Ја еве ќе ти реплицирам на цел пост, шо има врска. Не за друго, обожавам да ги докажувам твоите поенти и тоа колку се маестрално дуални, па имаат две шила со подеднаква тежина и за нив не постои противтежа. Mac, you argumentative juggernaut.
Имаш огромен пост каде што само ги докажуваш моите поенти, јас ќе бидам краток во цитирање и еве, ќе го издвојам делот кој не ти е јасен, ќе ти го болдирам и ќе го објаснам.
Во твојот прв пост на темава, улетуваш од никаде и имплицираш дека "другите се глупи, не се достојни за твојот и паметот на Bioware" и иако никаде не го кажуваш тоа директно против форумџиите, само слеп човек (што не би можел буквално да го прочита твојот пост) не би го заклучил тоа од истиот пост.
Како капак на се, во првата реплика кон мене пак пишуваш COD играч, а еве во втората веќе твојата намера за навредување на темава, а не разјаснување, станува јасна (со тоа што мојата пример секвенца за тебе ја користиш против мене, генијално).
Има разлика од глупав до мрзлив. Јас го форсирав моментот "мрзлив", ти во прво лице еднина го наметна другиот момент. Јас го прифатив. Далеку од тоа да спорам за твојата лична интерпретација во моменти кога нема соодветен линк да ти објасни како да изреагираш.
Шега настрана, тој bias кој го имаш не е на место. Она што јас го интерпретирав како обид за подигнување на нивото на размислување кај играчите и лошиот предзнак кој го носи неприфаќањето на таквата одлука ти ми го протолкува како атак кон ЛИЧНОСТИТЕ на играчите. И тоа не е точно. Тоа е атак кон навиките на играчите. Еднодимензионалните очекувања кои ги имаат во однос на продуктот. "CoD играч" не е дијагноза, туку е забелешка. Навиките се менуваат. Идиот со IQ 40 никогаш нема да аседентира во гениј. Мрзлив човек, за сметка на тоа, може да стане продуктивен. Во таа насока беше напишан и постот.
Затоа и ти пишав дека навлегуваш во опасна територија. Прво обвинуваш дека локализацијата е плагијат, а живееш во општество кое се темели на локализација, а второ, се наоѓаш себеси за повикан, на шупливи темели да даваш дијагноза за нечија наводна, себепрокламирана возвишеност.
Логиката на нештата е многу проста, затоа не ја гледам потребата да ми ја разјснуваш во големи постови. Еве, ќе ти ја пишам во една реченица:
Ако крајот на играва беше перфектен, немаше потреба никој (глупите CoD играчи и возвишената Разиел раса) да оди по форуми за да си ги потврдува теориите. Пак ќе те прашам, дали ми ја сфаќаш поентата и потоа ќе претпоставам дека не ми ја сфаќаш, па ќе го симплифицирам ова малце:
Крајот на играта треба да донесе closure во самата игра, а не преку фан теории на интернет.
Taка е бе. Треба closure. Мене не ми е јасно како луѓе уште тупат по форуми за Space Odyssey, за Blade Runner, за Fight Club, за Процес, за Странецот, Браќа Карамазови, Демијан...и едно чудо други било филмски, било литературни дела. И мене не ми е јасно со која цел се отвараат цели дебати за мотивацијата на главниот лик, за чудните сцени кои се толку антропоморфни, што немаат никаква кохезија со остатокот од делото, а сепак, ете, припаѓаат таму. Оној па, идиотот Линч(кој го спомнав во за тебе спорниот прв пост), па врска нема бе тоа што го режира. Ниеден од тоа филмовите негови нема смисла. Ни closure ни moisure. Од кај тој Линч доби пиетет за авангарден, напреден режисер?
Смотана работа. Како млади мајмуни одат по форуми за да си потврдат теорија дека "Одисеја" е религиозно патешествие кое зборува за транседенција или што ти ја знам. Никаде во филмот нема такво нешто. Ни транседенција ни аседенција ни бутур. Саде сликички. Ни дијалог нема.
Ај да не тупам, you get the point.
Дали јас, ти, Станко или Бибил сме сфатиле нешто или не, тоа е ирелевантно во случајов, бидејќи не е темава за да си ги мериме. Грото играчи почнаа да се бунат БАШ зашто крајот не е во стилот на триологијата, со што твојата теорија дека не им се допаднал крајот заради нивната глупавост, паѓа во вода.
Да резимираме: влегуваш на тема и ги напаѓаш луѓето со "туѓи" зборови, поентата која ја правиш воопшто не ти е точна и капак на се, ја користиш иста онаа "форумџиска" финта која е употребена над милион пати - оној што те нападна, мора да се осетил навреден од твоите зборови.
Али хеј, ако ти и понатаму сакаш да продолжиш да се осеќаш возвишено над другите, by all means, реплицирај ми и уште еднаш докажи ја мојата поента за твоето присуство на темава.
И уште еднаш, за да не се повторуваме до бескрај: не заради глупавост, туку заради мрзеливост. И не се согласувам баш дека толку доминира едната страна. Играчите се подвоени. Една работа за која и јас се согласувам е таа дека споредните ликови мораат да добијат своја приказна. Последниот дел со бродот, бегството и екипажот(штуро набројувам, да нема спојлери) МОРА да се објасни, be it a dream sequence or fact. Stargazer моментот--нема зошто да се објаснува.
Ако ништо друго(согласно болдот), тогаш на играва може слободно да и се бележи судбината на многу уметнички дела кои во свое време не наишле на добар одзив. И тоа е океј. Така функционира општеството. Но, како појдовна точка за размислување и отварање перспективи во дизајнот на игрите и нивната порака, итекако е напредок.
За крај, едно видео/мини спојлер/заебанција за тоа што нема final boss во играта. Колку да се разведриш малку, О dear puritan.