Македонски менталитет

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Ме нервира моментот кога некој е во невоља, а сите други гледаат, снимаат со мобилни, се смеат, ама никој не се осудува да му/и помогне. Па има ли нешто поидиотско од тоа? Глуп народ, со исклучоци нормално!
Народ кој пати од комплекс и ништо повеќе.
 
Интересен менталитет .. можеби и најгостопримлив :раце: ама нема некоја слога баш меѓу нас Македонците ..проклетие-самоуништување... овие другиве менталитети ми се многу роботски :uvo:
 
Оговараме.
Ние „се знаеме“.
Ние сме најпаметна нација.
Се што не спаѓа под „бели христијани“ никој не ги прифаќа.
Сите „надворешно“ сме мајки и татковци Терези, додека пак внатре коваме планови како да му ја убиеме на козата на комшијата.
Првото дете е најбитно.
Второто дете е побитно од најбитното само ако е машко, пошто нели, треба фамилија да се сочува, презиме, едно друго.
Жената треба да биде заврзана за кујната, кујната и само кујната.

Е, ова произлегува од македонскиот менталитет.
Кој патем, постои, и се одразува сериозно на следните генерации, кои тргнале за жал, по надолна скала. Нема да коментирам понатака, затоа што тастатурава од прозор ќе ја фрлам.
 
Немање самокритичност, и да му умре козата на мошијата тоа се битните работи кои бараат менување, со надеж дека остатоците од одредени пост ју ефекти врз менталитетот ќе исчезнат само и од себе бидејќи неможат да функционираат во денешниот систем.
 
Абе кај постариве со таков менталитет и не ми пречат многу некогаш ми се многу интересни.....ама младината со таков менталитет:pop:
 
Една од позитивните работи кај нас како што кажаа погоре е гостопримливоста. За чекање гости и одење по кафани, веселење сме први.

Работи кои што ме нервираат кај нашиот менталитет е задоволувањето со малку, добропознатото на комшијата да му цркне козата, претерувањето со сеирењето, исмевање на сешто и за крај ја оставам неслогата која што се јавува како резултат на овие што и претходеа.
 
која генерализација на македонски менталитет ти се молам ..
као демек овие карактеристики, човечки особини ги немаат други :kesa:
 
Супер тема,браво:wink:.. Она што мене најмногу ми смета,е као што јас го викам македонскиот синдром на самоуништување,и потценување на самиот себе си..сведок сум секојдневно на тоа како ние самите си викаме на себе абе македонче(у превод ситна душа)..цел живот така си викаме за самите себе,па сакаме некој друг да не цени и поштува..први сме да ги критикуваме другите,се нешто не ни се допаѓа,коа друг ќе го прифати од надвор одма и ние го сакаме,не ми се сфиѓа таа несигурност кај народот,немањето верба во себе,секад мислиме дека некој е подобар од нас,паѓаме секогаш на психолошки план коа треба да се одлучи нешто важно,клучно и мн.други работи..секогаш има исклучоци нормално,а и позитивни работи во нашиов менталитет,да не искочи сеа дека сме само негативни,напротив,расположени за уживање 24часа на ден..:wink:
 
Остај македонски ама да видите шо е битолски менталитет :nesum:
 
Остај македонски ама да видите шо е битолски менталитет :nesum:
Пиши де што. Што мислиш за македонски а што за битолски.
Мразам вакви постови, го мрзи да напише подетално ама битно се му смета.
 
Пиши де што. Што мислиш за македонски а што за битолски.
Мразам вакви постови, го мрзи да напише подетално ама битно се му смета.


Неопишлив е поимот,треба да живејш тука за да видиш шо ја гази ова земја :pos2:
 
По мене хардкор андергроунд Македонски менталитет е кога некој ке каже:
Да му умре козата на комшијата.
 
Синтагмата ,,македонски менталитет" е изговор зад кој се кријат личните преференци на субјектот. Не верувам во колективна свест, освен идеолошка.


Холи шит, нема врска со темава, ама морав да кажам дека изгледа како Тупурко (или еве, Ферид Мухиќ) да ти е духовен отец! :))
 
која генерализација на македонски менталитет ти се молам ..
као демек овие карактеристики, човечки особини ги немаат други :kesa:
Најди ги сите овие карактеристики згужвани на вака мало место како Македонија:)

Неопишлив е поимот,треба да живејш тука за да видиш шо ја гази ова земја :pos2:
Ајде ајде, македонче си е македонче. Па какво и да е, со зборови се опишува:) Долови ја сликата на битолскиот менталитет накусо со 2-3 реченици па потоа остави на оние кои не ги знаат битолчани да си претпоставуваат што е главната слика за битолскиот менталитет, а оние кои ги знаат само да се присетат дека и во Битола се истите како и во остатокот од земјава со минимални разлики кои ги има во секое населено место поради географската разместеност:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom