Макфест (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го следите фестивалот Макфест?

  • Да

    Гласови: 13 16,9%
  • Не

    Гласови: 53 68,8%
  • Понекогаш

    Гласови: 11 14,3%

  • Вкупно гласачи
    77
Бидејќи не знам на колку години ги менуваат дел од луѓето на функции кој се задолжени за организирање на фестивалот од лани направено е да нема победници одма туку да се причека до нареден Макфест за да се види која песна ќе е слушана и со најмногу прегледи на Јутјуб па таа да добие парична награда.

Од ланската година во екипата кој се задолжени во организација на Макфест се Роберт Саздов (Куку Леле) - Уметничкиот директор
Јован Јованов Џеј Џеј - Член на уметничкиот совет
Антонио Димитриески - ПР на Макфест
И нормално општината Штип дава пари за организација.

Од ланскиот Макфест најслушана песна беше на Пајак и Лара Бела и на нив заедно со продуцентот Иван Јованов Ивајо вчера им доделија 120.000 денари.

Бидејќи се менуваат луѓето на функции на фестивалов во 2014 година се свиреа сите песни во живо зо тогашниот оркестар на МРТВ кој за жал веќе не е дел од МРТВ.

Продавам views на Јутјуб, 1000 views 10$. Нека пресметаат колку им треба за прво место и нека ми пишат.
 
Продавам views на Јутјуб, 1000 views 10$. Нека пресметаат колку им треба за прво место и нека ми пишат.
Aма треба и слушана да биде песната. Песната на Пајак и Лара беше слушана од страна на младинава колку толку.

Одговорните за организација на Макфест мора да размислат за укинување на дебитантската вечер бидејќи како и лани и оваа година имаше многу фалш, аматеризам и песни кои ниту роднините на пејачите не би ги слушале. На кому му е потребна вечер која служи само за уништување на реномето на фестивалот, а не е продуктивна ниту за пејачите.

Во главната ревијална вечер слушнавме за нијанса подобри песни и многу подобро пеење (иако за жал мислам дека неколку песни беа на плејбек), но за Макфест да заличи на светските фестивали мора МРТ да го подобри озвучувањето кое не звучеше добро на ТВ. Се согласувам за бекстејџот и за самите разговори и мислам дека мора тоа да изгледа попрофесионално од секој поглед.

Во однос на песните, мислам дека има неколку песни кои ќе бидат слушани како на пример тие на Огнен, Марија Спасовска, Бојана и Таско, а и би ги издвоил Драгана Јовановска и Александра Трајческа како перспективни вокали и изведувачи.
 
Ова издание е 40 годишнина. Гледаше некој вчера? Еве и вечерва има а во сабота е годишнината 40 години каде ќе се изведуваат познати хитови од фестивалот. Годинава покрај матрица инструментал веќе снимен има и оркестар кој го свири делови во инструменталот зависно која песна има потреба за тоа.

Уживам кога има Макфест. За мене е празник на македонската музика.
 
А зошто на мтв се емитува без тон? И вчера и денес…
 
... Бог да чува, во моментов, ако ова е женски вокал или само разголена девојка на сцена во чизми ОК тогаш, а песна иде некако вака ... „ти си ноншалантен, а јас будала“, а мушкото со брада што денса со раширени нозе се фаќа за половиот орган, а двете женски танчерки до него навалени,
фестивал ли е ,,Макфест“ или на што наликува?
 
Ужас. Ги слушнав сите рефрени на Инстаграм и плус некој настап во живо ѕирнав. Ко да сме заглавени во 1995 со песниве. Можеле да се потрудат барем да купат некоја од Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Роберт Билбилов... барем тоа се автори кои ќе направат нешто поактуелно. Еве овој што пее моментално - ко од Глоријан песна да пее. Катастрофа!

Мене ти ми требаш,
мене ти ми требаш,
мене ти ми требаш,
мене ти ми требаш.
Мене ти ми требаш,
мене ти ми требаш,
мене ти ми требаш,
мене ти ми требаш.

Каков рефрен! Како ли само го смислија текстов, алал нека им е!
 
... ме заболе глава од слушање како фалшираат на фестивалов „Макфест“, музиката во еден правец, вокаливе во друг правец, џабе придружните вокали не можат да го поправат фалширањето на главниот вокал, јас не разбирам што е тоа нова мода во пеењето да се дерат тоа не е гласовна моќ, тоа не е интонација, тоа е какофонија! :confused:
 
... Бог да чува, во моментов, ако ова е женски вокал или само разголена девојка на сцена во чизми ОК тогаш, а песна иде некако вака ... „ти си ноншалантен, а јас будала“, а мушкото со брада што денса со раширени нозе се фаќа за половиот орган, а двете женски танчерки до него навалени,
фестивал ли е ,,Макфест“ или на што наликува?
Можеби не отпеа најсјајно на толку играње, но песната на Лара е дефинитивно најдобра оваа година, а сценскиот настап е за пофалба, надвор од веќе видената монотонија. Лара е веќе докажан вокал и заслужува многу повеќе слушаност. Само модерни песни и настапи на најдобрите и најактуелни пејачи во Македонија можат да ја вратат публиката пред екранитe
 
...може на друго место со друг жанр и слушаност т.е. публика, но не на фестивалот ,,Макфест"
 
...може на друго место со друг жанр и слушаност т.е. публика, но не на фестивалот ,,Макфест"
Се согласувам дека Макфест е посериозен фестивал, но во моментов и единствен каде што може да се пласира поп музика. Но 2025 година е, и нормално е да се модернизира, инаку не знам кој би гледал воопшто. И Сан Ремо важи за сериозен фестивал, па секакви песни, настапи и жанрови може да се сретнат. Да не зборам какви фестивали има во регионот.. Албанија е години пред нас.
 
...треба глас, а не стас, отсек по балет, не значи и добар вокал, фалшира, а тоа не може со изглед да го покрие, ушите не трпат!
...не споредувај СанРемо, таму нема такво фалширање и погрешна интонација, убавината дополнува, ама не може само со неа да се извади!
 
Секаде има фалширање и на Сан Ремо и на Евровизија.. секаде. А кога веќе се фаќаме за пеењето на Лара, повели настапот од 2021 година, па оцени дали пее или само е добра балерина. Плус ете посериозна песна, баш ко за Макфест. :)
 
...мојот слух не поднесува фалширање, со само почнување на музиката Лара Иванова балерина има погрешен влез, превисоко, гласот и шкрипи ,,душааааа аа аа" тоа ,,а" нестабилно горе доле гласот се тресе, премногу вика ,,аааа аааа ааа" а нема пријатен глас, убава, но не ја бидува!

...слушај ова што значи чист силен вокал, и како се пее ,,ааа ааа ааа" и ,,,ее ее ее".
 
Тоа е емоција, идентично испеана како во студиската верзија, и тоа на само 17 години. Овде Лара добила награда за најдобра интерпретација, но ти фалш најде.. o_O
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom