Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Горе доле на крај сепак останаа (според мене) најдобрите. Мики е мислам најкомплетен пејач и дури и да не победи, ќе може после ова да почне кариера.ж

Иван исто така е добар, за мене втор фаворит по Мики, а уште пред 3 - 4 години имаше добар настап на М2, иако не беше меѓу првите.

Дејан ми е некако најнедефиниран, затоа што скоро секогаш на гала вечерите го промашував него и некако не ми е толку харизматичен, така што за мене од овие 3ца е најслаб.

За Виктор сеедно ми е, не пееше лошо, не изгледа лошо, ама не ми беше ни ништо посебно. Единствено му признавам дека знаеше да избере песни, скоро на секоја тематска вечер ги бираше баш тие песни на кои ќе помислев дека ќе ги има.
 
Стварно најубаво пее, ама не ли ти личи на оној Марјан Стојановски? :icon_lol:

Физички потсетува на него,само не дај боже да му прават песни како него „ одам по жица пеам и се смешкам “ :)
Мики од првата гала одскокнува со квалитет,праведно е да победи. Иако оддамна нема лоши.
 
Еве една интересна дискусија што ја најдов на фб.

captur1306339686.png
 
Баш сабајле прашав. Во право си фамилијата му е просечна но имал спонзори од Радовиш и тоа неколку кој гласат за него. ЕНД

Аха, пошто Радовиш е поголем од Битола, а? Си бил во Радовиш? Има села во македонија што се поголеми од Радовиш. Па и да гласаат сите, малце се.
 
:nesvest::jaj: Не ставиле кредит , греота :nesvest::jaj:
What??? :uvo:


Иначе, само што заврши "Еден на еден" со Жаре, каде што гости беа Виктор и Јана и се потврди тоа што го зборам цело време на форумот - дека Виктор НЕ е арогантна личност како што мислат повеќето. СИТЕ останати идоли го потврдија тоа, а и самиот Жаре си заклучи по разговорот со него. Всушност бил многу смирен тип, многу самокритичен, не се замарал со глупости, ретко кој можел да го изнервира... Типот си беше искрен за се', ништо не криеше, ништо не рече лошо... Дискутираше баш како што доликува на 20 годишен дечко.

Исто така се потврдија и трачевите околу Билјана и Иван, со тоа што кога биле во Словенија, Виктор и Јана биле приморани да спијат во иста соба затоа што нивните цимери (Билјана и Иван) одлучиле да спијат заедно :). А.к.а - Иван го пратил Виктор да спие на местото на Билјана, за оваа да биде цела вечер со Иван.

Кажаа и уште една интересна работа, дека по излегувањето на Виктор спласнала популарноста на останатите 3ца идоли на прошетките низ државава. Т.е., немало веќе толку фанови и врискање како што имаше кога он беше во шоуто.
 
Аха, пошто Радовиш е поголем од Битола, а? Си бил во Радовиш? Има села во македонија што се поголеми од Радовиш. Па и да гласаат сите, малце се.

Злато не ме разбираш,во Радовиш има неколку поголеми фирми и тие му се спонзори и гласат за него, и плус народот што гласа. :smir:

--- надополнето ---

Извинете за ОффТопик али еве како треба да звучи женско за да флези во финале.
 
Злато не ме разбираш,во Радовиш има неколку поголеми фирми и тие му се спонзори и гласат за него, и плус народот што гласа. :smir:

А во Битола нема големи фирми?
 
^ Некои сакат да помогнат,некои не.
 
По се` изгледа во финале ќе пеат по 3 песни..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom