Маракана

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
и тоа како ке биде гужва. убиство е.+ ако се закачат некој
елитни господа со мантили и златни ланци на врат и да пушат пури
ке биде килееееееееер.
Ептен говедарски народ сме ЕПТЕН:nesum:
Описов што го даде одговара на Миднајт, а не на Маракана.

Инаку Бендот на ДАМЕ (не е Дени, друже Гижо), се вика WHY NOT.
Инаку типот го имаше на спотот на Дани, на кој носи мајца I BEAT ANOREXIA. И ја пее „Како ли јас да пораснам... се до небо, се до ѕвезди високо...“

Јас не си поминаф лошо минатата сабота. Ми се иде и в четврток, ама лош ми е распоредот со смените на работа, ама ќе киднам порано ако се прави мини-збиранка.
 
Маракано, Маракано, моја сречо, моја рано...


Си ја поминав таму младоста. И уште ќе ја поминувам :)
 
Деца(сега ко сусаро звучам:pos:) ко искусен мараканџија да ви напоменам затоа што гледам еуфорично скокате.

Во сабота музиката е дефинитивно најрокерска, затоа што why not свират малку пожестоки песни( killing in the name-rage against the machine, неколку од SOAD, pearl jam итн) Проблемот со сабота е што скоро секогаш е неподнослива гужва. Сите што сакаат да чујат добро музиче се бутаат таму, а плус тие што не ги пуштаат по дискотекиве доаѓаат таму.

Ако го тргнеме музичкиот аспект и ако разговараме за колку толку пристоен помин тогаш денови за идење(според мене) се понеделник и четрвток(како што знам south park се уште се во понеделник). Затоа што не е ептен гужва за да ти реба 10 мин. да идеш до веце, има повеќе девојчиња поради изборот на песни и едноставно луѓево се порелаксирани за разлика од викенд каде сите се интоксицирани.

Значи ако сакате душата да си ја оставите од дерење и пеење и скокање сабота е денот со вас, а ако сакате исто така одличен помина за вас но и за вашето(претпоставуваме разнолико) друштво тогаш понеделник и четврток без да му ја мислите.
Се разбира освен гижо (и на моменти сусаро и земзела) што секогаш е полн со ентузијазам за маракана за другиве форумџии (со кој што сум поблизок) треба едно убаво молење и две недели уназад закажување па објаснување па компензации и макотрпни преговори за да само ги натераш маракана како опција да ја сметаат. Но имам чуство дека ова брзо ќе се смени(поточно се надевам:pos:)
 
Јоцо еден понеделник што бев, абе умрев у гужва.
 
Секој ебан четврток Бени шо изиграва некоја пејач и компанија ги свират истите песни, во среда тие шо се IQ ли како се викаат немаат врска од музика. Why Not се малку подобри, тие во недела кој се исто не ми се допаѓаат. Во вторник не ми текнува кој свират, а на South Park не сум бил. Јбг многу гужва има скоро секој ден, али едно од ретките попристојни места во ск кај што можеш да излезеш
 
Секој ебан четврток Бени шо изиграва некоја пејач и компанија ги свират истите песни, во среда тие шо се IQ ли како се викаат немаат врска од музика. Why Not се малку подобри, тие во недела кој се исто не ми се допаѓаат. Во вторник не ми текнува кој свират, а на South Park не сум бил. Јбг многу гужва има скоро секој ден, али едно од ретките попристојни места во ск кај што можеш да излезеш
Е па ај да седиме у маало и да свиркаме по цури:pos:
 
Секој ебан четврток Бени шо изиграва некоја пејач и компанија ги свират истите песни, во среда тие шо се IQ ли како се викаат немаат врска од музика.

IQ ми се пријатели па можеби затоа и ќе застанам во нивна одбрана...
Не се воопшто лоши, да беа, немаше да свират во Маракана нели... :wink: со тоа што мене искрено во последно време нивниот стил не ми се допаѓа бидејќи почнаа да стануваат преагресивни, но од друга страна ги обожавам затоа што успеваат фолк, рап и детски песни да ги отсвират во рок варијанта. Интересни се.
А дека немаат врска од музика е исто така твое лично мислење, објективно, не знам дали е тоа точно. Јас сметам дека се солидни музичари.
 
гужва ненормална имаше Саботава како и сите минати саботи
инаку у среда како е со гужва може да ми каже некој??
дека имам на план да идам па ако треба и сам.
 
Маракана е едно од местата каде секојпат си поминувам подобро од претходниот. Не знам зашо е така, го знам на памет репертоарот и на ај кју и на бени и на саутпарк, сум бил и на даме енд френдс, ама секое одење пак ми е интересно. Најверојатно затоа што е многу понеоптеретено од колосеум шема пошо у маракана моеш многу подобро ос помалце пари да си пројдеш за разлика од колосеум каде мал милион ствари те замараат, дали на врата ќе те пуштат да влезеш, внатре со кој ќе седиш, имаш ли женско друштво за внатре, живи глупости за искомплексирани сељаци шо сакат да бидат видени во најголемата градска дискотека со напудрени курвички на штикли со отечени прсти пошо газеле селска калдрма до автобуска и лоу-лајф морони кои собираат пари да купуваат пијачки на маса и да ги сликаат за кадевечер со пуна маса вотка редбул.
Маракана е чил. Ефтини пијачки, згодни типки и супер музика.
 
Јас искачав у Маркана на времето кога свиреа Деј оф, Сешн селекшн, коа пееше Пилева(ама дебела коа беше), и имаше навистина незаборавни журки, мераци, ех само да ги видевте на микрофон Бени и Гиш како ја пеат Мотори..... уфф, стари добри времиња:pipi:
 
Дали некој може да ме извести околу тоа што ќе се случува вечер во Маракана?

Благодарам однапред.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom