Максимална брзина со која сте возеле моторно возило?

110 kmph со веспа 125 cc. 114 му е максималната брзина :)

е во ова не верувам.... сеуште е сретнав веспа од 125 која може да крене повеќе од 80-90... а тоа ако тебе ти покажува 110 тоа е друг муабет...
 
Па во августот ја возев колата моја хрватска 200-220 кратко, а нон стоп ја возев 180
 
Лично со Ibizza 1.8 - 185, а ме возеле над 250 со Honda Integra ... да можев и да имав каде ќе бегав ама бев скаменет и неможев да дишам
 
Мора да се оживее темава.


Точак, 15км/ч

Пошо ретко возам, да не кажам еднаш у 2 месеца, јбг се нема свое максимална достигната ми е 70. Поише другпат, здравје.
 
За сега максимум имам возено 150км/х со мојот Голф 4 1.4 според километражата.
Ама тоа ми се случи само еднаш и мислам дека тешко би ми се случило пак.
Инаку најчесто возам до некои 90км/х.
Кога дигнав 150 бев сам и сакав да пробам до каде можам.
Но кога возам и има некој друг со мене тогаш е друга приказната,тогаш не возам повеке од 90 пошо не сакам некој друг(не дај боже) да страда заради моја глупост.
 
230км Тетово Скопје после Карпалак негде до Патарината кај Арнаќија или Бачилото пред патарината
 
120km/h со Lada 2104.. руска машина бе, нема заебанција... стабилност 0 хаха...и после тоа кочење до даске и падна добро лизгање :)
 
Па пошо уше неам положено се возуцкам со тато... и 100ка максимум..али толку и оди.. Стокец јбг...иначе 80 си возам нај ќејфска вожња ми е..
 
160 со југо, од велес накај скопје на удолницата...

со мотор ме имаат возено, мислам кавасаки незнам кој модел....до 200 гледав на брзинометарот, после тоа се плашев да кренам глава, а лево дено се ми беше како во филм...се се движеше пребрзо...куќи дрва, облаци ))
од тогаш се немам качено на мотор....и не верувам дека ќе се качам во брзо време....барем не со тој човек.... башка и неам мерак ич за мотор, никогаш не сум ни пробал да возам. да не речам не ги сфаќам тие шо се палат на мотори....ок...љубов, возбуда.
 
Сега најново 13(?) км/ч со Опел Вектра А 2.0и со четврта брзина(нејќеше да влезе у петта), 5 души во кола, неосетлива угорница (не е некое достигнување али за мене е таман)
 
180 со татко ми во Алфа Ромео, службена беше знам, тогаш работеше во ЈНА возеше генерали, ех златни времиња.
 
најбрзо што сум возел е 180km/h со хјундаи гетз на автопат гв-те, а најбрзо што ме имаат возено во X5ка 240km/h на обиколница
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom