Македонски звучи подобро

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
1. ///

2. ЛЕГИЈАТА! Бум-дм.... тццццц, ба-ба-бум.... пцццц! Дефинитивно најјаката од нив.

П.с: Ми тепаа двете песни :P
 
1. незнам
2. Кај бе саф и легија... зашо... зашо... Башка то моеше САФ- Сафари или Рецепт.. .вака незнам
сепак... Леџија!
 
1


Вториот дуел...учениците vs. учителите!Сепак САФ се револуционерите, да слушаш рап како детиште и да бараш поими во речник :cuc: .
Не знам колку овде пробаа воопшто да ја слушнат темата, пишана е во предвечерјето на изборите 98-ма и падот на Џони Вокер, забранети концерти и настапи на САФ во МТВ... А истата ситуација и ден денес :(

Скопска ситуација бурлески
до вчера комунисти сега слават празник верски
ќе речеш не сери,
ама провери
се се смени од времето на Титовите пионери
екс социјалисти - капиталци на мисија
со ѓаволот во коалиција зборам вистина
луѓе газат преку живи луѓе до позиција
адекватноста не е важна - важно си на функција

Желбата за моќ, да се биде на врвот

не знам како спијат мирно, нели ги јаде црвот?
Има ли во авионот пилот, очите му се на тилот
нема закон за потекло на имот

Перат прљав ќеш како прљав веш
пиљарот вози БМВ, интелектот оди пеш
сите имаат суфикси - 'фили' или 'мани'
единство нема, идентитетот ни е падни стани
на еден комита - тројца кодоши
рекетари, дилери и секакви олоши
Европска провинција по дефиниција
лажирани избори
корумпирана полиција
Што смислија?Квази демократија!
Ја прифатија одговорноста
на ти ја - дај ми ја

Господ за 7дена го создал светот

седумгодишната транзиција даде само опозиција
опција сјај или беда
сите го барат мистер роба-роба за да се средат
епидемија на наркоманска зараза
во градот во кој и мажите глумат оргазам
новата содома уште 2 години до Армагедон
месијата место крст носи микрофон
над сето ова се издигам, не сум лоботомиран
неправдата не ми дава да се смирам!

Затишје пред бура пред финалната акција

1998-ма Скопска ситуација

Затишје пред бура, следи акција
гневот се таложи и бара сатисфакција
квази демократија или имитација
следи санација на Скопска ситуација




Како Аце циганот на Сеад
сега пука тензија смрди реа
знам сега има нова класа
главата ветер
пари во ташна на вратот машна
на граница шлепер
и тој ќе ми се смее, ни перде ни арам
математика знае колку Амди Бајрам
ама нема гајле сепак сме си наши напред
за Македонија во кафана со кренати чаши
граѓани шабани на Порше свршуват игнорантни
алтери надувани, откачени бисери
море логор треба за нас да не сотре логор
или брашно од нашите на Јаја Паша за наш помор
(мојот) град главен град Република Морони
ако треба ново име измислувам - бонбони

А погледот не е убав одозгора врз овој град
од авион што си оди едносмерно до Мајами
па како на крајот од светот да сум
јас сум
со главата доле одам со бастун
и
читам таму негде некој тажен дечко тажи
анонимус не ги трпи своите мали бламажи
и што било лошо демек тој ќе ни каже во разни
весници за кои уште плаќам - важи!

Па не сме биле млади не сме пееле балади
како тогаш млад скоевец кој сега нас не кради
па овој авторитет над интелект од
гордост дигнат како пенис ерект
ќе ме дигнел мене инертен
против техно и турбо фолк - е па фала ептен
место ко овој писец солзи да леам
Брамс вели надвор на сонцето да му се смеам
ситуација скопска, лица вакви еден куп
не можам слепо да ги следам, па дали сум глуп???

Затишје пред бура следи акција
гневот се таложи и бара сатисфакција
квази демократија или имитација
следи санација на скопска ситуација
 
Дали знаеш - Хелена
--------
како звучат убаво овие песни кој ги пеат пеачи од бившите Ју републики,
(поради некој акцент или друго нешто) на пример песните со Слабинац.
 
2. Скопска ситуација, песна која сoвршено не опишува ко држава, ко народ, ко луѓе. И после 15 години ништо не е сменето. Ах!
 
1. Наташа Малинкова
2. Легијата
 
Женскиот дел од групата ми е познат, ама машкиот не. Кои се тие двајца фраери знаеш?


Ако ја?

Еве мала биографија да не си играме глув телефон :D

Група Македонија е македонски музички квинтет формирана 1976 во Скопје.Членови на групата Македонија се Кирчо Поп Лазаров, Панче Кочовски, Даниела Панчетович, Верица Ристевска и Зорица Поп Панкова. Имаа снимено 2 студиски албума за дискографската куќа Југотон во кои имаа 10-тина синглови како: "На пусто острово", "Зм зм зм", "Сос", "Има една девојка", "Галеб син", "Дал да ти кажам", "Малечка вселена", "Љубов далечна моја", "Се е тажно", "Пролет", "Oко зелено" и др. Групата постоеше неколку години по што сите нејзини членови остварија самостојна музичка кариера. Имаа учествувано на Сплитскиот и на Скопскиот Фестивал. Во 1977 год. на Скопскиот Фестивал ја пејат песната Есенска Зора со придружна изведба на фестивалскиот оркестар на ртв Скопје и диригент Александар Џамбазов. Композитор на овој сингл е Славе Димитров.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom