Македонски менталитет

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Малоумност е да не ги почитуваш оние кои немаат општа култура?
 
аман од такви кои плукаат по својот народ и по својата држава :toe:

:helou:
 
По својата држава никој не плука ... плука по својот народ зошто не знае како да се однесува... како сакаш :) :salut:
 
По својата држава никој не плука ... плука по својот народ зошто не знае како да се однесува... како сакаш :) :salut:

со самото плукање по својот народ и ти си од тие малоумните? добро те сватиф? плукањето по својот народ се рачуна во добро однесување?
 
ама не ме разбираш ...
тоа се човечки особини ...
а вие тука ми генерализирате со Македонски менталитет .. дали тогаш и ти спаѓаш во тој менталитет како шо рече сељачки?

Абе човечки особи се да. Кај некој повеќе се согледуваат кај некој не. Ама секој народ си има свој менталитет па така и ние.
И што е тука чудно? Самите си го создаваме и да бе сељаци сме повеќето и јас сум бе.
Еве денес си џвакав мастика ми здосади и од ГТЦ до судката палата во Скопје ја држев во рака да најдам канта и не најдов и ја фрлив на земја. Тоа е тоа. Сепак Македонија е ова си го имаме менталитетот во согласност со државата. Да имаше канти на 10 метри немаше да фрлам на земја.

Ама сепак немој да ми кажеш дека европскиве градови се попрљави од Скопје пример? Тогаш изгледа туристиве се ќорави кога велат дека не им се допаѓа што сме ептен нечисти, ама затоа сме забавни и фини и сите сакаме да се забавуваме.

И да кај нас е кул да се фрлаат хартивчиња и да се рка пред полицајци. Абе гледам луѓе низ град гледаат полицаец и од зад грб фрлаат онака скришно и зјапаат дали ќе ги види цајканот или не и ќе ги казни ли или не. И после цел ден имаат тема на муабет како заебале цајкан и се во ќар 50 евра.
Сељачки работи правиме.

И доволно сум прошетана за да видам дека сме понечисти, прљави, не чекаме ред бог да чува сите брзаме ќе чекам ред во продавница, банка... кога можам фраерски да влезам меѓу ред. Или недај боже да земе некој да руча во тревник сам во парк или на кеј легнат на кебенце, па сите ќе му се згазат од смеење и ќе излезат трачарења дека го избркале од дома.
Еве баш се сетив пред некое време со другарки на доручек одиме во Торос и до нас еден човек сам си седеше и јадеше едно саат два, си ужива, пуши цигара и го погледнавме ние онака знаеш еј сам дреме на маса и он ни се насмевна и ние одма еј луд, види 2 саати сам дреме, педофил е не зјапа :pos:, на крај го слушнавме на мобилен како збори странец си беше, сосема нормално за нив. А ние жени филм направивме :)

Мала држава, народ кој прилично се познава и повеќето сме како јајца слични едни на други сепак.
На форумов сите се правиме фини и културни и се возвишуваме, а сите го имаме оној македонски менталитет за кој сме читале, се зборува за него и ние го негуваме и понатаму се придржуваме кон него
 
Ова плукање т.е посочување на негативните карактеристики на нашиот народ не е малоумност... малоумност е озборувањетоод типот на свадба кој каков подарок донел... си видел металец на улица- види го овај немијаниов... ок ако според тебе ова е малоумност да јас сум малоумна ... свршен чин :)
 
Гледам дека очигледно не сте запознале и не сте се дружиле со повеќе луѓе од различни националности...

Добри и лоши луѓе има секаде, но Македонскиот менталитет има нешто што не прави да си го сакам мојот народ а и да бидеме сакани од други.
Сегашната ситуација на немање доверба во самите себе и лошото мислење е резултат на политиката во изминатите 19 години.

Порано не било така да си знаете.
 
Ништо не му фали на нашиот менталитет; сеуште не сме отуѓени едни од другите што не прави поинакви, топли и срдечни.
Луѓето зборат и озборуваат дека немаат работа, тоа е своевидна ментална гимнастика. Да имаат работа немаше да имаат вишок време за ломотење. Кога другите европјани искрено ќе ве приберат дома за да ве почастат ракија и мезе? Супер ни е земјата, сите сме станати благо нервозни па бараме вина дури и во архетипските вредности.
 
Осим оговарање и можда фаќање врски за казни (овие се више балкански обичаи), другите карактеристики се однесуваат на цел свет (кој не е самобендисан од народите, кој е самокритичен, кој не сака политика во било која земја, кој не сака да безделничи...). Да скратам, ова се типично човечки особини кои ради многу ладните карактери и односи некои земји ги ставиле во слепото црево и ги заборавиле...а ние сме останале луѓе од крв и месо-доказ-сеуште имаме такви особини....и за мене не се негативни повеќе неголи особините на западно и северноевропејците кон кои никад не би се стремел.

Кога другите европјани искрено ќе ве приберат дома за да ве почастат ракија и мезе?
Јеах, у Берлин му гостувавме на еден џерманец (у кафана, дома никако), сите си изброивме по марка-марка и нешто за пиво, ебате домаќините-ситни души. Еднаш у живот му идеш да те части и..топки.
 
Ништо не му фали на нашиот менталитет; сеуште не сме отуѓени едни од другите што не прави поинакви, топли и срдечни.
Луѓето зборат и озборуваат дека немаат работа, тоа е своевидна ментална гимнастика. Да имаат работа немаше да имаат вишок време за ломотење. Кога другите европјани искрено ќе ве приберат дома за да ве почастат ракија и мезе? Супер ни е земјата, сите сме станати благо нервозни па бараме вина дури и во архетипските вредности.
Така е.Европјани немаат време ама ич.
Јас немам време јајца да испржам:uvo:
Срекни се Македонците со тоа темпо на живеење,само што ни фали троа повеќе пари.
А културата стварно ни е на завидно ниво и тоа е она најмногу што ме иритира.


Ах,да во Европа не се оговара,се вика полиција...
 
Највеќе ми пречи кај македонскиот менталитет мада исклучоците го потврдуваат правилото, е што не сме сложни што се ситиме еден на друг, што секој се мисли најумен и затоа вака ни идат работите, ни треба единство, но не врз некоја несуштинска основа туку на пример околу прашањето за човековите права, сите своите права ги бараат де факто да се остварат а основното човеково право на работа е де јуре, па кој работи како се снашол не му е гајле за мнозинството сиромаштија, стечајци, невработени...ни треба единство врз таа основа сите невработени, отпуштени без оправдана причина од работа, стечајци сите да се обединат оти луѓето се посилни кога се заедно отколку поединечно...
 
Море дај 2-3000 евра и више по фамилија па да видиш дали ќе сме вакви. За викенди ќе не нема у Скопјево, јадење пиење да затвориме фино лепо кафана...нема да дремеме (и мрчиме и оговараме и паметосуваме :) ) пред монитор и тв цел ден.

Башка ќе ни се дигне и култура и неплукање и одење в биоскоп и театар, џез...се ќе ни се дигне, само пенези вршат работа за дигање на ваквите надворешни (културни) вредности на човекот.

Или обратно, дај му на високоразвиените европски земји пола година по 2--300 евра месечно...после тоа види му ја културата и менталитетот...ако некој преживее :)
 
некои работи едноставно животот ги прави такви да бидат. сакале или не со некои работи треба да се помириме.како поминуваат години едни генерации заминуваат други генерации доаѓаат. на некои им било „приоритет“ да оговараат на други нешто друго и се така натаму. Се е пролазно се е минливо. се се менува само едноставно за некои работи е потребно време, време измерено во неколку години а некогаш и во децении...
имаме лоши особини, навики, предрасуди и слично но имаме и многу позитивни работи кои за жал многумина од нас не приметуваат или едноставно несакаат да ги приметат. еве ке наведам еден од многуте факти. ние македонците сме многу гостопримлив народ за разлика од другите на пример.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom