Македонски избор за Евровизија 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Bibo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Единствено ми е криво што изгубив 4 саати од животот, кои никогаш нема да ги вратам назад. :(

Не си единствен(а). :pos2: Сите ги изгубивме тие саати, реално поголем циркуз немало досега оргзанизиран од МТВ.
 
Собра пари од концертот пред недела дена Влатко, па на сите им купи картички со кредит 500че, поделил таму низ маало да гласаат за него и то је то.
 
На твитер можеш да пишеш 140 карактери, па се убив од твитање :pos:

Да бидам искрен на почетокот на неделава аплицирав за акредитација, и заборавив на фестивалов се додека утрово колешката не ме праша за идење таму и јас у несвест, затоа што си ја остаив опремата у канцеларија, а можам да ја земам дури во понеделник :nesvest:
Како и да е, уште пред да почне знаев дека ќе биде фејл и си викам, поарно што не идам.
Зазедов добра позиција и почнав да следам твитер, и супер си поминав.
Како позитивни работи би ги издвоил Зоки Агресор, секоја година се полуд и полуд. Догодина ќе ја засени Лејди Гага со својот настап :)
Највеќе ми се допадна Здравка Мирчевска, пееше во Патници, не знам дали е уште со нив, ама тука настапи соло. Прекрасна изведба, иако песната не и е баш евровизиска. Второто место од жири беше сосема заслужено. Додуша првото беше веќе резервирано.
Добар беше и магионичарот.
Најдобри беа Суперхикс. ЉУТАААА ГАНЏАААААА и нормално ремет шегите на Пеце. Треба да ги пратиме нив на Евросонг, онака директ. Нека си напишат неколку песни, и ќе одбереме една и ќе не претставуваат достојно. Потоа ќе станат светски популарни, како што беше случајот со Атена од Турција. Извонреден бенд за кој се знаело само во Турција, но откако настапија на Еврсонг станаа популарни низ цела Европа.

Фејл моментите... нема да ги набројувам, едноставно премногу беа. Некои кои ми останаа во сеќавање се фонијата на почетокот, се чувствував ко на панк свирка у Вулкан, додуша и таму е подобар звукот. Зоран Мирчевски поарно да си остане до крај на кариера во радио, не е за пред камера.

Ај доста беше, утре на работа ќе хибернирам :(
 
Што и да кажам ќе згрешам...или не! значи изгубив 3 саати од мојот ценет живот! квалитетот на сликата - 0, звук - 0, сцена - 0, пејачи - 0, водители - 0...у исто време зборев на чет на официјалната страна на евровизија и што помислија сите тие странци за Македонија?? 90% од нив мислеа дека треба да се спроведе револуција кај нас како во Либија и Египет. Ми беше срам да коментирам...дел од нив заспаа, не го дочекаа крајот кој го развлекоа на 100 дела небаре мислиш шпанска сапуница е.. еден од странците изјави: ова да не решиле во една вечер да ги соберат сите македонски пејачи и да направат концерт?? богами така изгледаше работава, оној досадниот Мијалковски, Суперхикс, трите плавуши а.к.а (Ф)еминем ... тие луѓе (20.000) сигурно нема да го дадат својот глас за Македонија од причина што фестивалот го прогласија за најлош фестивал од сите земји. Браво МТВ, се надмина себеси - сега од 0 отиде во -3!
 
После се лутат кога фрламе дрвја и камења по ваквите.....:tapp:
Мисли некој дека до нас е проблемот?:toe:
 
Што и да кажам ќе згрешам...или не! значи изгубив 3 саати од мојот ценет живот! квалитетот на сликата - 0, звук - 0, сцена - 0, пејачи - 0, водители - 0...у исто време зборев на чет на официјалната страна на евровизија и што помислија сите тие странци за Македонија?? 90% од нив мислеа дека треба да се спроведе револуција кај нас како во Либија и Египет. Ми беше срам да коментирам...дел од нив заспаа, не го дочекаа крајот кој го развлекоа на 100 дела небаре мислиш шпанска сапуница е.. еден од странците изјави: ова да не решиле во една вечер да ги соберат сите македонски пејачи и да направат концерт?? богами така изгледаше работава, оној досадниот Мијалковски, Суперхикс, трите плавуши а.к.а (Ф)еминем ... тие луѓе (20.000) сигурно нема да го дадат својот глас за Македонија од причина што фестивалот го прогласија за најлош фестивал од сите земји. Браво МТВ, се надмина себеси - сега од 0 отиде во -3! Ја уништивте репутацијата на Македонија!! Грците и Бугарите зајадливо се ситеа и дофрлаа цело време...срамота
 
Кој победи? Не гледав... читнав неколку страни наназад и не ми е јасно дали Суперхикс или Влатко победил?
 
И јас го следев четот на стримот. ОМФГ.... најбројни беа пораките во кои се пишуваше дека на Македонија и е потребна помош.
Пофалби имаше од екои луѓе за Суперхикс, ама па оние навикнати на Џони Логан негодуваа...

Ехх тежок живот евровизиски.

Заборавив да пишам дека Евросонг најреална рецензија има добиено на шоуто Euro Trash у кое се исмеваше се што е лошо на овој континент :)
 
Каков е тој стрим со коментари? Дали може да се видат уште? :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom