- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.909
- Поени од реакции
- 86.143
Андреев: Играчите на Шкендија смислено беа груби!
Пирова победа извојува Вардар на вчерашното гостување кај Шкендија, во кое славеше со 2-1, но доби и уште нови тројца играчи на листата на повредени, а шефот на стручниот штаб на „црвено-црните“, Сергеј Андреев, смета дека грубата игра на противникот не е случајна.
Според него, тетовските фудбалери смислено оделе грубо врз неговите играчи, имајќи на ум дека двата тима задутре ги очекува уште една пресметка и тоа во реваншот од осминафиналето на Купот на Македонија, кога Шкендија на „Филип Втори“ ја чува предноста од 2-1 од првиот меч.
„Ова беше тешка победа во која плативме голема цена. Го изгубивме Благоја Љамчевски до крајот на есенскиот дел од сезоната, Влатко Грозданоски има расекотина на раката, а и Никола Глигоров има повреда, затоа ќе ни треба време да се опоравиме од ова тешко гостување. Воопшто не се сомневам дека ова беше смислена стратегија на противникот. Играта беше премногу груба, но не од наша страна. Такво беше и самото однесување на противничките фудбалери, кои ги удираа нашите играчи дури и кога се паднати на земја, наместо да им подадат рака, а беа многу агресивни и во самата подготовка за дуелот“, коментира Андреев.
Тој е задоволен од главниот судија на мечот, Дејан Јакимовски, кој успеал да се справи со ситуацијата, не подлегнал на атмосферата, ниту на триковите на напаѓачот на Шкендија, Бојан Вручина.
„Честитки за судијата, кој успеа да излезе на крај со таа целокупна ситуација во која се наоѓаше и не подлегна на атмосферата. Не досуди пенал за противничкиот напаѓач Вручина, кој во првото полувреме два пати се обиде да исценира. Јас како поранешен напаѓач точно знам што правеше Вручина, кој се обидуваше да го измами судијата сопнувајќи се самиот себе. Јас во мојата кариера сум изнудил безброј такви пенали, на потег, на финта, на глума…“, илустративно објаснува Андреев, покажувајќи како напаѓачот на Шкендија се обидувал да го изглуми пеналот.
Има само два дена до реваншот од Купот, но маките за составување на тимот на рускиот стратег ќе му потраат до крајот на есенскиот дел на сезоната, до кога ќе ја нема целата лева страна од почетната постава по повредите на Дарко Глишиќ и на Љамчевски.
„Главата ќе ми пукне од што размислувам што да правам со ситуацијата на левата страна. Со повредите на Љамчевски и на Глишиќ сме во тешка ситуација, но мора да најдеме решение, нема бегање. Не сакам сега да откривам како ќе се снајдеме, но имаме опции на кои размислувам“, не ги „открива картите“ Андреев.