Ddime
████████████████████
- Член од
- 18 февруари 2007
- Мислења
- 5.076
- Поени од реакции
- 212
Викенд 10-11-12 Април:
Јужна Кореа: Во „македонското“ дерби во Јужна Кореја, екипата на Сеонгнам на Саша Огненовски го победи Поханг Стилерс на Стевица Ристиќ со 3-1, во 5. коло. За Сеонгнам тоа беше прва победа сезонава и со пет бода и еден меч помалку е на 9. место. Води Чонбук со 10, а Поханг е шести со шест бода.
Извор: www.sportdenes.com
Италија: Горан Пандев со прекрасен волеј веќе во 2. минута ја најави победата на Лацио во големото градско дерби со Рома, со 4-2, во 31. коло. Тоа беше деветтиот гол за струмичанецот сезонава за Лацио. Клубот по победата скокна на 9. место со 44 бода, само четири помалку од последниот тим што е на место за пласман во Евролигата на УЕФА (Рома).
Азербеџан: Македонскиот интернационалец Артим Шаќири му донесе три бода на Карабах на гостувањето кај Салијан, постигнувајќи го вториот гол за својот тим во 87. минута во победата од 2:1. Карабах е петтопласиран на табелата со 38 бода, 12 помалку од лидерот ФК Баку, каде што тренер е поранешниот селектор Ѓоко Хаџиевски. Тимот на Хаџиевски ова коло, исто така, славеше на гости со 2:1 кај Стандард.
Полска: Филип Ивановски ги предводеше фудбалерите на Полонија Варшава кон уште една победа, овој пат од 3-1, на гостувањето против Рух Чорзов. Популарниот Фиќо во 14. минута го отвори резултатот на средбата со ефектен удар од далечина. По четири минути Полонија Варшава постигна уште еден погодок и трите бода беа практично осигурани. Поранешниот фудбалер на младата селекција на Македонија играше до 80. минута, при водство од 2-1, а по средбата доби пофалби од полските медиуми за постојаното трчање низ теренот и враќањето во одбраната, иако станува збор за класичен центарфор.
Ивановски заокружи недела за паметење, откако во вторникот постигна гол против Краковија Краков како потврда на пласманот во полуфиналето од полскиот куп, а изминатиот викенд со погодок му донесе победа на својот тим од 1-0 против Полонија Битом во лигата. Поранешниот играч на Македонија ЃП сега има вкупно 10 гола во првенството и на листата на стрелци се наоѓа на третото место, зад Чинијама (15) од Легија и Брожек (14) од Висла.
Неговиот соиграч Владе Лазаревски ги одигра сите 90 минути по левата страна. Полонија Варшава на четвртото место на табелата има три бода помалку од лидерот Лех Познањ.Панче Ќумбев настапи од 70 минута, кога Легија Варшава водеше со 3-0 во победата од 4-0, против Краковија Краков.
Австрија: Илчо Наумоски со погодок за 1-1 му помогна на Матерсбург да слави со 5-4 во возбудлив натпревар против Алтах и конечно да ја прекине црната серија од 19 натпревари без победа што трае од 23 август.
Робусниот напаѓач на македонската репрезентација израмни во 25. минута, откако одлично прими една топка во противничкиот шеснаесетник и потоа со неодбранлив удар ја смести во противничката мрежа. Наумоски играше до 37 минута, кога при негатива од 1-2 мораше да биде заменет поради грч на ногата. Тој сезонава има 11 погодоци од вкупно 25 настапи за Матерсбург. Гоце Седлоски го одигра целиот натпревар, а Остоја Степановиќ влезе во игра во 76 минута, при водство од 5-3.
Белгија: Игор Митрески го одигра целиот меч за Жерминал Бершот, кој дома загуби од Зулте Варегем со 1-2, во 29. коло во Белгија. Жерминал падна на 12. место со 36 бода, но без опасност од испаѓање.
Германија: Ока Николов го одигра целиот натпревар во Минхен против тимот на Баерн. Сепак, ова беше неславен викенд за нашиот голман, бидејки во неговата мрежа ја наполнија Баварците со четири гола, кој на некој начин се истурија врз Франкфург по големите порази од Волфсбург и Барселона предходно.
Англија: Величе Шумуликоски настапи до 66. минута во поразот на Ипсвич, дома, со 1-3, од Донкастер. До излегувањето на македонскиот репрезентативец резултатот беше 1-1. По 42. коло Ипсвич остана на 56 бода, но падна на 11. место и има 14 бода помалку од тимовите што ќе се пласираат во плејофот.
Србија: Црвена звезда со тренерот Чедомир Јаневски го победи Банат со 3-0 во 25. коло во Србија. За домаќините Иван Тричковски од 65. минута, а кај гостите настапи Милан Стојаноски. Црвена звезда сега е втора со 45 бода. Перица Станчевски за Чукарски го започна натпреварот на гостувањето кај Јавор. Неговиот тим загуби со 2:0, а Станчевски заработи директен црвен катрон во самиот финиш на натпреварот.
Хрватска: Артим Полозани го одигра целиот натпревар за Сесвете, и претрпе тежок пораз на гостински терен Славен Белупо од 5:1, нашиот интернационалец заработи и жолт картон во 17-тата минута. Горан Тодорчев за неговиот Осјек влезе на паузата и го замени Миле Шкорич.
Бугарија: Зоран Балдовалиев го остави во сенка Дарко Тасевски во големата победа на Локомотив Софија од 3-0 на гостувањето кај великанот Левски Софија во супер-дербито на 21. коло. Балдовалиев, иако не постигна гол, одигра феноменално за гостите, а Тасевски во текот на целата средба упати само еден удар за домашните и тоа на крајот од мечот при конечен резултат. Тоа беше најтежок пораз за Левски на домашен терен од било која екипа во последните 23 години. Локомотив Софија со шест победи по ред се искачи на третата позиција, а второпласираниот Левски по овој пораз заостанува четири бода зад лидерот ЦСКА Софија. Зоран Златковски во 86. минута го постигна последниот гол за Вихрен во победата од 4-1 против гостинот Беласица Петрич.
Чешка: Ристе Наумов постигна еден гол, но недоволно за Викторија Жишков дома да ја победи Сигма, која славеше со 2-1, во 23. коло во Чешка. Некогашниот вардарец мрежата ја затресе во 44. минута, за 1-1, но неговите соиграчи од одбраната примија гол во 89. минута. За гостите не настапи Гоце Толески. Викторија остана претпоследна со 15 бода и со мали шанси за опстанок. Сигма, пак, сега има 36 бода и е на 6. место со добри шанси и за второто, оти има три бода помалку од второпласираната Спарта Прага. Во убедливо водство е Славија со 50 бода.
Словачка: Александар Бајевски настапи на целиот меч за Дунајска Стреда, но неговиот тим дома загуби со 1-4 од Спартак Трнава. По 24 кола Дунајска Стреда е на 6. место со 31 бод и е без шанси за висок пласман.
Унгарија: Ниреѓхаза на Ацо Стојков дома загуби со 0-1 од Капошвар, во 21. коло во Унгарија. Ниреѓхаза остана на 26 бода, падна на 14 место, но без опасност од испаѓање.
Романија: Кристијан Кировски го започна натпреварот за Васлуи на гостувањето кај Динамо Букурешт, а неговиот тим забележа пораз од 4:1. Кировски заработи жолт картов во 60минута, а само минута подоцна беше заменет.
Русија: Горан Манзов не се запиша во листата на стрелците, па Том Томск на гости ремизира 0-0 со Кубан Краснодар, во 4. коло во Русија. Том сега има три бода и е на 13. место. Горан Станковски ги одигра само завршните минути за неговиот Сибир во натпреварот против СКА
Израел: Бобан Грнчаров со Макаби Петах Тиква се извади за минатонеделниот пораз и во саботата славеше со 2-1 на гости кај Макаби Нетанја, во 26. коло во Израел. Макаби ПТ сега има 34 бода и е на 6. место.