Македонските деца најсреќни во светот извештај на UNICEF

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Дали стварно мислите дека постои гладно дете во Македонија?

Не направивте на рамниште на Етиопија , а по кафаните се ждере месишта од бразилски крави. За среќно дете , и среќен возрасен човек , во никој случај неможеш да ги земеш во предвид истите критериуми на оценување.
 
Дали стварно мислите дека постои гладно дете во Македонија?

Не направивте на рамниште на Етиопија , а по кафаните се ждере месишта од бразилски крави. За среќно дете , и среќен возрасен човек , во никој случај неможеш да ги земеш во предвид истите критериуми на оценување.
Гладни деца постојат, замини по плоштадо кај нас ќе те пресретнат најмалку 3-4. А за кафаните си во право.
На ова би го додал и фактот што кај нас не познавам некој што не се жали за пари, кука офка немало пари, ама затоа секој ден го гледаш на кафе. Или за коли - може ќе живее во една колиба 2 на 2, ама за кола мора да има...

А инаку децата во никој случај немаат исти гледни точки како и возрасните.
 
Немат потреба да ја полниме и онака е полна само не сме свесни. Предлагам да се отвори некое биро и да се извозува среќа некако.

Па и во тоа некако имаме среќа. Извезуваме ние, извезуваме (Америка, Острелија, Германија, Швицарска, Шведска).
 
Ако детето не е злоставувано или сл. како може да не е среќно? Што знае дете, што грижи има, барем тука, во Европа? Ни гладни ни жедни...
Мислам... озбилно... анкетата била на УНИЦЕФ која би требало да биде сериозна организација... туку, и они пари перат...
Глупости
Само што не е на УНИЦЕФ. Истите неколку години наназад дава извештај за благосостојбата на децата во неколку од најбогатите земји на светот(20-тина).Нешто што објективно може да се мери.
Од друга страна наведенава анкета за која се прави тука муабет е крајно субјективна.Не знам како може некој да извлече заклучок од истата. Да ги прашале децата од Северна Кореја гарант тие ќе биле на прво место.
 
Колку што имаме ние овде непотизам сигурно сите испитаници се децата на функсионери, партиски членови, партиски полтрони, мора тогаш да сме најдобри на свет.
 
Дали стварно мислите дека постои гладно дете во Македонија?

Не направивте на рамниште на Етиопија , а по кафаните се ждере месишта од бразилски крави. За среќно дете , и среќен возрасен човек , во никој случај неможеш да ги земеш во предвид истите критериуми на оценување.
и те како има ти ако не сакаш да ги видиш тоа е твој проблем, само во Скопје има населби кои изгледаат како торнадо да прошло низ нив. Да не збориме за селана негде у п.м. без струја, вода. Ти ако се движиш секој ден само Центар, Водно, Аеродром и Карпош и ако имаш контакт само со кремчиња нормално, така на анкета ќе сме најсреќни и најбогати
 
Во Северна Кореа се уште посреќни...само што таму не спроведуваат анкети
Северна Кореја е демократија во споредба со нас...
Па тука некаде сме бе! Македонија и Северна Кореа, тоа се тие најсреќни држави. Еве гледате, среќни деца насекаде аплаудираат од среќа, нема разлика. :icon_lol:
gYdlUc5.png
 
Штета што исполитизираноста во општеството и вакви теми кои нудат убава основа за дискусија ги сведува на најниско можно ниво. Некогаш си мислам дали политиката го ограничува капацитетот или ограничениот капацитет се лепи на политиката како паразит. Не може ни една тема да помине без да се цитират партиски ставови и ставови кои веќе на памет ги знаеме.
За промена можевме да свртиме муабет.
Кои се најважни критериуми за едно дете да биде сретни? Што е помалку а што повеќе битно? Што е тоа што нашите деца ги прави посреќни или понесреќни во однос на другите држави? Некој да каже искуство ова она.
 
Незнам зошто секогаш дното го споредувате со северна кореа. Северна Кореа е научно фантастика за македонија во сите погледи.
http://vimeo.com/jtsingh/enterpyongyang
 
Последно уредено:
Штета што исполитизираноста во општеството и вакви теми кои нудат убава основа за дискусија ги сведува на најниско можно ниво. Некогаш си мислам дали политиката го ограничува капацитетот или ограничениот капацитет се лепи на политиката како паразит. Не може ни една тема да помине без да се цитират партиски ставови и ставови кои веќе на памет ги знаеме.
За промена можевме да свртиме муабет.
Кои се најважни критериуми за едно дете да биде сретни? Што е помалку а што повеќе битно? Што е тоа што нашите деца ги прави посреќни или понесреќни во однос на другите држави? Некој да каже искуство ова она.
Каква исполитизираност каква убава тема,за тебе ова е убава тема за дискусија?
Не се партиски ставови туку реалноста која ја гледа секој нормален граѓанин на оваа држава и кој што сака еднаш веќе да се сменат работите на подобро, но до тоа тешко се доаѓа од овие проклети лопови кој што еве веќе 20 и кусур години мамата ни ја еба.а (независно која партија била на власт,се виде дека исто ѓубре се сите)со подршка од личности како тебе кој што слепо ги поддржуваат во нивното изживување врз народот кој иако при очи не можат или не сакаат да ја согледаат реалноста и уште тоа и го оправдуваат.
Што е тоа што нашите деца ги прави посреќни или понесреќни во однос на другите држави? Некој да каже искуство ова она.
Еден збор е доволен СИРОМАШТИЈАТА.
Искуство? Ете ти искуство како што спомена некој во претходните постови детето со мајката врват пред сендвичара и и кажува на мајкаму дека тука правеле убави сендвичи ,и дека некогаш ќе си купел,ете тоа ти е искуството и секојдневието кое не опкружува.
 
Ете ти искуство како што спомена некој во претходните постови детето со мајката врват пред сендвичара и и кажува на мајкаму дека тука правеле убави сендвичи ,и дека некогаш ќе си купел,ете тоа ти е искуството и секојдневието кое не опкружува.

Во Германија на повеќето деца (родители Германци) им дават од 1 до 2 евра неделно за на школо не од што немат, туку така ги воспитуват. Од мали ги учат од дома да си носта вода, јадење во пластични кутии и се друго што им треба. А овие едно до две ерва најчесто си ги штедат за да си купат некое ЦД или нешто друго. Пријатели имам кои заработуват страшни пари на детето несака за 20 евра да му стави скаи за да гледа фудбал. Имам примери и деца со по 16 години што се на стручно образование (за време на школувањето им дават од околу 300 до 900 евра зависи у која фирма и која година се) и ми викат дома им барале пари за шо живеат. Некни еден момак со кој работев 19 годишен дечко доби отказ, не бил потребен нешто лево десно и таков цел у депресија. Му викам абе добро е шо си се загрижил млад си ако ништо друго барем за стан не плаќаш. Ми вика „мајка ми ми кажа до крајот на Октомври да сум се изселил„.
Во Германија деца шо купуват во пекара јадење се реткост а и оние што купуват пак се деца на Балканци или некој други странците. Децата не одат таму после школо или за време на одморот на кафе. Во Струмица во центарот на градот неможеш маса да фатиш од што се полнат кафичите после часеви. А за време на одмор во пекарите и сендвичари неможеш на ред да дојдеш. Тоа е тоа. Ние тоа што го живееме и за нас е секојдневие кое незнаеме да го цениме, за некого е незамисливо.[DOUBLEPOST=1409790562][/DOUBLEPOST]Уште ќе додам. Германските деца се играт на термини и на закажување. Некогаш коа се шетам по некој населби и кога ќе видам у 19 часот нема жива душа ако ја погодиш населбата може да видиш по некое Турче или Арапче евентуално Балканче како се игра и толку. Наше дете да однесеш во Германија ќе се мрдне психички додека нивните деца вклучувајки ги и оние на нашинците таму кога ќе стапнат во Македонија несакат никогаш да се вратат во затворот. Тоа е тоа, на детето особено кога е мало не му требат пари туку му треба слобода , а слобода на западот нема. Нема баба на село, нема играње кај комшијата, нема вујче, нема ништо. Има термини кој треба да ги најавиш еден месец порано.
 
Последно уредено:
Значи не не не не знам како уопште некој ги гута овие ствари!?
Општество распарано по сите шавови, деца голи, гладни и боси! Работава е ко преживи(одрасте), причаче....... Земајќи ги во превид и филозофските категории, у стил дека среќата не се мери у пари...генерално гледано Македонските деца се далеку од среќни!
 
Имав прочитано пред некое време нешто слично (анкета за утврдување среќа) и неможев да се изначувам. Како тоа ги спроведуваат анкетите?
На скала од 1-10 колку си среќен во твојот живот? :pos:

Шала на страна, за Американците можам да сфатам зашто се толку ниско. Има преголем број на задевања во школо, за разно разни причини. И нормално, задеваните не се среќни, дури е толку лошо што доаѓа до самоубиства, а ни тие што задеваат не верувам дека се нешто многу среќни, зашто најчесто тоа се деца што имаат проблеми дома.
Во Македонија можеби има проблеми со Албанци, ама не е толку лошо како во Америка. Ама ние тоа си го земаме за готово.

Друга работа, парите може не носат среќа, ама во анкетава се уклучени. И пишува дека оние кои немаат многу пари, најчесто се класифицирале како помалку среќни.

Трета работа, пишува дека децата се од 8 - 17. Дали се еднаков број (пример, 10% од секое годиште)? Затоа што нормално е дека деца што уште не влегле во тинејџерски години, не се толку свесни за паричната состојба (со исклучоци). Исто така, колку се помали, толку повеќе не се замараат со надворешниот изглед. И општо, колку се помали, толку се посреќни зашто немаат многу грижи (како што некој веќе нагласи).

Јас лично имав супер детство, и сигурно ќе сум одговорела како повеќето на анкетата. Ама дека би биле на прво место ич не ми штима. Од друга страна пак, не мислам ни дека е толку многу лошо за да бидеме последни, иако има сиромаштија.

П.С. Многу ми е интересно како никој од веб страниве нема никаков линк до анкетата и резултатите. Пробав и на гугл да најдам, амa ништо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom