боички, ми се зголеми разочарувањето од финишот. Може ја имав среќата и ми се падна крајот во кој се буди батката сред рушевини, па знаев дека целата шпица е wishful thinking on the part of our Hero...ама после и тоа ми снема смисла; Shepard веќе уништи Mass Relay во двојката, знае какви реперкусии носи тој чин, па не би имал wishful thinking халуцинација во која го разнесува цел универзум. Тоа ми е единствен plot hole, дури и во теоријата на индоктринација, ама после таквата сензација дека маме ми изеба една игра, се помирив.

Но, ова се само муабети во ветер...DLC ќе има дефинитивно, кое "нема да го измени крајот, туку само ќе го надополни". Според мене, Bioware намерно си оставија слободен простор за интерпретација, бидејќи секој дефинитивен крај (без разлика добар или лош) ќе беше начекан на нож кај дел од играчите. Вака, бар дел од приказната е надополнета од играчите, сега 90% од работата им е завршена.
Добро што во постот го спомна Mullholland. Јас би ги придодал Clockwork Orange, Stalker...
Приказните таму се 99% надополнувани од гледачите и фановите. Тоа режисерите ги прави лоши and/or неспособни? Не. Во конкретниве случаи, основниот примат е "генијалци".
Да не им давам и јас премногу на значење, факт е дека триологијата се замрси неповратно, со троцифрен број на ситни и крупни, битни и небитни одлуки на еден двапати импортиран Shepard. За да не ја сјебат, компромитираа со уметнички набилдан крај+subliminal showmanship+Клинт факинг Мансел.
Јас типувам на full out експанзија ем 20тина комада DLC срања. Ќе молзат EA пари док се може.

Единствениот начин каде што сите ќе бевме среќни се 16те различни краја, каде што според досегашните акции во играта, како и финалниот избор, сами ќе ја завршевме приказната за Шепард, како што и беше ветено. Но, иако ова беше идеална варијанта за сите, не им се допаѓаше на EA, а како што знаеме они се rEApers, па затоа мислам дека ова што сега се случува е нивно масло и е далеку од замислените концепти за крај на приказната кои Bioware ги имале во 2006-7 година...
И замисли ти каков креативен импулс можеш да имаш под таква скрупула на Евреи од Пеколот како EA. Пред неколку месеци баш пишав на форумот дека со притисокот од EA, Dragon Age, која и така беше многу лоша игра, после двојката и целиот тој кретенски конзолашки пристап стана ужасна игра. И дека црно и се пишува и на Mass Effect. Споредбено со судбината на Dragon Age, во случајов нас ни падна секирата во медот. Добро се снајдоа.
Сосем добро.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Рази,го спомна релејот што Шеп го уништи во двојката.Зарем не беше востановено во кецот дека е невозможно да уништиш Мас релеј?
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Рази,го спомна релејот што Шеп го уништи во двојката.Зарем не беше востановено во кецот дека е невозможно да уништиш Мас релеј?
Беше бе.
Нo...WHEN AN UNSTOPPABLE ASTEROID MEETS AN IMMOVABLE RELAY....LULZ INSUE APLENTY. :D
Знаеш...ако почнеме со plot holes во серијалов, ќе имаме многу плоден разговор. И ќе ни треба многу слободно време.
Не се малку. :)

P.S. Кои nerd-ови сме, човече. Бетер сме од овој:
:pos:
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Беше бе.
Нo...WHEN AN UNSTOPPABLE ASTEROID MEETS AN IMMOVABLE RELAY....LULZ INSUE APLENTY. :D
Знаеш...ако почнеме со plot holes во серијалов, ќе имаме многу плоден разговор. И ќе ни треба многу слободно време.
Не се малку. :)

P.S. Кои nerd-ови сме, човече. Бетер сме од овој:
:pos:
Како тргнале работите испаѓа дека МЕ е онолку сериозен колку што е Red dwarf .

Бар не сме побетер од Смадбој
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Знаете што? И мене ми текна на една теорија за крајот.

MAAASSSS

EFFECTT

4
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Од Твитер.
ExtraCreditz: Bwahaha...Was just talking to the marketing director of another major game company about the ME3 ending. Here's their direct words. -JP
ExtraCreditz: I'm increasingly convinced that they did not fail at marketing where that ending is concerned
ExtraCreditz: as soon as they release the alternate/elaborated ending DLC with a price tag, the whole thing will light up again
ExtraCreditz: and EA Marketing will laugh and rub their hands together evilly
ExtraCreditz: and I will probably buy it, goddamn them! (And now I'm done spamming, I just thought that was too good not to share)

Мас ефект 4, мас ефект длц, и двете носат пари. Значи сепак за пари било сето тоа.
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
Само што ја изиграв тројката, откако ги преиграв пак кецот и двојката, се на се едно 200 саата имам потрошено на играва :)

Феноменална трилогија, права Space Opera, одлична нарација, ликови, акција, сценографија, voice overs, музиката.

Крајот можеше да биде подобар али јебига, прикладно депресивен беше, се осетив исто кога заврши Lost, тажен што нема да има веќе, и максимално збунет.

Гледано генерално Mass Effect трилогијата е една од најдобрите игри на оваа генерација. А според мене дефинитивно Commander Shepard е најбоље главен лик некад во видео игра.

Иначе најавија Bioware, Extended Cut DLC што ќе биде безпари и ќе ги надоврзе недоследностите и ќе дообјасни работите, со нови дијалози и cutscenes.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom