Eх, камо да беа само расипан телефон медиумиве. Тие свесно и намерно ги манипулираат информациите. Прво, прават ударни вести од тоа што тие го сметаат за важно со што често се дава непотребна важност на некои настани. Тоа е како да платиш на Гугл, секогаш твојот линк да излегува прв, без разлика колку е релевантен или популарен. Второ, често се даваат делови од изјави, па може да се извади од контекст кажаното. Плус, да не зборам дека се што ќе напише поминува низ рацете на уредникот кој, секако, ако не му наредил на новинарот што да напише, ќе го подобри, така да кажам, "корегира" текстот да одговара на "нечии" интереси.
Ја за независен и објективен медиум во РМ незнам. Можда, некои од оние Макфакс или некоја друга поголема новинска агенција, BBC на македонски... штознам.
Ја кога гледам вести, обично ги гледам оние на Канал5. А1 е на СДСМ, а Сител на ВМРО, сите го знаеме тоа веќе. Очигледно е. Сум и гледал на Телма и ми се чинеа како понепристрасни, ама што знаеш.
Најпаметно е да си се информира човек на интернет. Па уште да имаше поразвиено граѓанско новинарство... мх мх мх, таман ќе ни беше.