Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Во американскиот идол, како судии се имаат појавено и Џеј Ло - која нема баш некој глас, пејачка е, ама нема баш некое соодветно образование музичко, и Пола Абдул која првенствено е танчерка.Епа Калиопи е соодветна затоа што се разбира од сценски настап, од начини и техники на пеење и од препознавање на навистина добар глас затоа што поминала низ сите тие фази кога таа била оценувана за време на студирањето на Музичката академија. И не може од тројца само еден да биде музичар.
Најголемиот дел од жирито на Идол во странство (зборам за сериозните, не за Бугарскиот), се музички продуценти кои паралелно со тоа се занимаваат и со останатиот вид на забавување на публиката. Имало и таму вака исклучоци како со Тони што е направено, ама не значи дека такви грешки треба да се прават и кај нас.
--- надополнето ---
Лозаноски излезе во јавност од мак ѕвезди што не го оспорува фактот дека Е музичар.
Значи не е само да се биде музички поткован со образование, Игор верувај е компетентен затоа што е израснат со музика, татко му е еден од најпознатите диригенти што Македонија ги имала, така што имал од кого и како да учи. Башка Калиопи го гледа гласот и тие компоненти, Игор и Тони ги гледаат и компонентите како харизма, шарм, став - се што е потребно за во шоубизнисот.
А и голем дел од судиите во Идолите низ светов, не биле некои баш со музички академии...
Игор е човек кој според мене сосема заслужува да си биде во жирито.
А Влатко Лозановски не може вода да му носи на Игор од секој аспект - харизма, ИСКУСТВО ВО ШОУБИЗНИСОТ - што е навистина битно. Он е шоумен, а пејачите во денешно време мораат да бидат и шоумени. А никој подобро од Игор може да оценува во оваа категорија.
И примерот со дечкото и Цесарица... едноставно го осети дека го има тој шмек, му ја позна енергијата - што е исто многу битно.