Марјан Ѓорѓиевски

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Малце совет му треба, ете од мене. Пример.

Помалце примери а повеќе опишување на предметиве. На моменти звучи како да чита телефонски именик. И тоа од некоја баба. "Митре - на Соколовците помалиот", "Паца - масажерката од Хром", итн. итн. Повеќе квалитет отколку квантитет. И да не ги земеш сите примери, барем со добро опишани 5 примера - повеќе ќе насмееш.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Не знам како да ја изразам мојата одбивност кон типов. Од кога излезе со првите клипчиња, на пример тоа "свадби" ме натера да повраќам секогаш кога ќе се спомне овој Марјан.
Значи, како прво многу антипатичен ми е, претерано антипатичен. Не паметам кога последно ваква "популарна" фаца ми била поодбивна од овој Марјан.
Како второ, кој к*р му е хуморот бе? На пример последниот клип - Вид на студент: мамо дајте пари треба за кирија да се плати за сметки... .
Мислам, шо к*р е овај хумор бе? Треба смешно да е ?
Или од клипот Клише муабети - ако не учиш ако не пишиш домашна ќе ти пишам единица.
И кој к*р треба ова да е смешно бе?
Или тој клипот Навивачи, тој е врв на глупоста. Толку напорен клип никогаш не сум гледал. Аууу... какви дерења, какво глумење. Уствари не е тоа глумење, напор невиден, невидена досада е типов.
Како се смеете луѓе на ова бе??? Ова е најмизерниот повик за внимание кој го имам чуено.
Пак уште снима клипови на 2 дена....
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Абе види сеа... зависи кој како го сфаќа тоа famous. :)
Нормално, имаш познат во маало по тоа што е најтепач, познат во продавница по тоа што највеќе се запишува на рецка, познат во банка по тоа што не плаќа редовно, постојат разни видови на познат, веќе коа ќе разглабиме. ;)

Очигледно е дека дечково некој го бутка, после 3 клипчиња на нет одеднаш интервјуа по весници !? Ма дај молим ти се, оти и Охриѓанецот (кој е далеку подобар од него) тогаш нема интервјуа !?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.067
Поени од реакции
23.513
за вкусовите не вреди да се расправа, ама тоа сигурно не е причина да се јади г... и да се прави паметен посебно ако немате ништо зад вас оставено во животот.
наместо тука да си ги кажувате фрустарциите , земите и сработите нешто попаметно и бујрум покажетего на јутуб и тогаш кажете
ЕВЕ ЈАС СУМ ПОДОБАР И ПОИНТЕРЕСЕН. барем за почеток.
за професионален критичар сепак треба нешто и зад себе да имате оставено за да имате грб, инаку само малски чаламџии изигравате.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Гледаме у последно време по интернетов се избацуваат секакви луѓе со некакви си видеа означени како стенд ап комедијанти. И мислам дека го открив рецептот за успехот кај нас.

  1. Избери си начин за зборување, кој не е вообичаен за поголемиот дел од публиката (ако си од град со невообичаен дијалект - бинго)
  2. Избери тема, која било, само да е поврзана со огромен дел од народов (Ајвар, Школо, Работа, Политика, Спорт, Вечерни излагања, Други работи со голема буква итн.)
  3. Набројуваш што може повеќе на примери од таа тема (да звучиш како да читаш телефонски именик. И тоа од некоја баба. "Митре - на Соколовците помалиот", "Паца - масажерката од Хром", итн.)
  4. Сецкај ги сцените (нека биде ако може после секој 1 збор исецкани сцените. Изгледа како стварно да си се потрудил со монтажата и демек си профи а не дека се снимаш со веб камера од лап-топот)
  5. Дерење, колку што може повеќе (на неколку временски интервали имај кратка сцена (прочитај погоре) каде што можеш да ги покажеш своите вокални способности за тоа како можеш гласно да испушташ недефинирани звуци)
  6. Пцуј (зашто секад се наоѓаат луѓе на кои пцуењето им е смешно)
  7. Биди грд (зашто повеќето луѓе мразат поубави луѓе од нив и ќе те мразат колку и да си смешен)
  8. Биди мизерен (зашто како и погоре - луѓето мразат поуспешни луѓе од нив)

Тоа е тоа. Ако ми текне нешто друго - нема да допишам. Чао.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom