Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Го пратев шоуво редовно ама оваа Иванна, лееееееееееј.. кое антипатично суштество само. :nerv: Пластична, нереална, лигава.. Ради неа ми скурчи. Го пратам кога фатам сега, ако е тв-то пуштено на повеќе глас.. инаку памтам уште првиот круг некаде, ептен во очи ми падна оваа со цвикот, пунката малце момичка, Лаура или како и да беше. Навивав за неа, ама гледам отпаднала. Сепак колку и да е аматерско шоуто, имаме таленти. Ај следниот пат подобро, а под тоа мислам други водители. Duuh.
 
Мислиш нa девојката што ја пееше Hurt ? Оваа?



А не, не оваа е од Гостивар, прекрасно испеа. Дури бев скептична кога кажаа која песна ќе ја пее. Викам оваа нормална ли е, ќе се изгуби на сцената, ама ме наежи додека ја слушав.

Мислев на оваа
Однесување - никакво -.-
 
Toa што девојчето е тотално опуштено и на сцена и позади сцена не значи дека однесувањето и е никакво..
 
А не, не оваа е од Гостивар, прекрасно испеа. Дури бев скептична кога кажаа која песна ќе ја пее. Викам оваа нормална ли е, ќе се изгуби на сцената, ама ме наежи додека ја слушав.

Мислев на оваа
Однесување - никакво -.-

И јас го делам твоето мислење за пеењето на девојчево. Биљана е со класа подобра од неа,штета што не влезе.
 
Мислев на оваа
Однесување - никакво -.-

Хахахаха зае*ан лик е Ема, барем така делува. Шо знам, мене ми е баш кул ..

Синоќа ја утна малце Fuckin perfect и мислев дека е готова .. Нооо сепак помина.
 
^ И мене ми е кул девојчето. Јас само за пеењето имав замерка,можеби лош избор,ама сепак помина.
 
Нема однесување, нема став... Штознам, сепак до вкус е работава. На најавата за Биљана кажаа дека не била од богато семејство, можеби затоа и не помина, немаше кој да гласа за неа... Ај да се надеваме дека ќе ја вратат, искрено девојчето е прекрасно. Мене баш ми се допаѓа иако налетав на некои коментари дека била влезена во филм, прчла била... А каква треба да биде? Да биде моронка, да се глупира? Мене ми е совршена за на сцената, мислам и Тони Михајловски така дека рече. И ако уште еднаш слушнам дека ја пеат песнана Mercy ќе се самозапалам или по можност ќе се преселам на друга планета. -.-
 
Најдобар настап според мене :)

 
Абе дајте некој линк ако има да ги видам сите кандидати сеа шо се
 
Aх, место Jулиjaнa требaше дa влези Биљaнa
 
Aх, место Jулиjaнa требaше дa влези Биљaнa
Вторпат ова го читам денеска и не ми се верува..
Вие луѓе вчера гледавте Идол?
Или зборете само така за Билјана бидејќи е повеќе експонирана,па ајде таа подобро пее..Јулијана вчера растури и заслужено влезе во финале.
 
Најубава од сите беше девојката со црвеното фустанче и кадравата коса, сега не знам дали се викаше Јана или Јулијана ама направи топ шоу. Супер испеа, експлодираше на сцена. Најмногу ме нервира Лаура, бидејќи уште кога влезе мислеше дека ќе победи, така се однесуваше.
Од машките мсилам дека Влатко изгледа онака како вистински поп идол. Кул е, опуштен, многу позитивен и секогаш насмеан и кога пее и кога зборува. Од машките ме нервираат Виктор и Денис, мислат дека ја освоиле Македонија со нивниот шарм и малце се влезени во филм. Нико е одличен исто така.
 
Тоа затоа што тебе ти се допаѓа повеќе Биљана?
Крај краеве зошто не гласате бе луѓе?
Вторпат ова го читам денеска и не ми се верува..
Вие луѓе вчера гледавте Идол?
Или зборете само така за Билјана бидејќи е повеќе експонирана,па ајде таа подобро пее..Јулијана вчера растури и заслужено влезе во финале.
Jулиjaнa немa приjaтен глaс, според мене...поголем потенциjaл гледaм во Биљaнa
 
Идол - шоуто у кое талентот и соновите кои ги имаш ќе бидат уништени засекогаш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom