Македонско фудбалско првенство 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Prime
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    205
Статус
Затворена за нови мислења.
Ја имав X2 играно Турново. Овие Турново подобро играат без двајца играчи, еднаш ја имав 1X и со два црвени картони ја победија Ренова у Тетово. Сигурно се има десено некоја гужва натпреварот заврши после 20минути од што требаше регуларно да заврши.
 
Виа Брегалница толку ли са дрва бре со 2 играчи повеќе и неможеа да тепат...
 
Ауууууу, офсајд кревање после 1 минута :cuc: Дај бе нека ја прекрстат прва селска лига, нема смисла ова
 
ова се вика неписменост.Една 2 во 1 незнаат да наместат бе .Празен гол,пенал,последната шанса :D нз дали е посмешно тоа што промаши од 5 метри или тој 2 секунди претходно како се исфрли како в базент
 
За кој офсајд зборуваш бе?

Моја грешка, истрипав нешто. Како и да е, квалитетот на лигата и понашањето на играчи, публика, судии е на ниво на наша трета лига, а од прва до трета кај нас треба да има огромна разлика ..
 
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска не ја казни тетовска Шкендија за инцидентите на прволигашкото дерби со Вардар пред десет дена во Тетово, иако веќе една недела дисциплинската комисија имаше време за да изрече санкција по три основи, по кои беше поведена дисциплинска постапка против бившиот првак.

Дисциплинската комисија на ФФМ поведе постапка за националистичко и навредливо однесување на „Балистите“ (скандирања „Илирида“, „Мртов каур, добар Каур“, величање на Голема Албанија), за користење на пиротехника, како и за фрлање со тврди предмети (камења кон дел од фудбалерите на Вардар).

Но, дисциплинецот денеска оставил простор за дополнителни изјави за да „го реши“ случајот, иако по објавувањето дека тетовци се предадени на дисциплинска беше наведено оти Шкендија и овластените лица имаат три дена за да достават дополнителни изјави за инцидентите. Пред неполн месец за истите инциденти Шкендија беше казнета со 2.500 евра на дерби со Вардар во Купот на Македонија.

Денеска дисциплинската комиција поведе само постапка против Вардар, Шкупи и Тетекс за недолично и навредливо однесување на навивачите. Вардар е на дисциплинска за националистички испади и навреди на верска и расна основа на реванш куп-мечот со Шкендија минатата среда, а истото е и за Шкупи и Тетекс во мешусебниот куп-меч пред една седмица во Тетово и однесувањето на „Шверцерите“ и на „Војводите“.
 
ДВОЈНИТЕ АРШИНИ НА КУЌАТА НА ФУДБАЛОТ
Закани по живот – може. Навреди за Платини – може. Скандирање „ФФМ мафија“ – никако!

Фудбалската федерација на Македонија сѐ уште нема официјален став околу скандалозната парола на навивачката група на Шкендија, „Балисти“, со која на мечот од 13. коло од Првата лига, во средата против Металург, упатија смртни закани кон играчите на репрезентацијата на Србија.

„Балистите“ истакнаа голем транспарент на кој пишуваше: „Драг Платиновиќ (се однесува на Мишел Платини)! Тие ги истепаа нашите фудбалери и победија 3-0. Ако ги убиеме на реваншот, ќе добиеме директен пласман на Евро 2016?“

Со ова навивачите на Шкендија алудираа на натпреварот од квалификациите за Евро 2016 во Белград, меѓу Србија и Албанија, кој домаќинот го доби службено со 3-0.

Но, и покрај тоа што со транспарентот се навредува претседателот на УЕФА, а се упатуваат и смртни закани за српските фудбалери, тоа не беше доволно за ФФМ веднаш да покрене постапка против тетовскиот прволигаш. Оваа парола ја осудија сите медиуми од поранешната СФРЈ.

Сѐ уште не можам да коментирам ништо, мора да разговарам прво со службите, па да излеземе со официјален став“, кусо ни изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

Судијата на мечот, Марјан Ецкоски, потврди дека немало никаков прекин, ниту пак опомена кон навивачите, дури и откако бил истакнат транспарентот.

Немаше ни прекин ни ништо, нормален тек имаше мечот. Не го прекинавме ни кога го истакнаа транспарентот бидејќи делегатот Џевдет Далипи не реагираше. Мечот продолжи без никаква опомена кон навивачите“, ни изјави Ецкоски.

За разлика од овој натпревар, кога на дуелот меѓу Вардар и Пелистер пред 20 дена, двете навивачки групи извикуваа „ФФМ мафија“, тие неколку пати беа опоменати, а потоа и мечот беше прекинат десетина минути. Поради тие извици, Вардар потоа беше експресно казнет со 1.500 евра.

Останува да видиме дали Куќата на фудбалот ќе одговори со иста мерка и за случувањата на натпреварот во средата.
 
Аии колкава врева за 1500 евра!

Хах најинтересно е што паролата сакаат да ја толкуваат како закана.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ADP
http://sportmedia.mk/mladost-tsarev-dvor-dobiva-moderen-stadion-so-prvoligashki-standardi/ :tapp: Нека продолжат да вложуваат во вакви ново компонирани клубчиња налик Турново, Еуромилк, Ренова, на сметка на екипи како Пелистер, Победа, Беласица и можда ќе се опраи фудбалот и ќе се зголеми бројот на гледачи ...
 
Aии жити вложувањето што го напраиле (ќе го направат), од стадион со капацитет од 1500 гледачи, па дури на некој им пречи тоа.
Гледам па од тие што ги наброја клубовите стадионите секој викенд се полни, до карта не може да се дојде.
Не гледам ништо лошо во тоа да се вложи да се направи стадион, нити на Вардар, ниту на некој друг не му одговара да играат на гости по ораници.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom