Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Епа Калиопи е соодветна затоа што се разбира од сценски настап, од начини и техники на пеење и од препознавање на навистина добар глас затоа што поминала низ сите тие фази кога таа била оценувана за време на студирањето на Музичката академија. И не може од тројца само еден да биде музичар.
Најголемиот дел од жирито на Идол во странство (зборам за сериозните, не за Бугарскиот), се музички продуценти кои паралелно со тоа се занимаваат и со останатиот вид на забавување на публиката. Имало и таму вака исклучоци како со Тони што е направено, ама не значи дека такви грешки треба да се прават и кај нас.

--- надополнето ---


Лозаноски излезе во јавност од мак ѕвезди што не го оспорува фактот дека Е музичар.

Во американскиот идол, како судии се имаат појавено и Џеј Ло - која нема баш некој глас, пејачка е, ама нема баш некое соодветно образование музичко, и Пола Абдул која првенствено е танчерка.

Значи не е само да се биде музички поткован со образование, Игор верувај е компетентен затоа што е израснат со музика, татко му е еден од најпознатите диригенти што Македонија ги имала, така што имал од кого и како да учи. Башка Калиопи го гледа гласот и тие компоненти, Игор и Тони ги гледаат и компонентите како харизма, шарм, став - се што е потребно за во шоубизнисот.

А и голем дел од судиите во Идолите низ светов, не биле некои баш со музички академии... :)

Игор е човек кој според мене сосема заслужува да си биде во жирито. :)

А Влатко Лозановски не може вода да му носи на Игор од секој аспект - харизма, ИСКУСТВО ВО ШОУБИЗНИСОТ - што е навистина битно. Он е шоумен, а пејачите во денешно време мораат да бидат и шоумени. А никој подобро од Игор може да оценува во оваа категорија.

И примерот со дечкото и Цесарица... едноставно го осети дека го има тој шмек, му ја позна енергијата - што е исто многу битно. :)
 
Се друго освен музичар. Две песни не прават некого музичар.


И не се две песни. Џамбазов покрај „Ова не е блуз“ има уште еден албум кој беше во лимитед едишн песни испеани на концерт aко не се лажам
ако не и блузот е музика

Освен тоа Џамбазов пишува и текстови

И да се само 2 песни (а не се) пак е подобар од повеќе од половина "естрада" која има и албуми па и академија.

Еве 2 песни од него:

Сеа спореди со кои било други 2 песни од другиве...

И да се надоврзам на Дарк Кинг еве еден текст на Игор


Со што многумина можат вода да му носат, пред многу „музичари“ е светлосни години понапред

За во жириво и те како е компетентен

Кога сме до шоуво жириво ќе го прави и те како интересно, таленти ќе има, а многу и анти таленти, се на се интересно ќе е до крај

Но како ќе заврши победникот не знам, ако е како досегашните џабе му е малтретирањето
 
За да бидеш компетентен за да добро процениш кој има добар глас или не, треба да имаш завршено музичка академија отсек соло пеење.
Во моменталното жири тоа го има Калиопи. Секоја чест за неа. А овие двајцава други се ставени само за заебанции, што и е позитивно и не е, зависи од кој аспект гледаш. За нас е океј како гледачи, но како музичари па и не е баш.
Како и да е, тоа е што е. Ке гледаме и вака, зашто има смеи.
А1 имаат право на реклами 10 мин во 1 саат, а не во 1 саат они 10 мин го даваат шоуто :tapp: Претеризам!
И то е то.
 
реприза кога има да го снимам?

--- надополнето ---

Џици:zver:
еве го Џиџи во друго виде одма ќе го препознаете ,на идолот беше малку пораснат
 
Значи не е само да се биде музички поткован со образование, Игор верувај е компетентен затоа што е израснат со музика, татко му е еден од најпознатите диригенти што Македонија ги имала, така што имал од кого и како да учи. Башка Калиопи го гледа гласот и тие компоненти, Игор и Тони ги гледаат и компонентите како харизма, шарм, став - се што е потребно за во шоубизнисот.
Затоа што татко му бил диригент синот станал музички експерт:nesum:
сузан Боил беше харизматична, шармантна грациозна, гламурозна дама затоа се прослави.:tapp:
 
Затоа што татко му бил диригент синот станал музички експерт:nesum:
сузан Боил беше харизматична, шармантна грациозна, гламурозна дама затоа се прослави.:tapp:


Александар не е само диригент, туку е и композитор. А Игор е музичар, актер, водител, најдобар шоумен воопшто во Македонија. Затоа станал музички експерт за да може да оцени кој знае да пее кој не, неговото искуство го прави тоа.
 
Џабе зборите за Игор, немаме таков човек ко него во Македонија.
Јас не знам кој друг би можел па да се најде во тоа жири кога и онака не гледам некоја бројка на компетентни лица кај нас. Игор покрај тоа што се разбира и знае да ги процени работите, знае да направи вистинско шоу. Ќе биде забавно. Плус многумина отворено признаваат дека ќе гледаат само заради жирито. :)
 
GG беа дел од вчерашно претставените во емисијата.
Имаше некој асален и така. Да видиме дали има поголеми од Џејми Бонд од вчера во некоја од наредните емисии.

Него имаше еден пееше песна у стилот I want to see you smiling back at me(имаше дел вака). Песната ми заличе на Некоја од Брајан Адамс, али неам појма ни од кого ни како се вика.
Барав по нетов ама мало морген ја најдов.
 
Затоа што татко му бил диригент синот станал музички експерт:nesum:
сузан Боил беше харизматична, шармантна грациозна, гламурозна дама затоа се прослави.:tapp:


Кели Кларкосн има тепано на Музички идол во Америка. Има глас, ама не нешто нај нај. Ама има енергија на сцена, харизматична е и прави шоу-а. Не бараат музичар на идол. Да бараа музичар ќе го бараа на Музичка Академија. Треба да имаш глас, ама треба и добро да изгледаш, да знаеш да се движиш на сцена, да имаш енергија и харизма.

А инаку Сузан Бојл, покрај нејзиниот феноменален глас, беше и доста харизматична. Харизмата не е поврзана со убавината инаку....

И овој човек нема завршено Музичка академија, а го има измислено Идолот. Влегол во музичкиот бизнис затоа што татко му бил познат продуцент или нешто така (бил во музичката индустрија)... А ќе повторам го има ИЗМИСЛЕНО музичкиот идол, а НЕМА музичко образование.

409px-Simon_Cowell.jpg
 
Читам и се смеам на коментарите за жирито,абе вас и Тоше покоен да ви го оживеа,тој да беше во жири и него мана ќе му најдевте.
 
Слабооо жири .. не дадоа ни коментар ни критика .. ниту пак совет за понатаму ..
Не биле овие во жири во Охрид, туку Турунџиева и уште некои двајца. Ова беше само монтирано колку да нема различно жири
 
Не биле овие во жири во Охрид, туку Турунџиева и уште некои двајца. Ова беше само монтирано колку да нема различно жири

Кој блам! Сега внимателно изгледав две снимки на YouTube и забележав дека навистина е намонтирано, камерата гледа право во жирито, а кога има кадар кон учесникот (кој гледа накај жирито), камера нема никаде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom