Македонскиот парламент-признавање на Косово?

  • Креатор на темата Креатор на темата Agimkrasniqi
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 ноември 2007
Мислења
408
Поени од реакции
30
Македонскиот парламент утре се очекува да усвои резолуција за признавање на Косово



KOSOVA.JPG
Пратениците на ДУИ и на ДПА вечерва заеднички до Собранието доставија иницијатива за признавање на независноста на Косово.
Иницијативата е потпишана од сите пратеници на овие две политички партии. Според најавите, утре во 11 часот, Собранието треба да расправа околу оваа иницијатива, која што се очекува да помине без спротивставувања од другите политички партии. Неофицијално, како што дознава Алсат, откако ќе биде изгласана резолуцијата, во попладневните часови се очекува Владата официјално да ја признае независноста на Косово.




Косово ги здружи Ахмети и Тачи


_kondovo-2.jpg


Ахмети и Тачи го готват конечниот текст на предлог резолуцијата




Лидерот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети и Мендух Тачи од Демократската Партија на Албанците, како што дознава ексклузивно А2, се договориле нивните партии утре да настапат со заедничка предлог резолуција до собранието на Македонија, со која ќе се бара од македонските власти брзо да ја признае независноста на Косово.

Информацијата ја потврдија извори од ДПА, кои за А2 изјавија дека вечерва комисии од двете партии се договараат како ќе изгледа конечниот текст на предлог резолуцијата.

Според извори на А2, ненадејното зближување на лутите политички противници Ахмети-Тачи, е резултат на големиот притисок што врз нив двајцата бил извршен од страна на албанските партии во регионот.

Инаку, неодамна партијата на Тачи достави една резолуција со која бараше да се признае независноста на Косово. Тоа беше и услов за враќање на нивните пратеници во собраниските клупи.

Партијата на Ахмети пак, цело време тврдеше дека признавањето на Косово ќе се случи наскоро, се до пред некој ден, кога вицепремиерот Абдулаким Адеми, за медиумите изјави дека признавањето ќе се случи тогаш, кога за тоа Косово ќе има најголема потреба.
 
Џабе кога Македонија утре ке биде воздржана во ООН....
 
НЕ БРЗАЈ, ПАРЛАМЕНТУ!!!!
 
Да, да гледам утре ќе го испапате курот. Немиен :pusk:
хахаа какви шпонови бе! не ми се верува! Колку се самоуверени еееј!
 
Jaс пак мислам дека сега дошло време за една наместена криза внатре во коалицијата...
која што ќе им го одземе вниманието и силата,желбата на народот.
:)
Пазете што сум ви кажал. :wink:

Топикот... не е Косово.
На друго место е главната игра.
 
А зошто Косово е на сликата со двоглавиот орел - албанското знаме?

Ми се гледа... иридентизам... :)
 
тешко дека ќе го признае радувај се:smir:
 
А зошто Косово е на сликата со двоглавиот орел - албанското знаме?

Ми се гледа... иридентизам... :)
Не не не тоа грешка... Аѓим на грешка она го турил... он не мислел тоа :pos:

HOLD it... hold iiit....
 
Не ја сфќам цела работа со признавањево кога Македонија беше воздржана на гласањето во ООН (што одеше во прилог на Србија). Zevsus мислам дека е во право ова ке да е за одвлекување на внимание од нешто поважно ама ке видиме што.
 
Треба да се земат пример македондкиот блок на партии од албанските како да се здружат да бидат сложни а не све само да се караа, инаку сум против признавањето на косово и мислам дека Македонија т.е парламентот не треба да брза во одлучување на ова прашање.
 
Ај ќе видиме утре дали ќе го признаеме Косово па ќе правиме муабет :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom