1. Кичо Слабинац - Летај ми летај гулабе
Повеќе ми лежи од втората, дефинитивно.
2. Магдалена Цветковска Ена - На врв и на дно
Би требало да гласам за другата, демек била за мене (не сфаќав зошто велеа дека е така; мал бев кога се појави, но и тогаш мислев дека не е така), ама оваа е подобра и по текст и по аранжман, а и по генералното чувство што го предизвикува. Затоа, гласот за неа.
Бившиот парламентарец во хрватскиот Сабор т.е. Крунослав Кичо Слабинац никогаш не ми бил по ќеиф , иако пред дваесетина години на разни собиранки сме ги пееле неговите евергрини ( Због једне дивне црне жене , Плавуша итн. ) .
Од таа причина гласам за Смат .
Во вториот дуел гласам за Адријан , песна која ја сум ја слушал многу повеќе од песната на Ена .
Не искоментирав ништо кога гласав, но за На врв и на дно на Ена морам да кажам дека за мене беше едно од најпријатните изненадувања кои ги слушнав на македонската музичка сцена во последниве неколку години. Песната не само што е сосема ОК, туку сметам дека е подобра од 99% од тралалјките кои секојдневно се појавуваат кај нас - од музика, преку текст, до аранжман - едно комплетно поп песниче кое се надевам ќе остане да живее.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.