Дерби во вистинска смисла на зборот, El clasico на островот, Борба на Титаните, Ѓаволи против Топџии , Ферги против Венгер, Ван Перси против ‘‘своите‘‘,.... ,многу етикети се закачени за овој натпревар,но да започнам од почеток:
Првата лига средба се одиграла на 13 Октомври 1894год. ,на Bank Street, Clayton (предградие во Манчестер),тогаш Манчестер Јунајтед се викал Њутон Хит,а топџиите Вулвич Арсенал.Таа средба завршила со нерешен резултат 3:3.Отогаш се одиграни окулу 214 натпревари ,од кој Манчестер Јунајтед добил 90 , Арсенал 78 , а завршиле нерешено 46 натпревари. Манчестер Јунајтед има 12 трофеи од сегашната форма на премиер лигата, Арсенал 3 ,што е вкупно 15 од 20 титули или 75% од постоењето на премиер лигата владееле Манчестер Јунајтед и Арсенал!!!
На трети ноември за почеток на новото 10то коло од сезоната 2012/2013 во премиер лигата ,прв пат ке се сретнат Манчестер Јунајтед и Арсенал. Статистиката вели дека по одиграни 9кола Манчестер Јунајтед е на 2то место на табелата со 21 бод,на само еден бод од моменталниот лидер Челзи,а Арсенал се наоѓа на 6та позиција со 15 бода. Последен пат овие два клуба во премиер лигата се сретнаа на 22 Јануари 2012 ,тогаш Арсенал загуби 1:2 од Манчестер Јунајтед и да не се заборави предходната средба на која на гостувањето на Олд Трафорд,Арсенал го претрпе најголемиот пораз во својата историја 8:2.
Во овој меч и двата клуба влегуваат крајно мотивирано,манчестер мора да победи ако сака да го задржи темпото со челзи и манчестер сити,додека арсенал сака да ја врати својата гордост на олд трафорт ,а и воедно да му покаже на својот поранешен капитен и лидер дека можат да победуваат и без него.
Досегашната форма на двата клуба не е сјајна Манчестер Јунајтед на 6 од 9те одиграни кола прв примил гол,има два пораза и седум победи, Арсенал има два пораза ,четири победи и три нерешени. Повредени играчи кај Манчестер Јунајтед се Фил Џонс,Крис Смолинг,Шинџи Кагава,капитенот Видич и голманот Линдегард.
Кај арсенал повредени се: Гибс, Счешни (кој можеби ке игра), Диаби, Росицки и Фабијански
Главен судија на натпреварот ке биде Мајк Дин
Последна победа/пораз на Манчестер Јунајтед
Победа 2:3 челзи (г)
Пораз 2:3 тотенхем (д)
Последна победа/пораз на Арсенал
Победа 1:0 КПР (д)
Пораз 1:0 Норич (г)
Можни состави:
*Сите членови кој ке навредуваат,се однесуваат недолично ке бидат отстранети!!!!!!