Македонско фудбалско првенство 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Prime
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    205
Статус
Затворена за нови мислења.
Андреев: Играчите на Шкендија смислено беа груби!

Пирова победа извојува Вардар на вчерашното гостување кај Шкендија, во кое славеше со 2-1, но доби и уште нови тројца играчи на листата на повредени, а шефот на стручниот штаб на „црвено-црните“, Сергеј Андреев, смета дека грубата игра на противникот не е случајна.

Според него, тетовските фудбалери смислено оделе грубо врз неговите играчи, имајќи на ум дека двата тима задутре ги очекува уште една пресметка и тоа во реваншот од осминафиналето на Купот на Македонија, кога Шкендија на „Филип Втори“ ја чува предноста од 2-1 од првиот меч.

Ова беше тешка победа во која плативме голема цена. Го изгубивме Благоја Љамчевски до крајот на есенскиот дел од сезоната, Влатко Грозданоски има расекотина на раката, а и Никола Глигоров има повреда, затоа ќе ни треба време да се опоравиме од ова тешко гостување. Воопшто не се сомневам дека ова беше смислена стратегија на противникот. Играта беше премногу груба, но не од наша страна. Такво беше и самото однесување на противничките фудбалери, кои ги удираа нашите играчи дури и кога се паднати на земја, наместо да им подадат рака, а беа многу агресивни и во самата подготовка за дуелот“, коментира Андреев.

Тој е задоволен од главниот судија на мечот, Дејан Јакимовски, кој успеал да се справи со ситуацијата, не подлегнал на атмосферата, ниту на триковите на напаѓачот на Шкендија, Бојан Вручина.

Честитки за судијата, кој успеа да излезе на крај со таа целокупна ситуација во која се наоѓаше и не подлегна на атмосферата. Не досуди пенал за противничкиот напаѓач Вручина, кој во првото полувреме два пати се обиде да исценира. Јас како поранешен напаѓач точно знам што правеше Вручина, кој се обидуваше да го измами судијата сопнувајќи се самиот себе. Јас во мојата кариера сум изнудил безброј такви пенали, на потег, на финта, на глума…“, илустративно објаснува Андреев, покажувајќи како напаѓачот на Шкендија се обидувал да го изглуми пеналот.

Има само два дена до реваншот од Купот, но маките за составување на тимот на рускиот стратег ќе му потраат до крајот на есенскиот дел на сезоната, до кога ќе ја нема целата лева страна од почетната постава по повредите на Дарко Глишиќ и на Љамчевски.

Главата ќе ми пукне од што размислувам што да правам со ситуацијата на левата страна. Со повредите на Љамчевски и на Глишиќ сме во тешка ситуација, но мора да најдеме решение, нема бегање. Не сакам сега да откривам како ќе се снајдеме, но имаме опции на кои размислувам“, не ги „открива картите“ Андреев.
 
Каде е сега ФФМ??? Кој му дозволува на племето да шири национализам, да вее знамиња на големи држави и туѓи држави во Македонија??? Кој им дозволува на изродите да фрлаат камења врз фудалерите??? Шкендија и сите останати спортски клубови кои постојат врз база на национализам и вандализам не треба да постојат, ако ништо друго не во македонските лиги. Својата омраза кон државата во која егзистират и се размножуват ако зајци нека ја искажуват на друго место а не на терените во Република Македонија. Мислам дека ФФМ и другите федерации треба веднаш да го забранат албанскиот наионализам кој ги поминува сите граници.
 
Делегатот изјавил дека Шкендија ќе биде казнета за се друго освен за знамето. :cenzura:
 
Шкендија повторно ќе се извлече со парична казна?!
\
DD1_6322-624x416.jpg

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија поведе дисциплинска постапка против тетовскиот прволигаш Шкендија поради многуте испади на навивачите за време на дербито против Вардар во неделата.

Постапката е во три точки и тоа:

a) Поради неспортско, недолично, вулгарно и националистичко однесување на навивачката група „Балисти“.

б) Поради употреба на пиротехнички средства во текот на натпреварот.

ц) Поради фрлање на тврди предмети во оградениот дел од теренот насочени кон главниот судија, вториот асистент судија и фудбалерите на Вардар.

Како што најави делегатот на натпреварот, Васко Дојчиновски, кој воедно е и претседател на Натпреварувачката комисија, постапка е поведена против Шкендија за сѐ освен за истакнатото албанско знаме, што е според законите на РМ.

Останува да видиме дали Дисциплинската комисија повторно ќе биде „попустлива“ во однос на кршењето на правилата и дивеењето на навивачите, како што тоа беше случај на мечот од осминафиналето од Купот на Македонија пред две недели, против истиот противник. Тогаш тетовци поминаа само со парична казна од 2.500 евра, иако покрај националистичките скандирања и пиротехниката, по завршување на мечот со камен во глава беше погоден вардаровиот голман Игор Павловиќ.

Повеќе од сигурно е дека и против Вардар ќе биде поведена дисциплинска постапка за националистичкото навивање и пароли на вчерашниот реванш-меч од осминафиналето на Купот против Шкендија, но тоа се очекува да биде направено на идната седница на Комисијата.
 
А што е сега, дотичниов Васко Дојчиновски толку брзо научи и "албански"? Пошто прошли пут нели беше "нук куптој шчип"?
 
Дајте малце и фудбал да продискутираме. :)

Има ли некој надежен фудбалер, еве на пример гледам овој Филип Дурански стално дава голови за Силекс, вреди ли нешто?
 
Што се случило на натпреварот Брегалница Турново. 44 минута гол од Пандев, 45 два црвена за Турново од кои едниот за стрелецот :confused:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom