Mass Effect 3

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Добро бе, до толку е лоша играва/крајот што ORIGIN и AMAZON ги враќа парите назад на секој што не е задоволен од играва?

Ги играв претходните две, да знам барем за оваа да не ја ни почнувам... да им ја вратам на Zamunda :)
Како прво, самиот гејмплеј е потапа од двојката, side-quest-овите се во најмала рака дебилни и досадни, за разлика од оние во 2ката каде што им помагаше на членовите на тимот.
Додека играш, си викаш "ајде ако, битно причата ќе биде профи!", што и јаки моменти низ играта...но крајот ќе те остави празен, премногу празен.

Затоа сфаќаш дека си играл потапа игра него двојката и дека уствари на крај, не ни вредело. Јесда многу добра теорија со индоктринација се врти, ама не верувам дотолку паметни да се Bioware.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Но сите вие кажувате дека играта е тапа, споредена со претходните два дела. Двојката беше кулминацијата во серијалот, тешко дека од таму можеше и погоре. Сепак, Mass Effect 3, разгледувана како индивидуална игра, е одлично остварување. :)

Со оглед на тоа што е од BioWare, ме потсеќа на ситуацијата што настана и откако излезе Star Wars: Knights of the Old Republic 2. Разочараност, чувство на недовршеност и неспоредливост со првиот дел. :)
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Со оглед на тоа што е од BioWare, ме потсеќа на ситуацијата што настана и откако излезе Star Wars: Knights of the Old Republic 2. Разочараност, чувство на недовршеност и неспоредливост со првиот дел. :)
Со тоа што BioWare не ја правеа KotOR 2. Така да тогаш не бевме разочарани од нив.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
^
Но по предлог на BioWare беа избрани Obsidian, така што ДА, многумина беа разочарани токму од BioWare, и нивниот избор да се фокусираат на Jade Empire, додека волку чувствителен наслов оставија кај нивен партнер.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Не може да не ја споредуваме со двојката, затоа што играва се вика Mass Effect = 3.

Двојката беше кулминација, ама имаше толку повеќе материјал, на неа оставив 30+ саати, а не се ни замарав со сите side-missions како овде...во тројкава ја свртев за 26 саати, играјќи се, ама буквално се.

Лесно е да се прави продолжение, бидејќи барем во некој аспект ќе биде подобра играта од претходната. Еве, Uncharted 3 има некои мани према двојката, но затоа има и доста подобрени работи. Во ME 3, ништо, ама баш ништо не е подобро од двојката...напротив.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
До пред некое време мислев дека сум меѓу ретките кои го бранат крајот на Mass Effect 3.
Но, ако се испостави за точна "теоријата на индоктринација", тогаш Mass Effect 3 автоматски представува метафизичко искуство и врв на интерактивната забава. Феноменален statement за влијанието кое сутилно ни го вршат медиумите(во било која форма) преку експлоатирање на НИВНИТЕ концепции за good guys/bad guys -- good choices/bad choices за да не' заебат во крајната одлука.
Ќе изоставам спојлери за да ја поткрепам тезата, има на интернет доволно пишувано и поткрепено од други играчи. На хејтерите им останува да се соочат со фактот дека интерактивниот дел од искуството и оној "Дејвид Линч" момент кој остава простор играчот сам да интерпретира се вградени во датабазата на вистинскиот гејминг, а Bioware на тоа поле итекако создадоа маестрален производ и уште подобар завршеток. Само мрзлив гејмер би ги обвинил Bioware дека биле мрзливи кога го пишувале крајот. Ако потклекнат пред наездата на мрзливи гејмери и решат да направат DLC со поинаков крај, ќе бидам разочаран.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
А што целава финта со крајот во МЕеее3? Нека ми испојлериса некој слободно.

Мислам крајот на една игра воопшто не треба да биди важен. Во идеален случај секоја партија на една игра има различен крај кој е направен од самите играчи. И од различноста на краевите едноставно дискусијата дали бил ваков или онаков е небитна. Во шах, играта не ти служи крај кој го вади од нигде никаде.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
А што целава финта со крајот во МЕеее3? Нека ми испојлериса некој слободно.

Мислам крајот на една игра воопшто не треба да биди важен. Во идеален случај секоја партија на една игра има различен крај кој е направен од самите играчи. И од различноста на краевите едноставно дискусијата дали бил ваков или онаков е небитна. Во шах, играта не ти служи крај кој го вади од нигде никаде.
Треба малку од малку да ја знаеш тематиката за да може да ти се објасни. Ќе пробам, ама бледо ќе изгледа...

Крајот на Mass Effect 3 ти дава само три опции, кои една со друга се разликуваат во децимали, а крајниот резултат е, навидум, идентичен. Низ целата игра главниот pitch кој дава каква-таква слобода во делувањето е поларизиран на добри(paragon) и лоши/бескрупулозни(renegade) одлуки. Вториот pitch е иманентно доаѓање на супер моќни машини наречени Reapers чија цел е преку индоктринација(манипулирање со умот на органските суштества) и harvesting(прибирање органски суштества и нивна модификација бла бла бла) да го завршат циклусот на прогрес кај органскиот живот и да се "хранат" со него се до новиот циклус и аседенцијата на нов органски живот. Reaperitorum e mater harvestorum.
Целта на Shepard е да ги спречи, да ја мобилизира галаксијата, бла бла бла, да ја спречи индоктринацијата и во една, последна епска битка, да ја спаси земјата и цееееелиот универзум од сигурна смрт.
Fast forward до крајот на тројката и до двете основни точки(одлуките низ серијалот и индоктринацијата), крајниот логичен заклучок е дека ТИ, играчот, си индоктриниран од играта. По систем на репетиција во концептот на Добро и Зло, го правиш сосем спротивното од она за кое си се борел низ цел серијал. Што и да правиш--грешиш. You go Renegade--it's wrong, coz we all know that renegade is bad, don't we now? You go Paragon, you're wrong--coz you cannot control something as vastly superior as the Reapers, with PHD's about Control. За реперкусиите од третата опција нема да навлегувам, ама и тие се посер за играчот.

Bibil, мораш да го играш серијалов, вака џабе ти дробам.
Од една страна, ќе го мразиш оти е линеарен и оти е трасиран. Од друга страна, кога ќе стигнеш до крајот и ќе го видиш завршетокот на тројката, секоја хипстерска пора од твоето битие ќе се наежи од среќа за таквиот mindfuck кој Bioware и' го приредија на генерално мрзливата и приглупа Call of Duty публика. Ти гарантирам.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
СПОЈЕРИ!ЧИТАТЕ НА СВОЈ РИЗИК.




Проблемот со крајот не е начинот на кој дојде до епилогот-како заврши Шепард,неговите компањони и целата галаксија.Ај ќе го сварам фактот што Bioware наместо 16 различни краеви како што ветуваше пред да излезе МЕ3 ни даде само еден со мали измени(pick red,blue,green splosion) во стилот на Hyperion од Ден Симонс.

Проблемот е што на крајот се објаснуваат мотивите на косачите кои во најмала мера се мутави.

Yo dawg,I heard you don't wanna be killed by synthetics,so we created synthetics to kill you so you won't be killed by synthetics.

Можеби ќе беше подобро да не спомнат зошто косачите го прават тоа што го прават,да остават причините да бидат мистерија.Бар така ќе испаднеше помалку смешно.

Друг проблем-крајот создава дупки во приказната со големина на Јупитер.Starchild,господарот на косачите е Цитаделата целото време.Ако Цитаделата е господарот цело време,тогаш зошто во кецот косачот Sovereign мораше рачно да ја активира Цитаделата која патем во кецот беше опишана како мас релеј кој е поврзан со релејот на косачите во Dark space воопшто беше потребен?Зарем не може еден ентитет како Цитаделата/Starchild сам да се отвори за да им даде пристап на другите косачи?И како се појави Цитаделата на земјата?Зошто Џокер избега од битката?итн итн........

А за индоктрин теоријата-ако е точна тогаш капа им симнувам на Bioware за мајндфакот.Ако не тогаш испаѓа дека еден обичен тип кој се бави со фанфикции има побијна фантазија од целиот сценариски тим на Bioware.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
До пред некое време мислев дека сум меѓу ретките кои го бранат крајот на Mass Effect 3.
Но, ако се испостави за точна "теоријата на индоктринација", тогаш Mass Effect 3 автоматски представува метафизичко искуство и врв на интерактивната забава. Феноменален statement за влијанието кое сутилно ни го вршат медиумите(во било која форма) преку експлоатирање на НИВНИТЕ концепции за good guys/bad guys -- good choices/bad choices за да не' заебат во крајната одлука.
Ќе изоставам спојлери за да ја поткрепам тезата, има на интернет доволно пишувано и поткрепено од други играчи. На хејтерите им останува да се соочат со фактот дека интерактивниот дел од искуството и оној "Дејвид Линч" момент кој остава простор играчот сам да интерпретира се вградени во датабазата на вистинскиот гејминг, а Bioware на тоа поле итекако создадоа маестрален производ и уште подобар завршеток. Само мрзлив гејмер би ги обвинил Bioware дека биле мрзливи кога го пишувале крајот. Ако потклекнат пред наездата на мрзливи гејмери и решат да направат DLC со поинаков крај, ќе бидам разочаран.

Почнав да те читам и си викам "Чекај бе, како да читам некој лош македонски превод на фан теорија". И види мајката, во право сум бил.

"With the assistance of countless others' highly important observations in this thread, I sumbit to you that possibility the endings of ME3 represent the highest form of the metagaming experience."

Не знам што се мачиш да излезеш паметен на темава, ала не-COD-мрзлив плеер, едноставно дај ги линковите и остај ги луѓето да читаат на раат.

http://social.bioware.com/forums/forum/1/topic/355/index/9727423/1

http://w11.zetaboards.com/Theorycraftng_HUB/topic/7698722/1/
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Косачите = Борговите од Ѕвездените Патеки? И се е јасно.

Како и да е мислам сфаќам што е работава.

Значи тебе косачите веќе те заебале и ти го испрале мозокот и тоа што мислиш дека е добро е во нивна корист, тоа што мислиш дека е лошо пак е во нивна корист и ти секогаш губиш. И тоа е како некоја алегорија за сегашниве медиуми што ни го пишуваат нашиот морал? Практички ставајќи ги и претходните два мас ефекта како дел од тие медиуми?

Или поинаку кажано, на крајот играта ти вели се се што правеше досега не беше во твоја контрола туку беше однапред испланирано од Косачите. „не беше во твоја контрола“ - во МЕ3 со еден глуп крај мајсторски се крши едно од основните правила на дизајн на игри. Во исто време со тоа се дава критика на сите игри што го имитираат филмот, вклучувајќи се и себе си?

Тоа е кога преку сила туркаат трето продолжение кога и самите не знаат како да продолжат.
-----
Mass Effect 3 автоматски представува метафизичко искуство и врв на интерактивната забава.
Преведено или не ова што треба да значи? Метафизичко или metagaming?
А за врв на интерактивната забава.. не. Ако ме прашаш мене кој ти се најдобро игри на сите времиња ќе останиш без одговор. Игрите и општо сите интерактивни дела со доволно големи, а во иднина ќе бидат и неколку пати поголеми за да се направи таков избор.

секоја хипстерска пора од твоето битие ќе се наежи од среќа за таквиот mindfuck кој Bioware и' го приредија на генерално мрзливата и приглупа Call of Duty публика. Ти гарантирам.
Што е ова, зајакот на магарето му вика имаш големи уши? Види јас ко ги критикувам вискобуџетците, мејнстримот, не го правам тоа заради хипстерашење. Го0 правам оти имам некава идеологија за видеоигрите и спред неамногу високобуџетци прават многу грешни работи. И според таа идеологија во иднина би правел игри.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Како и да е, едно е сигурно: DLC ќе има, а со тоа и шанси да се пренасочат некои „правци“ на приказната. :)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Не знам што се мачиш да излезеш паметен на темава, ала не-COD-мрзлив плеер, едноставно дај ги линковите и остај ги луѓето да читаат на раат.
На многу опасна територија играш овде, т.е. се противиш на "локализацијата" која, умешнa или не, е нормална работа кога се пренесува идеја. Ова како јас тебе на твој рандом пост да ти дадам реплика да не се курчиш многу и да пастираш линк од изворниот податок.
But, no. Localizing ideas is the prime drive of ideas being spread. Бибил си праша, се обидов да му одговорам. Можеби лошо, но сепак подобро од мрзлив, приглуп COD играч кој пропагира и спамира линкови. ;)

во МЕ3 со еден глуп крај мајсторски се крши едно од основните правила на дизајн на игри. Во исто време со тоа се дава критика на сите игри што го имитираат филмот, вклучувајќи се и себе си?

Тоа е кога преку сила туркаат трето продолжение кога и самите не знаат како да продолжат.
Зошто преку сила? Играта беше замислена како триологија, се одвиваше во таа насока и се очекуваше да заврши на нај епски можен начин. Целата триологија имаше одличен pacing, се' до крајот, кога престана да биде холивудски блокбастер и стана пример за сублиминално наведување и набедување на играчот. Тоа не е грешка во дизајн, не е поради предвремено излегување на играта, дупки во сценариото... Такви грешки не се прават во толку скап производ.
На крај, ако ништо друго, не би требало да си противник на ваква насока во дизајнот на високобуџетните игри баш од таа причина дека оди спротивно од етаблираните run of the mill правила на кои сме навикнале. Самиот момент во кој the game speaks to its player е достоен за почит. Можеби не е на нивото кое го достигнале игри како The Pаth или Journey...но е повеќе од доволно за игра со таков буџет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom