Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.167
- Поени од реакции
- 704
- Возраст
- 39
Ова се нашите правила. Сите се нумерирани со бр.1, намерно.
1. Мажите НЕ СЕ читачи на мисли.
1. Научи да ја користиш ВЦ шолјата. Голема девојка си. Ако е дигнат капакот, спушти го долу. Нам ни треба подигнат, Вам спуштен. Ама не не слушате нас да се жалиме ако е спуштен, нели?
1.Неделното спортско попладне е како полната месечина, или плимата и осеката.
Let it be.
1. Плачењето е уцена.
1. Побарај што сакаш.
Да разјасниме:
Потсвесните наговестувања не функционираат!
Силните наговестувања не функционираат!
Очигледните наговестувања не функционираат!
Ебате, само побарај, јасно и гласно. Изусти го!
1. Да и Не се совршено прифатливи одговори на било кое прашање.
1. Дојдете кај нас со проблем само доколку сакате помош за да го решите. Тоа го правиме. Емпатијата и симпатијата се работи за кои постојат пријателките.
1. Се што сме рекле пред 6 месеци, никако не смее да се искористи при караница.Всушност, сите наши коментари губат значење после 7 дена.
1. Ако мислите дека сте дебели, веројатно сте во право. Не прашувајте не нас.
1. Ако нешто што сме рекле е двосмислено, при што едниот начин на интерпретација ве лути или ве растажува, сме го мислеле она другото.
1. Можете ИЛИ да не замолите да направиме нешто, ИЛИ да ни кажете како сакате да биде направено. Не и двете работи истовремено. Ако знаете како да го направите, едноставно сторете го тоа.
1. Кога е можно...ве молиме, кажете што имате да кажете за време на рекламите.
1. Нити на Кристофер Колумбо му требаа упатства, нити нас.
1. СИТЕ мажи гледаат во 16 бои, како Windows default settings.
На пример, Праска за нас е само овошје, а не боја.Сливата исто така е овошје. Немаме поим што значи “угасено виолетово".
1. Ако некаде не чеша, ќе се почешаме. Тоа е тоа.
1. Ако ве прашаме што ве мачи и вие одговорите со “ништо”, ќе се однесуваме како се да е во ред. Знаеме дека лажете, ама, не вреди да се замараме.
1. Ако поставите прашање на кое не сакате одговор, подгответе се да чуете одговор кој не би сакале да го чуете.
1. Кога треба да одиме некаде, апсолутно се што ќе носите е во ред. Озбилно.
1. Не не прашувајте на што мислиме, доколку не сте подготвени да дискутирате за теми како лигата на шампиони во фудбал или последниот натпревар на македонската ракометна репрезентација.
1. Имате доволно облека.
1. Имате премногу обувки.
1. Во форма сум. И кружната форма е форма!



