Машките правила!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.167
Поени од реакции
704
Возраст
39
Ова се нашите правила. Сите се нумерирани со бр.1, намерно.



1. Мажите НЕ СЕ читачи на мисли.


1.
Научи да ја користиш ВЦ шолјата. Голема девојка си. Ако е дигнат капакот, спушти го долу. Нам ни треба подигнат, Вам спуштен. Ама не не слушате нас да се жалиме ако е спуштен, нели?


1.
Неделното спортско попладне е како полната месечина, или плимата и осеката.
Let it be.

1.
Плачењето е уцена.

1.
Побарај што сакаш.
Да разјасниме:
Потсвесните наговестувања не функционираат!
Силните наговестувања не функционираат!
Очигледните наговестувања не функционираат!
Ебате, само побарај, јасно и гласно. Изусти го!

1.
Да и Не се совршено прифатливи одговори на било кое прашање.





1. Дојдете кај нас со проблем само доколку сакате помош за да го решите. Тоа го правиме. Емпатијата и симпатијата се работи за кои постојат пријателките.

1.
Се што сме рекле пред 6 месеци, никако не смее да се искористи при караница.Всушност, сите наши коментари губат значење после 7 дена.

1.
Ако мислите дека сте дебели, веројатно сте во право. Не прашувајте не нас.

1.
Ако нешто што сме рекле е двосмислено, при што едниот начин на интерпретација ве лути или ве растажува, сме го мислеле она другото.


1.
Можете ИЛИ да не замолите да направиме нешто, ИЛИ да ни кажете како сакате да биде направено. Не и двете работи истовремено. Ако знаете како да го направите, едноставно сторете го тоа.

1.
Кога е можно...ве молиме, кажете што имате да кажете за време на рекламите.

1.
Нити на Кристофер Колумбо му требаа упатства, нити нас.


1.
СИТЕ мажи гледаат во 16 бои, како Windows default settings.
На пример, Праска за нас е само овошје, а не боја.Сливата исто така е овошје. Немаме поим што значи “угасено виолетово".


1.
Ако некаде не чеша, ќе се почешаме. Тоа е тоа.

1.
Ако ве прашаме што ве мачи и вие одговорите со ништо, ќе се однесуваме како се да е во ред. Знаеме дека лажете, ама, не вреди да се замараме.

1.
Ако поставите прашање на кое не сакате одговор, подгответе се да чуете одговор кој не би сакале да го чуете.

1.
Кога треба да одиме некаде, апсолутно се што ќе носите е во ред. Озбилно.

1.
Не не прашувајте на што мислиме, доколку не сте подготвени да дискутирате за теми како лигата на шампиони во фудбал или последниот натпревар на македонската ракометна репрезентација.

1.
Имате доволно облека.





1. Имате премногу обувки.

1.
Во форма сум. И кружната форма е форма!




 
1. Мажите НЕ СЕ читачи на мисли.


Ниту пак ние.:pipi:


1.Неделното спортско попладне е како полната месечина, или плимата и осеката.
Let it be.

Има ли позалудно трошење на време од ова? Да ве чујам сите...
-НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!

1. Плачењето е уцена.

Ок, ќе бидеме хард кор од сега.


1. Побарај што сакаш.
Да разјасниме:
Потсвесните наговестувања не функционираат!
Силните наговестувања не функционираат!
Очигледните наговестувања не функционираат!
Ебате, само побарај, јасно и гласно. Изусти го!

Не толку директно, ние не би сакале да направиме да се чувствувате повредено.:hehe:


1. Да и Не се совршено прифатливи одговори на било кое прашање.

А кои се совршено прифатливи одговори на “Зошто?“:vozbud:



1. Дојдете кај нас со проблем само доколку сакате помош за да го решите. Тоа го правиме. Емпатијата и симпатијата се работи за кои постојат пријателките.

Затоа и не доаѓаме кај вас.:pipi:



1. Ако нешто што сме рекле е двосмислено, при што едниот начин на интерпретација ве лути или ве растажува, сме го мислеле она другото.

Наше е да си прашаме де. :)



1. Можете ИЛИ да не замолите да направиме нешто, ИЛИ да ни кажете како сакате да биде направено. Не и двете работи истовремено. Ако знаете како да го направите, едноставно сторете го тоа.

Тогаш, каква функција би имале вие? :idiot:



1. Ако ве прашаме што ве мачи и вие одговорите со ништо, ќе се однесуваме како се да е во ред. Знаеме дека лажете, ама, не вреди да се замараме.

Тогаш зашто прашувате воопшто?


1. Кога треба да одиме некаде, апсолутно се што ќе носите е во ред. Озбилно.

Ќе го имаме тоа в предвид.;)

1. Не не прашувајте на што мислиме, доколку не сте подготвени да дискутирате за теми како лигата на шампиони во фудбал или последниот натпревар на македонската ракометна репрезентација.

Не сите мажи се волку ограничени.:yeah:

1. Имате доволно облека.


1. Имате премногу обувки.


Едноставно, никогаш не е доволно, нели? :hehe:
 
Малку да не ти се правила?:pos:
Го поддржувам само тоа со спортското неделно попладне:tv:
 
Маwечко зашо ситничариш до толку:pos:, да земам сега да ти реплицирам на твоите пак ќе испадне дека не си во право.
Иначе ова јас го имам на англиски уште пред 2 години таткоми ми го прати по маил.
 
Maњечко Серпико не постави прашања:)
Едноставно нели правила се. Ама ај да гледаме и на посветлата страна за вас Правилата се поставени за да бидат прекршени:wink:
 
Уште еднаш Серпико ја потврдува својата уникатност во постовите.:pos2::pos2::pos2:
 
1. СИТЕ мажи гледаат во 16 бои, како Windows default settings.
На пример, Праска за нас е само овошје, а не боја.Сливата исто така е овошје. Немаме поим што значи

Се пронајдов :)
 
Машкиот свет функционира толку површно, без анализи, ситничарење и практично како што наведе Серпико....
Затоа што женскиов свет навистина го замара животот:)
 
Машкиот свет функционира толку површно, без анализи, ситничарење и практично како што наведе Серпико....
Затоа што женскиов свет навистина го замара животот:)

И што сакаш да кажеш со тоа кога мене ми велиш дека ситничарам????:uvo:
 
И што сакаш да кажеш со тоа кога мене ми велиш дека ситничарам????:uvo:

Јас зборувам општо за машкиот свет во глобала, во која нормално постојат и исклучоци....
Ако си ја имаш мувата на капата, тоа јас не знам:)
 
Jas se slozuvam so Lady, apsolutno go smarate zivotot, a nie gledame da pluivame vo toa vase zensko ludilo.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom