Македонски Идол

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Што бе им снемало кредит на 13 годишнине девојчиња и испаднал Виктор ? :nesum:
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
614
Поени од реакции
410
По ниедна логика не ми иде Виктор што испадна...

1. На сите гали испеа подобро од Дејан
2. Поубав глас има, иако Дејан има прилично уникатен глас и може да имитира повеќе изведувачи
3. Поубав е и има поасална фаца за идол (всушност нај-фаца беше за идол)
4. Имаше фанови повеќе од сите останати кандидати заедно (не само од машките туку и женските)

Е сеа, ако се знае дека во понеделник ќе се прави големо финале во Метрополис, и дека А1 ќе продаваат карти за концертот - очигледно ќе имаат слаб профит. Виктор им беше и те како сигурна карта за неколку илјади продадени влезници, баш од тие малолетнички што вие толку ги мразите. Не верувам дека некој од хејтерите на форум и фб чиј фаворит е Иван/Мики/Дејан би купиле карта за да идат на ова. А1 ако сакаат да ја наполнат Метрополис ќе мора и те како да поделат гратиси. Пошто го знаете случајот со Влатче и Тони Зен. И двајцата ја наполнија салата, со таа разлика што фановите на Тони Зен КУПИЈА карта :).

И не ве сфаќам вас хејтерите... Не се радувате за тоа што Дејан продолжи, туку за тоа што Виктор испадна. Ко нешто лично да ви згрешил типот...
Eве вака.
Во Македонскиот Идол, ГЛАСОВИТЕ одлучуваат не одлучува жирито,па и Енрике Иглесиас да дојде не значи дека ке победи. Дејан е од богата фамилија,цел Радовиш гласа за него па и очекував да продолжи.

Јана на пример супер си пееше, Лаура исто така, таа Биљана топ... а од овие тројца извини кој пее убаво???? Наместена работа
Стручњак :drk:
Сите 3 машки пеат 100пати подобро од овие 3 што си ги набројала. Ти ако не го гледаш тоа не мора ни да коментираш. Не ги сака публиката и готово,отпаднаа.
Стигна до финале Дејан,гласат за него во Радовиш па и веројатно тој ке победи,кога дотурка до тука и фамилијата и сите од Радовиш ке одат до крај ..

--- надополнето ---

И кога сме кај фаворит,мој фаворит е Иван Раденов-дечкото го има најчистиот глас од сите таму,добро се однесува на сцена иако веке 3та гала има проблем со музиката.Ова некако и чудно ми делува на мене,се тој има проблеми. Првиот пат му згрешија акордот,сега двапати по ред слушалките не му се во ред.
 
Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338

значи другиве не смеат да имаат грешка, а Иван коа не пеел ко шо треба имал проблеми со слушалките?? хмммммм.... ајде да не гледаме пристрасно на работите, искрено , воопшто не ми е важно кој ќе победи, а доколку ни една од девојките според тебе не пеела како што треба, немаше ни да бидат во Гала вечерите... Лани на бугарскиот Идол Тара беше најдобар, и нормално не победи, секогаш е така, па нема да биде исклучок ни оваа година...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јана на пример супер си пееше, Лаура исто така, таа Биљана топ... а од овие тројца извини кој пее убаво???? Наместена работа
Јана ја исфорсираа, не пееше ништо повеќе од просекот, само беше навистина харизматична и позитивна, ама секоја втора девојка на 17 години е таква.
Лаура бе! Ај да кажеше Наталија, ама Лаура? Лаура ама апсолутно не ми се допаѓаше. Два пати ја чув, два пати ми ги распара ушите со фалшовите.
Биљана почна одлично, ама се изгуби, ослабе во квалитетот, последните 3 гали поише фалшираше отколку што пееше.

Девојките беа послаби генерално од машките тоа е неоспорен факт, тоа се виде уште тогаш кога ги избираа 20те финалисти. Девојките потфрлија на заедничките песни што беа Свирете ја Зајди Зајди, додека пак 90 посто од машките беа фантастични со Неправда, така што апсурдно е да се говори дека девојките биле подобри.

Заслужено ќе биде машко Идол, според мене Мики или Иван се сосема во ред и одлични.
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
614
Поени од реакции
410
Не кажав дека несмеат да грешат,али 2 пати Иван уште на почетокот на песните ги вади слушалките и продолжува да пее,еднаш му го грешат акордот и песните продолжува да ги пее фантастично.
 
Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
Не кажав дека несмеат да грешат,али 2 пати Иван уште на почетокот на песните ги вади слушалките и продолжува да пее,еднаш му го грешат акордот и песните продолжува да ги пее фантастично.
тоа е резултат и на свирките, уходан е дечкото, си ја знае работата, за тоа нема муабет, ама не дека и он не грешел, нели?? :smir:
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Не зборите многу за Виктор дека е квалитетен глас не е ништо посебен, провете самите ако познавате било кој на Музичка Академија каде што и тој студира таму. Никаков е.
 
Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
си се разбравме, уживај! :smir:
 
Член од
1 јули 2006
Мислења
853
Поени од реакции
84
Дејан како флезе во финале не знам.
Можеби имам кажано во мој претходен пост, али сакав дечково да испадне уште првата гала кога седеше на столовите. Реков дека најмногу дели и ќе испадне.
За жал само до столовите стигна.
Не знам зошто толку 'хејт' кон него, но тоа е, што да правам.Никако неможам да го забележам него во некоја песна и да ми остане во секавање.
Од секој еден можам да кажам некоја песна што ја извеле, од него, без да одам на јутуб, неможам. А прилично секоја гала ја гледам, со исклучоци.. дали пола дали не, и + добра шема овде/на твитер во меѓувреме.
Не знам како флезе во финале, Виктор каде каде, подобар. Се разбира со спонзорства и такви работи.Сепак, се надевам дека Иван/Мики ќе победи. Еден од нив би бил да кажеме вистински/заслужен 'тајтл' Идол.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Eве вака.
Во Македонскиот Идол, ГЛАСОВИТЕ одлучуваат не одлучува жирито,па и Енрике Иглесиас да дојде не значи дека ке победи. Дејан е од богата фамилија,цел Радовиш гласа за него па и очекував да продолжи.

Стручњак :drk:
Сите 3 машки пеат 100пати подобро од овие 3 што си ги набројала. Ти ако не го гледаш тоа не мора ни да коментираш. Не ги сака публиката и готово,отпаднаа.
Стигна до финале Дејан,гласат за него во Радовиш па и веројатно тој ке победи,кога дотурка до тука и фамилијата и сите од Радовиш ке одат до крај ..
God-dammit човече. На претходните страни пишаа дека фамилијата НЕ му е богата туку просечна, и дека типот работел како келнер во некој кафич каде што поради тоа секој понеделник се собирале луѓе од цел Радовиш да гледаат Идол и да гласаат за него. Ако толку се богати - зошто би работел како келнер и би свирел по кафичи?

значи другиве не смеат да имаат грешка, а Иван коа не пеел ко шо треба имал проблеми со слушалките?? хмммммм.... ајде да не гледаме пристрасно на работите, искрено , воопшто не ми е важно кој ќе победи, а доколку ни една од девојките според тебе не пеела како што треба, немаше ни да бидат во Гала вечерите... Лани на бугарскиот Идол Тара беше најдобар, и нормално не победи, секогаш е така, па нема да биде исклучок ни оваа година...
Девојките беа во гала вечерите затоа што така беа правилата. МОРАШЕ да има најмалку 6 девојки во галите, иако Еми, Јуле и Кате не ги заслужија нивните места во галите. Наместо нив заслужија да влезат Анита, Наталија и Денис. Типот иако немаше којзнае какви вокални способности (иако ми се свиѓеше изведбата на "You Can Leave Your Hat On"), имаше други квалитети кои беа доволни за во идол.

И лани не беше Тара најдобар, туку Соња Мембрено. Другите ни за мал прст не можеа да и' се фатат во пеење, ама за жал немаше доволно гласачи. :toe:

Не зборите многу за Виктор дека е квалитетен глас не е ништо посебен, провете самите ако познавате било кој на Музичка Академија каде што и тој студира таму. Никаков е.
Што да проверуваме, кога Виктор е во "Идол" низ цело шоу (затоа што последен излезе) и имавме прилично многу шанси да видиме како пее (во неколку наврати и како свири). Ти имаш нешто друго да додадеш?
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
614
Поени од реакции
410
God-dammit човече. На претходните страни пишаа дека фамилијата НЕ му е богата туку просечна, и дека типот работел како келнер во некој кафич каде што поради тоа секој понеделник се собирале луѓе од цел Радовиш да гледаат Идол и да гласаат за него. Ако толку се богати - зошто би работел како келнер и би свирел по кафичи?
Баш сабајле прашав. Во право си фамилијата му е просечна но имал спонзори од Радовиш и тоа неколку кој гласат за него. ЕНД
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Тони кон Виктор : за уште неко период сите овие девојчиња ќе станат тинејзерки... Сакате ли од ова поголем коментар?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom