rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
Колку ви пречи, колку го подржувате, колку се придржувате кон нашиот македонски менталитет? Ова последното придржуваме сакале или неќеле да признаеме сите ние всушност го градиме тој менталитет. Ни пречи ама и ние сме еден дел од него, сите ние без исклучоци.
Имаме позитивности, ама преовладуваат негативностите некако.
Први сме за оговарање. Кој со кого бил, што праи комшијата, ќе направиме цел список на пријатели кој со кој се мувал и спиел, што носела таа вчера на искачање и зашто денес пак истото го носи, зашто носи штикли во понеделник ... Никој не гледа што има во свој двор, ама затоа се е запазено што се случува во дворот на комшијата.
Имаме речиси нула на самокритичност. На нас сите други ни се криви. Ние виновни? Ма нееее. Ние сме најдобри и најпаметни, а сите околу нас се спротивното.
Први сме да одиме на кафе, да безделничиме, кај нас кафулињата 24 часа да работат сите ќе имаат 24 часа работа. Нормално мора да се видат луѓево да изоговараат. Иако тука има и една позитивност во нашиот менталитет. Сме комуникативни и сакаме забава. Кај нас има забава 7 дена во неделата. Весело е, расположени сме, сакаме да се дружиме.
Некултурни сме, нецивилизирани, не сакаме да почитуваме законите туку од инат правиме спротивно од нив, а штом не фати чичко полицаец се јавуваме на нашиот пријател полицаец да ја среди казната и потоа ја пцуеме државата и законите што ги донаса кои се сепак европски ама ние сме биле далеку од Европа, не биле тие за нас.
Обожаваме политика, иако викаме дека не. Се се врти околу политиката и околу партиските книшки. 100 години ќе ни треба да го заборавиме Тито и да ја оставиме политиката.
Гостопримливи сме. Тоа е добро. Ама и се што е од странство е фантастично и одлично. А се македонско нормално е заникаде и први сме да го испоплукаме. Кај нас квалитетните луѓе одат надвор, сами си ги бркаме. Па и што да бараат тука кога никој не ги почитува.
Дополнете си и други карактеристики што ве нервираат (а во кои секако имаме удел и самите ние). И дали би се промениле овие карактеристики во брзо време. Јас мислам дека воопшто не сме склони на промени. И што вие би сакале да се промени?
Воедно и што ви се допаѓа од нашиот менталитет? Некои позитивности?