Марјан Ѓорѓиевски

  • Креатор на темата Креатор на темата Лајто
  • Време на започнување Време на започнување
Гледаме у последно време по интернетов се избацуваат секакви луѓе со некакви си видеа означени како стенд ап комедијанти. И мислам дека го открив рецептот за успехот кај нас.

  1. Избери си начин за зборување, кој не е вообичаен за поголемиот дел од публиката (ако си од град со невообичаен дијалект - бинго)
  2. Избери тема, која било, само да е поврзана со огромен дел од народов (Ајвар, Школо, Работа, Политика, Спорт, Вечерни излагања, Други работи со голема буква итн.)
  3. Набројуваш што може повеќе на примери од таа тема (да звучиш како да читаш телефонски именик. И тоа од некоја баба. "Митре - на Соколовците помалиот", "Паца - масажерката од Хром", итн.)
  4. Сецкај ги сцените (нека биде ако може после секој 1 збор исецкани сцените. Изгледа како стварно да си се потрудил со монтажата и демек си профи а не дека се снимаш со веб камера од лап-топот)
  5. Дерење, колку што може повеќе (на неколку временски интервали имај кратка сцена (прочитај погоре) каде што можеш да ги покажеш своите вокални способности за тоа како можеш гласно да испушташ недефинирани звуци)
  6. Пцуј (зашто секад се наоѓаат луѓе на кои пцуењето им е смешно)
  7. Биди грд (зашто повеќето луѓе мразат поубави луѓе од нив и ќе те мразат колку и да си смешен)
  8. Биди мизерен (зашто како и погоре - луѓето мразат поуспешни луѓе од нив)
Тоа е тоа. Ако ми текне нешто друго - нема да допишам. Чао.
па пробај се, ете чим си сватил што е финтата. напрај клипче едно , не мораш со обична камера од лаптоп купи некоја поскапа.
за жаргон секој град си има свој акцент така да тука не гледам некој проблем, мада сметам дека источните говори се доста популарни ( к-15).
за убавина кога ке го видиме клипчето , па отпосле ке коментираме, а за под 8 веќе се изкажа.
п.с немој да ме сватиш погрешно, онака само предлог ти давам да си ја пробаш среќата.
 
Не сум атенш хор. Тие што ме знаат - за нив ќе сум смешен. Не ми е гајле дали некоја ученичка од 3-5 при гимназијата Добре Таскалов ќе ми пише под видеото hehehe или пак некој редовен посетител на некој опасен дискач да ме стави на Фејсбук. Битно ми е за тие што ме знаат. Ете затоа.
 
во ред ти држи вода муабетот, некој сака никој да не го знае , некој сака сите да го знаат , а некои едноставно мислат дека знаат се само нејкат да се фалат. кој како си сака, сепак сме демократија.
 
Гледаме у последно време по интернетов се избацуваат секакви луѓе со некакви си видеа означени како стенд ап комедијанти. И мислам дека го открив рецептот за успехот кај нас.

  1. Избери си начин за зборување, кој не е вообичаен за поголемиот дел од публиката (ако си од град со невообичаен дијалект - бинго)
  2. Избери тема, која било, само да е поврзана со огромен дел од народов (Ајвар, Школо, Работа, Политика, Спорт, Вечерни излагања, Други работи со голема буква итн.)
  3. Набројуваш што може повеќе на примери од таа тема (да звучиш како да читаш телефонски именик. И тоа од некоја баба. "Митре - на Соколовците помалиот", "Паца - масажерката од Хром", итн.)
  4. Сецкај ги сцените (нека биде ако може после секој 1 збор исецкани сцените. Изгледа како стварно да си се потрудил со монтажата и демек си профи а не дека се снимаш со веб камера од лап-топот)
  5. Дерење, колку што може повеќе (на неколку временски интервали имај кратка сцена (прочитај погоре) каде што можеш да ги покажеш своите вокални способности за тоа како можеш гласно да испушташ недефинирани звуци)
  6. Пцуј (зашто секад се наоѓаат луѓе на кои пцуењето им е смешно)
  7. Биди грд (зашто повеќето луѓе мразат поубави луѓе од нив и ќе те мразат колку и да си смешен)
  8. Биди мизерен (зашто како и погоре - луѓето мразат поуспешни луѓе од нив)
Тоа е тоа. Ако ми текне нешто друго - нема да допишам. Чао.

Ахахаха.. нема да ти се верува али вчера размислував да напишам токму вакво упатство за како да бидеш стенд ап комичар, ама ме прејде. (y)

Мислам дека најбитно е да збориш на акцент и да пцуеш без врска, тоа секад пали, а за останатите го предлагам Еди Изард, да видите како се прави стенд ап комедија. ;)
 
Ептен е јак, вчера му ги гледав видеата и стварно ме насмеа.
 
Секоја чест за муабетот, студентски живот у 3 минути. Ги има раскажано сите муабети шо се мотаат меѓу студентите (посебно т.н провинцијалци). За другите не знам али ова му е врв...

На човекот преку еден збор му е „у пичку матер“ .. ретко да има нешто негово кажано. Тапа инспирација.
Жаре е далеку подобар од него. Плус тој од Охрид исто така е добар...
 
Тапа инспирација оти ова го имаш слушано, во реалниот живот т.е. на никој до сеа не му текнало вака смешно да кажува , секој различен вкус некого ќе насмее , некого е вака не му е интересно... ;)
 
На човекот преку еден збор му е „у пичку матер“ .. ретко да има нешто негово кажано. Тапа инспирација.
Жаре е далеку подобар од него. Плус тој од Охрид исто така е добар...
незнам што ве чуди , дечкото си збора на типичен битолски дијалект во кој е најнормален збор е шо и у пичку матер, исто како на охриѓани на нивно фамозно зш така требит, прилепското че , кавадаречкото дека си бе да га ебу и тн тн.
прво информирајте се пред да закачите зелена.
 
незнам што ве чуди , дечкото си збора на типичен битолски дијалект во кој е најнормален збор е шо и у пичку матер,исто како на охриѓани на нивно фамозно зш така требит, прилепското че , кавадаречкото дека си бе да га ебу и тн тн.
прво информирајте се пред да закачите зелена.
Па неможи на секое да збори „у пичку матер“, колку да му налага така дијалектот.
И Цацко збореше на кавадаречки дијалект, ама не завршуваше секоја реченица со „да те ебам“ ..
 
можи можи , си се дружела скоро со некој од бт.
јас секој ден го слушам милион пати така да сосем нормално ми е.
 
Не сум се дружелА.
Не повеќе од мене со „да те е*ам“ ..ама пак не ми е нормално. Ако мисли дека е интересен со тоа нека си тера.
Толку.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom