ама не ме разбираш ...
тоа се човечки особини ...
а вие тука ми генерализирате со Македонски менталитет .. дали тогаш и ти спаѓаш во тој менталитет како шо рече сељачки?
Абе човечки особи се да. Кај некој повеќе се согледуваат кај некој не. Ама секој народ си има свој менталитет па така и ние.
И што е тука чудно? Самите си го создаваме и да бе сељаци сме повеќето и јас сум бе.
Еве денес си џвакав мастика ми здосади и од ГТЦ до судката палата во Скопје ја држев во рака да најдам канта и не најдов и ја фрлив на земја. Тоа е тоа. Сепак Македонија е ова си го имаме менталитетот во согласност со државата. Да имаше канти на 10 метри немаше да фрлам на земја.
Ама сепак немој да ми кажеш дека европскиве градови се попрљави од Скопје пример? Тогаш изгледа туристиве се ќорави кога велат дека не им се допаѓа што сме ептен нечисти, ама затоа сме забавни и фини и сите сакаме да се забавуваме.
И да кај нас е кул да се фрлаат хартивчиња и да се рка пред полицајци. Абе гледам луѓе низ град гледаат полицаец и од зад грб фрлаат онака скришно и зјапаат дали ќе ги види цајканот или не и ќе ги казни ли или не. И после цел ден имаат тема на муабет како заебале цајкан и се во ќар 50 евра.
Сељачки работи правиме.
И доволно сум прошетана за да видам дека сме понечисти, прљави, не чекаме ред бог да чува сите брзаме ќе чекам ред во продавница, банка... кога можам фраерски да влезам меѓу ред. Или недај боже да земе некој да руча во тревник сам во парк или на кеј легнат на кебенце, па сите ќе му се згазат од смеење и ќе излезат трачарења дека го избркале од дома.
Еве баш се сетив пред некое време со другарки на доручек одиме во Торос и до нас еден човек сам си седеше и јадеше едно саат два, си ужива, пуши цигара и го погледнавме ние онака знаеш еј сам дреме на маса и он ни се насмевна и ние одма еј луд, види 2 саати сам дреме, педофил е не зјапа
, на крај го слушнавме на мобилен како збори странец си беше, сосема нормално за нив. А ние жени филм направивме
Мала држава, народ кој прилично се познава и повеќето сме како јајца слични едни на други сепак.
На форумов сите се правиме фини и културни и се возвишуваме, а сите го имаме оној македонски менталитет за кој сме читале, се зборува за него и ние го негуваме и понатаму се придржуваме кон него