Малолетни пушачи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Kiro Hametovski
  • Време на започнување Време на започнување
joki напиша:
не пушам...и не планирам во догледно време...то ми е лузерска и фураџиска работа...јаките фраери со цигара...пх...се почвит од пување...се продолжвит со мара за центар внимашење...и се завршвит со хероин заради психо-физичка зависност...јеа
Не бе...се завршува со самоубиство поради депресија...а бе ај не трескај зелени.
 
Буковец напиша:
Не бе...се завршува со самоубиство поради депресија...а бе ај не трескај зелени.

Да бе те мава депресија зашто ти снемале цигари, а немаш пари, а не ти даваат на заем, ни у продавница не ти даваат напишанка и нема излез и се решаваш на самоубиство...:pos::pos::pos:
 
Буковец напиша:
Не бе...се завршува со самоубиство поради депресија...а бе ај не трескај зелени.
...како сакаш дечко...твој избор...слободно отруј се...со среќа;)
 
Дечкото е малку постар така да знае дека ако продолжи да пуши цигара за цигара ,некаде за десет години ќе почне срцето да му попушта па ќе треба да пие лекови и евентуално да престане да пие алкохол и да внимава на килажата.
За да ги намали овие ризици треба да биде карактерен и да ги истрпи две и повеќегодишните кризи за никотин, бидејќи никотинот веќе му створил зависност уште од 13-тата година.
 
Toa ne e neso loso da pusis cigari iako mnogu ti steti ali ne treba so to amalive da se praat fraeri.Demek ja pusam cigari i sea niso ne mi mozes...Ej...Kade stigna svetov..
 
Не гледам ништо убо во цигарите. Еднаш пробав од радозналост и толку не видов нешо интересно во нив. Демек смирувале нервоза. Чиста глупост не е ништо посебно само една глупа зависност која прави големи штети. Познавам многу на моја возраст шо ненормално многу пушат цигари. Неможам да ги сфатам цело време цигара за цигара. Па колку само мразам кога одам во дискотека и се враќам дома исчадена целата и алиштата одма на тераса да се изветреат. Исто така од цигарите многу ме печат очите и секогаш тато кога пуши цигари го бркам надвор.
Anyway не оправдувам воопшто да пуши некој цигари било да има 12 или 52 години.
 
НЕ ЗА ЦИГАРИ НА БИЛО КОЈА ВОЗРАСТ! Цигарите се нешто најглупо шо е смислено! ПЕРЕЊЕ ПАРИ ДО НЕМАЈ КАДЕ! Листови сушени ќе ги чуриш цел ден и пари им даваш! Е ај сеа ко награда зашо пола пари нас ни ги дае еве ти РАК!
 
Не знам зошто некои мислат дека луѓето што пушат ќе починат или од карцином или од причина која е создадена од цигарите.
Луѓе, цигарите ако се пушат во умерена доза не се штетни али ако е во претерана тогаш се штетни. Се е така не само цигарите, се што е претерано е лошо.
Луѓето по своја желба пушат ако му смета на тоа некој нека не пуши али не мора да се критикуваме. Јас лично пушам кога сакам, али повеќе во друштво, никогаш не ми се случило да купам јас кутија цигари и дома да земам да пушам или во работно време. Пушам во друштво и кога е интересно, значи знам да се контролирам и секој може да се конролира само треба да сака и да знае дека дали ќе пуше или не зависи од него не од така наречената зависност, не постои зависност.
 
До 8мо одделение, цигарите ми изгледаа како Гаргамел. Едноставно се плашев од нив, ги избегнував, некогаш не ни размислував за нив... Но во прва година средно, не знам кој ѓавол ме натера(ваљда Гаргамел:wink:) и пропушев... Колку и да изгледа теткински, кој не почнал нека не почнува ни од курташак, ни од сеир, ни од потреба, затоа што после нема прекид... Секој ден си викам ќе ги оставам ќе ги оставам, но се работи за психичка зависност... Дека смируваат, смируваат, ама некој непушач поарно му е да се смирува со секс, него со тутун. :back:

Ај не соли многу многу. Ако ти е потребна причина да си ја разгалиш совеста, ова не е начинот. Цигарите не биле штетни...:tapp: Постои зависност и тоа голема зависност. Прашај некој кој 20 години тера со 2 кутии на ден, дали не е зависен. И јас сум да се нема дискриминација, ама не сум ни да бидеме несамокритични и нереални.
 
Па ако си веќе полнолетен,малоумно е да пропушиш.Тој што пропушил на “младост’’добро тој што закаснил е неизживеан :):)
 
Пушев осмо - прва, од препич, од оваа гледна точка. Во текот на наредната година беше на викенди, па цигара на неколку месеца, додека сосема не ги баталив. И ден денес знам да кажам, ми иде да запалам една, али од филмот ми е останато, ќе ми се спојат жички понекогаш и се фолирам. И не палам, воопшто. :) Сега сфаќам дека не сум ги ни сакала уствари. Убаво ми беше за убаво, некое време. После премина во желба да се праам шериф, што е за право. Башка ми штрајкуваа по дома.

Инаку, бев од "никогаш нема цигара в уста да ставам/никогаш нема да се напијам" децата. :icon_lol:
 
Па ако си веќе полнолетен,малоумно е да пропушиш.Тој што пропушил на “младост’’добро тој што закаснил е неизживеан :):)

Доста паметно пишано...Кога веќе сите знаеме дека е штетно,тантара пантара,зашто пропушувате после полнолетство да не речам зрелост?
 
До 8мо одделение, цигарите ми изгледаа како Гаргамел. Едноставно се плашев од нив, ги избегнував, некогаш не ни размислував за нив... Но во прва година средно, не знам кој ѓавол ме натера(ваљда Гаргамел:wink:) и пропушев... Колку и да изгледа теткински, кој не почнал нека не почнува ни од курташак, ни од сеир, ни од потреба, затоа што после нема прекид... Секој ден си викам ќе ги оставам ќе ги оставам, но се работи за психичка зависност... Дека смируваат, смируваат, ама некој непушач поарно му е да се смирува со секс, него со тутун. :back:

Ај не соли многу многу. Ако ти е потребна причина да си ја разгалиш совеста, ова не е начинот. Цигарите не биле штетни...:tapp: Постои зависност и тоа голема зависност. Прашај некој кој 20 години тера со 2 кутии на ден, дали не е зависен. И јас сум да се нема дискриминација, ама не сум ни да бидеме несамокритични и нереални.

Ако толку си самоуверена во тоа што го зборуваш, односно дека организамот станува зависен од цигари тогаш ајде објасни ми на кој начин стануваме зависни и што прават цигарите односно никотинот во организамот па што тој станува зависен.
Човек кој сака да се откаже од нив без проблем ќе се откаже, личноста која тврди дека е зависна од цигари тогаш не сака да ги откаже туку тоа е изговор дека е зависна, таа е помоќна од цигарите нели? Никој со сила не те тера да пушиш цел живот.
Почнав малолетен да пушам, правам паузи неколку недели некогаш и месец па пак неколку дена пушам, но не од потреба туку оти сите околу мене пушат и ајде друштво да не расипувам, али ако речам не пушам и не пушам.
 
Никотинот станува составен дел од крвта, и нејзина хемиска супстанца. Истиот стимулира мозочни клетки, затоа пушачите чувствуваат опуштање, намалување на стресот. Не се пуши од ќеф туку така... Си видел ли луѓе кои се откажуваат од цигари? Мислиш ќе те изедат со се партали од нервоза... Да не правам муабет за психичката зависност да држиш цело време нешто во рака, па самиот механизам... После 72 саати никотинот се чисти од организмот, затоа после 3 дена се чувствуваат кризи. Нема потреба да се надмудруваме за докажани медицински факти.
http://women.cancer.gov/abstract/addiction.pdf
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom