Македонско фудбалско првенство 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Prime
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    205
Статус
Затворена за нови мислења.
Пола играчи и повеќе на Работнички се со стипендиски договор и зимаат по 250 евра а на табела им бегаат 4 бода на искривените sвезди од Тетово наречени дрим тим. За греота се.
 
1609723_10204815871733538_5597719498995427861_n.jpg
 
@Коњаникот Сабја Со Работнички Таневски утна пенал ама го даде одма после тоа... дека бришеш мислења :D
Само што постирав ми текна на тој момент, пошто одма погоди на одбиената, не сум си го рачунал за промашување :icon_mrgr:
 
Пиши го на Македонски или воопшто не го објавувај, Македонски форум е.

Хаха смешно, но барем и на српски бришете ги или за тоа не важи ;)

http://www.kfshkendija.com/lazim-destani-takon-drejtuesit-e-kf-shkendija/#sthash.ZKUDMdTJ.dpuf

"Тој не изостана да ги спомне и фановите на Шкендија како и Балистите кои достојно ја подржуваат Шкендија, отстранувајќи ги во контиунитет негативните појави, како пцуењата и несоодветните работи кои не се дел од цивилизацијата и нашата традиција."
 
Хаха смешно, но барем и на српски бришете ги или за тоа не важи ;)

http://www.kfshkendija.com/lazim-destani-takon-drejtuesit-e-kf-shkendija/#sthash.ZKUDMdTJ.dpuf

"Тој не изостана да ги спомне и фановите на Шкендија како и Балистите кои достојно ја подржуваат Шкендија, отстранувајќи ги во контиунитет негативните појави, како пцуењата и несоодветните работи кои не се дел од цивилизацијата и нашата традиција."
И српски и црногорски и босански и хрватски се толерира доколку е во умерена количина т.е. некој цитат затоа што горе доле јазикот е ист и се разбираме, додека вашиот јазик воопшто не се разбира и треба да идам на гугл за да се снајдам што ви пишува, од кај да знам може мајка ми пцуеш. Правила си се правила јебига.
 
ШКЕНДИЈА ЧЕТВРТА ПО ДОМАШНА ПОСЕТКА ВО ЕКС-ЈУ ЛИГИТЕ





Со просечна посета од фантастични 6.900 гледачи по меч, Шкендија е четврта најгледана екипа, тука ги сметаме само домашните натпревари, во сите лиги од некогашна Југославија оваа есен. На прво место е Ц. Звезда, втор е Хајдук, трет Партизан па Шкендија

Тетовска Шкендија, се разбира заедно со своите навивачи, е феномен на овие балкански простори. Шкендија во поглед на домашната посета веќе не се натпреварува со другите клубови од Македонија, тетовци веќе се мерат со најголемите клубови во екс - СФРЈ. Кога била домаќин Шкендија оваа есен, тука мислиме на седумте натпревари, на трибините на Градскиот стадион имало вкупно 48.000 гледачи или во просек по 6.900. Оваа бројка е фантастична не само за македонски услови туку и за пошироко. Со оваа бројка Шкендија е четврта на табелата на домашна посета на клубови во сите екс - ју лиги.

ПОГОЛЕМА БРОЈКА ОД ЖЕЉО, САРАЕВО, ДИНАМО З....
Многупати е кажано дека Шкендија има верна публика, но сега со факти се докажува дека има и најбројни навивачи во Македонија. Навивачи се оние кои ќе дојдат на стадион и ќе ја бодрат својата екипа а не оние „сајбер“ навивачи кои се „гласни“ само пред својот компјутер.
Најголема домашна посета има Црвена Звезда, некогашниот европски и светски шампион на шест средби како домаќин го следеле вкупно 70.000 гледачи или во просек по 11.600 на секој меч. Следува Хајдук од Сплит со просечна гледаност од 10.400 а трет е Партизан од Белград со 10.000 гледачи. Овие бројки се само од натпреварите од домашните првенства. Четврта е Шкендија со бројка од 6.900. Потоа на ред доаѓаат Риека, Нови Пазар, Железничар, Марибор, Сараево па Динамо Загреб. Најголемиот клуб од Хрватска е тука само поради своето име, имено има најмалку 15-20 клубови кои имаа поголема посета од „модрите“. Овој тим во шампионатот на Хрватска го следеле во просек по 1.700 гледачи.

ЕДНА ШКЕНДИЈА КОЛКУ ЦЕЛА ПРВА ЛИГА
Во нашата Прва лига интересен но вистинит факт. Ако ја земеме предвид само домашната посета на стадионите до 13. коло излегува дека сите останати девет клубови заедно немаат гледачи колку што има Шкендија. Имено, на седум средби Шкендија ја следеле, како што веќе рековме, 48.000 гледачи а сите останати вкупно 47.700 гледачи. Втор на оваа листа е Пелистер со просек од 1.600, потоа Брегалница со просек од 1.300 па Вардар со 970 гледачи. Следува Хоризонт Т со 860 па Силекс со 570 во просек. Седми е Тетекс со 533 гледачи, осма е Ренова со 500, на Металург со 460 и на крај Работнички со 350 гледачи во просек. Од ова се гледа кој има најбројни и пред сè најверни навивачи. Од ова се гледа уште еднаш дека во Скопје има најмала посета, едноставно уште еднаш се докажува дека граѓаните на главниот град не сакаат прволигашки фудбал и дека и не ги сакаат своите демек омилени клубови.

ТАБЕЛА
1. Ц. ЗВЕЗДА 70.000 (11.600%) - 6 СРЕДБИ
2. ХАЈДУК 62.500 (10.400%) - 6 СРЕДБИ
3. ПАРТИЗАН 60.000 (10.000%) - 6 СРЕДБИ
4. ШКЕНДИЈА 48.000 (6.900%) - 7 СРЕДБИ
5. РИЈЕКА 39.000 (5.500%) - 7 СРЕДБИ
6. НОВИ ПАЗАР 30.000 (5.000%) - 6 СРЕДБИ
7. ЖЕЛЕЗНИЧАР 27.000 (4.500%) - 6 СРЕДБИ
8. МАРИБОР 30.000 (4.200%) - 8 СРЕДБИ
9. САРАЕВО 15.000 (2.100%) - 7 СРЕДБИ
10. ДИНАМО ЗАГРЕБ 11.800 (1.700%) - 7 СРЕДБИ

ТАБЕЛА НА ДОМАШНА ПОСЕТА
1. ШКЕНДИЈА 48.000 (6.900%)
2. ПЕЛИСТЕР 11.500 (1.600%)
3. БРЕГАЛНИЦА 9.100 (1.300%)
4. ВАРДАР 6.800 (970%)
5. ХОРИЗОНТ Т 5.200 (860%)
6. СИЛЕКС 4.000 (570%)
7. ТЕТЕКС 3.200 (533%)
8. РЕНОВА 3.000 (500%)
9. МЕТАЛУРГ 2.800 (460%)
10. РАБОТНИЧКИ 2.100 (350%)

http://sport.com.mk/?ItemID=104AEAD5A7208141A46E0D28582EC24D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ADP
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom